Project Ara

Ми се свиѓа идеата, али ако е Андроид ништо не праиме :icon_lol:

Се шалам. Т.е. не баш, ама зависи каде ќе оди софтверот. Во секој случај, дај боже да успее. Customization all the way :X3:
 
Има уште нешто симптоматично кај ваквиот модел. Google најавува посакувана цена од 50$ за основниот модел. Според некои шпекулации ќе биде сличен на моделите пред неколку години. Во што е проблемот? Во тоа што менувањето на модули и правењето на телефонот ваков или онаков ќе додава на цената (без разлика колку ќе биде делот) многу повеќе од 50$. За пола година, година корисниците ќе имаат телефон во рака што лесно може да достигне цена и над 500$, во зависност од желбите на корисникот. Ова е производ со многу скриени трошоци. Дури и почетната цена е сомнителна. Дали сами одлучија дека треба да биде толку цената на моделот, или видоа дека Xiaomi веќе на големо најавува смарт телефон за (замисли исто е) 50$???

bratu ova ti e luksuz...nemoj da baras mercedes so cena na yugo molim te....neznam so glumis ludilo
 
@HoLfElDeR точно партнери. Само што проектот ќе си продолжеше под Phoneblocks, доколку навистина беа партнери. Муабетот ми е дека во денешно време, ако имаш одлична идеја, ќе дојде некој богат и ќе ти ја земе. Ако ти ги даде трошките, супер. Може и без нив да останеш.
Може се договориле уредот да биде под брендот на Google за полесно да се популизира и продава. Ние можеме само да нагаѓаме дали е украдена идејата или се подпишани дебели договори со % од продажба, влез со акции и сл. Колку проектот ќе добиеше во популарност и доверба кон производот доколку се викаше Phoneblocks (кој btw повеќе звучи како опис на уредот неголи бренд)?

За уредот, ваков во оваа форма е за мене лично е непривлечен и изгледа фрагилно, но како новитет го поздравувам. Ќе дојде време се надевам во иднина кога деловите ќе бидат добро инкорпорирани да скоро и не се познаваат линии. Со тек на време ќе се усовршува дизајнот и ќе се додаваат повеќе функции. 10-15 години од сега дизајнот ќе напредне и овој пачворк од видеото ќе ни изгледа како циглине од Nokia и Ericsson со антени.

Добро е да се има визија и правец на развој на технологијата.
 
Не тропајте зелени, она што го замислуваа со Phoneblock не може никако да функционира практично. Демек ќе си купиш плоча со дупки и ќе си редиш модули по желба. Убаво рече Корун, првичната идеја изгледа одлично, но само како концепт. Друга е реалноста.
 
Не тропајте зелени, она што го замислуваа со Phoneblock не може никако да функционира практично. Демек ќе си купиш плоча со дупки и ќе си редиш модули по желба. Убаво рече Корун, првичната идеја изгледа одлично, но само како концепт. Друга е реалноста.
Но не можеш да негираш од кај им е инспирацијата на Гугл. Мене како average consumer одма ме потсети на phonebloks, можда е сосема различен е концептот, не се разбирам до толку, но тоа плочките назад, извади-стави и поентата да се олесни надградувањето на телефонот ми е целосно иста.
 
Модулите се многу лесни за крадење. Одма се вадат.
Вака кога имаш цел тел. можеш да го заклучиш и да му биде бескорисен на крадецот.

Друга ствар е што не верувам дека ќе можат да се борат со конкуренцијата на поле на цена. Можда Ара ќе биде поефтин на долги патеки, со тоа што основата останува, а новите модули го одржуваат телефонот современ, но на краток рок кинеските производители се без конкуренција.

Друг проблем: како ќе му додаваш сензори на телефонот? Со новите модели на телефони доаѓаат и нови сензори. Пред година-две немаше читачи за отпечатоци од прсти. Немаше heart rate sensor-и. Ќе има модули и за тоа? Нема доволно слотови за сите тие модули.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom