prvo polnenje

  • Креатор на темата Креатор на темата nikle17
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
2 февруари 2014
Мислења
72
Поени од реакции
61
Локација
Kumanovo
Dali uste treba da se polni uredot 24 casa pri prvoto polnenje? jas kako sto znam so novive baterii toa nema potreba?
 
Dali uste treba da se polni uredot 24 casa pri prvoto polnenje? jas kako sto znam so novive baterii toa nema potreba?
Нема потреба, стави ја батеријата и одма стави го да се полни. Откако ќе се наполни до 100%, извади го од пуњач и извади му ја маста :)
 
Dali uste treba da se polni uredot 24 casa pri prvoto polnenje? jas kako sto znam so novive baterii toa nema potreba?
И јас мислам така, порано постарите требаше да се полнат 24 часа сега нe. Исто така се препорачува да се полни секогаш кога имаш можност, т.е да не се остава батеријата да се испарзни скроз, a исто така не мора т.е препорачливо е да не се полни ни до 100%
 
Штета што информираноста на вработените по салоните низ мобилниве оператори е нула, па сеуште го убедуваат народот да го полнат телефонот цел ден, и само после првите три полнења капацитетот на батариите магично ќе се зголеми:facepalm:
 
Тие батерии што се полнеа 24 часа (Ni-Cd технологија на батерии) ги нема повеќе од 10 години по мобилниве, ама кај нас сеуште важи тоа глупо правило да се полнеле батериите по 24 часа. Што е најлошо 90% од лугево што ги познавам, неможам да ги разубедам дека батеријата доволно е да се наполни до 100% и тоа е тоа.:tapp:
Ми остана во сеќавање еден продавач кој ме убедуваше дека батеријата морала да се полни 24 часа вп првите три полнења бидејќи тогаш таа се форматирала, а форматирањето го зголемувало капацитетот на батеријата. Ја го гледав продавачов додека ми ги збореше овие ствари и си мислев во себе: Што е ова, батерија или хард диск па да мора да се форматира :pos:
 
Батерија на штотуку купен уред обично е полна околу 70%.
Испразни ја првин, па наполни ја скроз.
После ова најдобро е да не се празни под 20 и полни над 80%.
 
Батерија на штотуку купен уред обично е полна околу 70%.
Испразни ја првин, па наполни ја скроз.
После ова најдобро е да не се празни под 20 и полни над 80%.
Јас само пазам батеријата да не се испразни испод 15%, а иначе стално ја пунам до 100%. Батерииве ми траат со години (литиумските) и покрај тоа што вака ги полнам. Треба да се избегава да се полни над 80% само ако батеријата загрева многу кога полнењето е при крај. Старите (Ni-MH) батерии ми се загреваа многу при крајот на пунењето и затоа бидејки ги полнев до 100% ми траеа само по 2-3 години.
 
Батериите на мобилните секогаш ги празнам до крај (да се исклучи телефонот) и полнам до крај и никогаш не сум сменил батерија.

Имам стар (2005/6)htc p3300 батеријата му е како нова.
 
Батерија на штотуку купен уред обично е полна околу 70%.
Испразни ја првин, па наполни ја скроз.
После ова најдобро е да не се празни под 20 и полни над 80%.
Не би рекол, Samsung во нивните manuals викаат (страна 14) прво да се наполни скроз, па после да се користи телефонот.
 
Скроз полнење и скроз празнење го скратува животот на литиум-јонските батерии какви што користиме во денешните телефони, теблети, лаптопи и други модерни уреди. Идално за да животот на батеријата се деградира најбавно, а притоа да не изгубиме во „држење“ при секојдневна употреба е да не се празни под 10'% и да не се полни над 90%.
 
Сето тоа (најчесто) автоматски го прави фирмверот на уредот. Освен ако не станува збор за некоја проста играчка, или сличен уред без „паметна„ контрола на капацитетот на батеријата.
Фирмверот не дозволува да се преполнува батеријата, и го исклучува уредот пред капацитетот да падне под минимум капацитет за безбедна работа.

Значи нема зијан убаво да се наполни батеријата пред користење на уредот, нема зијан ни да се искористи до празнење. Со задршка дека зборуваме за литиумски батерии.

Тоа што е важно, е кога ќе се полни батеријата... да не се прекинува. Дури кога зборуваме (на пример) за телефони, добро е да се исклучи телефонот кога се полни батеријата. Смрт за батериите е тоа „чекај малку да го поднаполнам телефонот„ и муабет и потоа за кратко време пак истото.
Литиумските батерии (а сите други) имаат конечен број на циклуси на полнење/празнење.
 
Тие батерии што се полнеа 24 часа (Ni-Cd технологија на батерии) ги нема повеќе од 10 години по мобилниве, ама кај нас сеуште важи тоа глупо правило да се полнеле батериите по 24 часа. Што е најлошо 90% од лугево што ги познавам, неможам да ги разубедам дека батеријата доволно е да се наполни до 100% и тоа е тоа.:tapp:
Ми остана во сеќавање еден продавач кој ме убедуваше дека батеријата морала да се полни 24 часа вп првите три полнења бидејќи тогаш таа се форматирала, а форматирањето го зголемувало капацитетот на батеријата. Ја го гледав продавачов додека ми ги збореше овие ствари и си мислев во себе: Што е ова, батерија или хард диск па да мора да се форматира :pos:

http://www.androidpolice.com/2015/0...e-repair-selling-placebo-effect-3-play-store/
:pos:
 
Сето тоа (најчесто) автоматски го прави фирмверот на уредот. Освен ако не станува збор за некоја проста играчка, или сличен уред без „паметна„ контрола на капацитетот на батеријата.
Проблемот е во тоа што за да се постигне подолго on-battery време на уредот, некои од производителите ги форсираат батериите да се полнат и празнат повеќе. Со тоа на почеток на експлоатација на уредот батеријата ќе држи, но за брзо ќе се деградира. Притоа полнењето на исфорсираните батерии трае подолго. Затоа оставање простор од 10% горе и долу е пожелно
 
Еден ти вика полни ја од 10 до 90 друг вика изпразни го до крај телефонот па полни го, па друг ќе ти каже не е убаво да го изпразниш до крај, колку е само ова вистина доказ е темава. :tapp::facepalm:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom