Случајот Кранфилд Бизнис Груп Ltd

  • Креатор на темата Креатор на темата ʞönig
  • Време на започнување Време на започнување

ʞönig

Миле... ми текна!
Член од
29 декември 2014
Мислења
131
Поени од реакции
614
Возраст
38
Локација
Elysium Planitia
Фирма од Девствените острови ќе гради леарница во Пробиштип?

Инвеститорот Кранфилд Фаундри ДООЕЛ од Скопје е заинтересиран за изградба на леарница за челик и производство на челични производи на локалитетот Неокази во Пробиштип. Новиот објект од тешката индустрија би се простирал на површина од околу шест хектари, а комплексот би се состоел од административна зграда, хала за топење на челик, машинско одделение, технолошка линија за леење и постројка за подготовка на песок за калапи. Во индустриските зданија со планирана површина од околу 15.000 метри квадратни е предвидено да се топи отпадно железо и челик во две индуктивни печки во халата за топење на челик. Инсталираниот капацитет на фабриката предвидува производство на околу 100.000 тони производи на годишно ниво.

Медиумите, ниту македонската јавност засега не се запознаени со инвеститорите во овој проект. Според информациите што ги објави порталот „Е-магазин“ на почетокот од мај годинава, Кранфилд Фаундри ДООЕЛ од Скопје е основана и вметната во Централниот регистар на Македонија на 5 мај 2014 година, со основачка главнина на друштвото од 100 илјади евра. Компанијата „Кранфилд Бизнис Груп Лимитед“ од Девствените острови е основач на македонската компанија што е заинтересирана за изградба на индустрискиот комплекс од тешката индустрија. За управител на фирмата е назначен Сергеј Кручинин од рускиот град Череповец. За само неколку месеци, новооснованата компанија доставила Известување за намера за спроведување на проектот до општина Пробиштип и до Министерството за животна средина и просторно планирање.
http://www.build.mk/?p=39705

Преку оф-шор мирми започна градењето империи со парите украдени од народот.
Едноставно е. Парите украдени од народот се изнесени надвор, во Панама, Девствените Острови и другите раеви за складирање нечисти пари. Преку вакви фирми, основани во странски егзотични земји, ќе никнуваат „странски инвеститори“ кои во слободните економски зони, со невидени поволности ќе градат фабрики.

На ваков начин, ќе започна создавањето економски империи и богатење на одредени политички моќници, со што ќе си го зацврстуваат своето политичко влијание.

Истражувачкото новинарство во Македонија е убиено, па нема кој да истражи. Форумот Воденица е купен од вмровци и експресно затворен, бидејќи почнааа да истекуваат информации за оф-шор сметки и поврзаност на и со одредени македонски компании. Буревесник е неактивен (цело време го нарекуваа Луди Милојко, за да на крај го бараат за издавање државни тајни).

Светлата се изгасени, владее потполен мрак.
Прекрасна клима да се зафатат со работа.
 
Од Девствените острови директно во Пробиштип

Новата леарница сака да ја гради друштвото за производство, трговија и услуги Кранфилд Фаундри ДООЕЛ Скопје. Со капитал од 100.000 евра друштвото е формирано во април 2014 или четири месеци пред изработката на документот за намара за градење на леарницата. Сопствeник е фирма регистрирана во рајот за оф шор компании, Девствени острови. Седиштето на компанијата Кранфилд бизнис груп лимитед е улицата Тридент чамбер, на поштенски фах, каде има регистрирано повеќе други компании. Веројатно, седиште на адвокатска канцеларија, која работи на регистрација на фирми. Интересно е дека адресата на странската компанија Роанд таун тортола, стои и во тековната состојба на Метрудхем, фирма која сакаше да ја рестарира велешка Топилница. Велешките екологисти не успееја да докажат дека пробиштипјанецот Чедо Петров и Жанко Чадо, стојат зад Метрудхем. Петров успеа да го добие спорот против новинар за вакво тврдење изнесено на прес конференција.

Новата компанија Кранфилд Фаундри која сака да ја гради леарницата во Пробиштип е управувана од Сергеј Кручинин со адресата во Руската Федерација. Кручинин е со овластување управител - административен менаџер. Во документот со намера како лице за контакт е поставен Дариус Џуба, главен менаџер за операции. Кога ќе се пребара на интернет, може да се најде податок дека Кручинин и Џуба во исто време (2009-2010 година) се магистранти на Кранфилд универзитетот - училиште за менаџмент во Велика Британија. На мрежата Линкедин, на својот профил Џуба за себе напишал дека е специјалист за стратешки процеси во мултинационални организации. Неговиот сегашен работодавач Сергеј Кручинин, му дава препорака на Џуба, откако му помогнал да идентификува редица проблеми во неговата компанија. Пред доаѓањето во Макеоднија, Џуба работел во Лихтенштајн.
Сегеј Кручинин за себе напишал дека е специјализиран во маркетингот. Претходно работел во руската копманија за достава на продукти Уконос, како заменик шеф на маркетинг и регионален менаџер за административниот регион Москва.

Според ова, што во бизнисот со леарница бараат еден менаџер и еден маркетинг специјалист? Џуба во документот со намера ставил мејл од cranfield-bg.com, меѓутоа, кога ќе се пребара сајтот, се добива извествување дека е грешка.
Компанијата Кранфилд од Министерството за екологија побара и на 14-ти октомври 2014 год., добила решение за утврдување на потребата од оцена на влијанието врз животна средина на лаерницата.

Од Министерството објаснија дека ова значи зелено светло за изработка на студија, преку која ќе се видат последиците врз здравјето на луѓето и животната средина што ќе ги остава леарницата. Ова е клучен документ, на кој треба да работи некои од признатите ексерти од списокот на Министерството за животна средина. Потоа овој документ ќе биде јавно објавен во медиумите и на сајтот на Министерстството, по што ќе следи јавна расправа. По расправата, се вградуваат сите забелешки и коментари, по што Министерството одлучува дали ќе се гради објектот или не.
Ненад Коциќ, фронтменот на Зелената каолиција во Велес предупредува дека е можно влијание врз оној кој ќе је работи студијата, односно да не се земат комплетно во предвид реалните параметри.

-Наивно изработената еколошка студија за рестартирање на велешката Топилница нарачана од Метрудхем, го спаси Велес од ново загадување, рече Коциќ, кој се посомнева дека исти круг на луѓе во Македонија во различни делови на државата се обидуваат да инсталираат ваков капацитет.

Општината Пробиштип тргна во обезбедување на основните услови за новата технолошка зона во Ноекази. На последната седница на Советот, усвоена е одлука за изградба на водовод, канализација и пречистителна станица за отпадни води.

Градоначалникот Тони Тоневски потврди дека се преговора со неколку заинтересирани инвеститори меѓу кои и таа со леарницата. Демантираше дека ќе има топење на примарни метали, туку само лиење на некои легури, од кои се изработуваат делови за авомобилската индустрија.

„Инвеститорот има најсовремена опрема и не станува збор за загадување. Таква слична фабрика има во центарот на Брно, во Чешка. Јас како градоначалник ќе бидам прв којшто ќе се бори против загадувањето, односно ќе бидам против доколку оценам дека има какви било можности за дополнително загадување во општина Пробиштип, бидејќи за мене како градоначалник , верувам и за сите граѓани на општината Пробиштип, многу важен е економксиот развој, да се отворат нови работни места, меѓутоа, најважно од се е здравјето на луѓето и заштита на животната средина", изјави Тоневски.

Според него, засега се водат само преговори за локација и нема никаков официјален документ на кој би се повикале и би можеле точно да одговорат за што точно се работи.
Документот со намера за градење на леарницата со точна локација во зоната Неокази, е објавена на интернет страницата на општината Пробиштип, со која раководи Тоневски.
http://iris.mk/index.php/vesti/lokalnivesti/11678-2014-12-30-18-29-24[DOUBLEPOST=1420135556][/DOUBLEPOST]Чисто илустративно, за да се има претстава какви врски се создаваат во македонските бизнис-води и што може да се очекува од Кранфилд Бизнис Груп лтд., ќе земам рандом случај со друга фирма - „НВСП“


НОВА | објавено на: 09-12-2014
http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=18&vest=18663

Фирмата НВСП, газда на „Радио Слободна Македонија“ и на „Златен Канал“ - Крива Паланка, е поврзана со високи структури од власта, бизнисмени и лица кои се инволвирани во работата на два високо влијателни провладини веб-портали во Македонија, „Курир“ и „Нетпрес“

Пишуваат: Мери Јордановска, Сашка Цветковска и Владо Апостолов

Жителите, од година во година, сè повеќе ја напуштаат Крива Паланка, но за егзодусот не е виновна само местоположбата на гратчето лоцирано на 15 километри до бугарската граница. Крива Паланка е дел од административниот регион каде што дури 60 отсто од работоспособните не можат да стигнат до чесна заработувачка.

Третина од жителите преживуваат во сиромаштија, бројот на работни места е ограничен, посебно кај приватниците, а културни и забавни содржини речиси и нема.
Меѓутоа, од Крива Паланка до неодамна зрачеше најпрофитабилната локална, односно регионална телевизија „Златен канал“, која, според податоците на Агенцијата за медиуми, во последните две години има најдобар финансиски резултат од сите локални, односно регионални станици.

Сите приходи доаѓале од реклами, а телевизијата не прикажала трошоци за вработени за плати и за придонеси поврзани со дејноста. За содржините на овој канал ни зборуваа и жителите на малиот град.

„На вестите постојано го гледаме градоначалникот. Мислам дека само на временската прогноза се нема појавено“, на шега вели жител на Крива Паланка.
Нашето истражување покажа дека откако овој медиум го купува компанијата НВСП (која е сопственик и на провладиното Радио Слободна Македонија), кај телевизијата вртоглаво почнуваат да растат приходите. Радиото Слободна Македонија, пак, само за 20 дена успева да оствари приходи од 240.000 евра!

Истражувавме која е ова компанија, кои бизнис и политички моќници се кријат зад неа и кој е нејзиниот интерес да откупува локален медиум што регистрирал загуби.

За пет илјади евра продал телевизија што носи 150.000 евра

Кусо навраќање во историјата на оваа телевизија покажува дека прв газда на „Златен канал“, инаку отворена во 2008 година, е извесен Златко Костадинов. Откако ја отворил телевизијата, таа две години работeла со загуби. Ако се разгледаат извештаите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, се гледа дека „Златен канал“ редовно е на листата медиуми со негативен финансиски резултат на крајот од годината.

2008_1.jpg

2009_1%20(1).jpg


Но, во 2010 година се случува пресвртот. Телевизијата добива нов газда – за 5.200 евра, Костадинов ја продава телевизијата на скопската фирма НВСП.

nvsp%20-%20prenesuvanje%20udel1.jpg


Во наредните години почнуваат да растат и профитите. Агенцијата за медиуми нема податоци за финансиската состојба на „Златен канал“ за 2010 и за 2011 година, но од податоците за годините што следат се гледа дека на локалната телевизија ѝ оди повеќе од добро.

Во 2012 година, овој медиум станува локална телевизија со најдобар финансиски резултат. Според податоците од Агенцијата, таа прикажува добивка од 2 милиони денари, или околу 35 илјади евра.

2012_1.jpg


Веќе следната, 2013 година, нејзината добивка е четирипати повисока – „Златен канал“ прикажува добивка од 11 милиони денари, или повеќе од 120 илјади евра.

2013_1.jpg


Истата 2013 година, оваа телевизија се јавува и на списокот донатори од локалните избори на владејачката ВМРО-ДПМНЕ со 2.452 евра.

Во прилог на високата добивка на „Златен канал“ за 2013 година оди и добивањето на регионалната концесија, па телевизијата почнува да зрачи на поголема територија, односно го добива и Куманово, каде што се сели седиштето, кое претходно е во Крива Паланка. Во моментов, новинарите од Крива Паланка или патуваат во Куманово или работат како дописници од Паланка. Во меѓувреме, медиумот добива и ново име – К3 телевизија.

Инаку, Куманово, општината каде што се сели оваа регионална телевизија е една од четирите општини во Македонија каде што власта ја има опозицијата.

НВСП ЗНАЕ КАКО СЕ ПРАВИ ПРОФИТ

Фирмата НВСП, сопственикот на „Златен канал“ (сегашна К3), која ја носи оваа телевизија во финансиска добивка, не е позната за пошироката јавност.

Направивме профил на ова друштво за консалтинг, кое се занимава со безброј дејности – преку советувања до медијации, адвокатски услуги, до обезбедување резиденции и простории, дистрибутер на мобилни телефони, а подоцна и сопственик на медиуми.

Приоритетна дејност на НВСП е трговијата на големо со електронска и со телекомуникациска опрема, а поседува и одобрение за вршење промет со оружје, муниција и делови за оружје издадено од Министерството за внатрешни работи. На нивната веб-страница ги пишува сите активности со кои се занимава оваа компанија, но никаде не се спомнува нивната пенетрација во медиумскиот бизнис.

Документите од Централниот регистар говорат дека НВСП е газда и на провладиното Радио Слободна Македонија, кое почна со работа на 11 декември 2013 година.

Читателите веќе знаат дека Радио Слободна Македонија е медиумот од каде што свои емисии имаат или имале водителот од Канал 5 телевизија Миленко Неделковски, авторот на „Јади бурек“ -Јанко Илковски, поранешниот вицепремиер Ивица Боцевски и уредничките во ТВ Сител Славица Арсова-Спасовски и Наташа Мерсовска.

Но, она што малкумина го знаат е дека откако НВСП го купува ова радио, на чија фреквенција претходно зрачеше радиото „Равел“, за само 20 дена прави приходи од речиси 240.000 евра или по 12.000 евра дневно!

u043Fu0440u0438u0445u043Eu0434u0438%20u0440u0441u043C.jpg


Редакцијата на радиото се наоѓа во истата зграда, но на различен кат со неделникот и со порталот „Република“. Тоа е објект кој е сместен веднаш спроти владината зграда на булеварот Илинденска.

Фирмата НВСП, сопственик на кумановската К3 телевизија (поранешен „Златен канал“) и на Радио Слободна Македонија е формирана во далечната 2006 година и нејзин сопственик е скопјанецотВладислав Стајковиќ.

Стајковиќ не е лице од насловните страници, меѓутоа скопскиот естаблишмент добро ги знае неговите релации со луѓето од високите структури во власта и со бизнис-круговите од главниот град.

Тој во моментов е директор на фирмата „Мобико“, каде што газдува Жарко Луковски.

Луковски, освен што е главен-извршен директор на Т-мобиле Македонија, приватно е близок пријател и од неодамна кумашин на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков.
Шефот на тајната полиција беше кум на свадбата на Луковски со неговата избраничка годинава.

FOTO.jpg

Фотографијата е преземена од дневниот весник „Вест“

Стајковиќ се поврзува и со Државна видеолотарија, новата заедничка фирма на македонската Државна лотарија и на австриската Касинос Аустриа, преку која ќе се организира видeолотаријата што неодамна ја најави Владата.
Токму Стајковиќ е член и на Надзорниот одбор на видеолотаријата со која управува познатиот скопски бизнисмен Дане Кузмановски.
Јунаков на оваа приказна има и интересно бизнис-минато. Владислав Стајковиќ, преку НВСП, бил и првиот газда на фирмата за обезбедување имот и лица, популарната СГС, а бил првиот газда и на скопската компанија „Финзи“, која денес под свое го има интернет-порталот „Нетпрес“, еден од најгласните провладини медиуми.



Се обидовме да стапиме во контакт со Стајковиќ, но нашите обиди беа залудни. Разговаравме соХристијан Панев, директор на НВСП, и го прашавме од кои причини компанијата се вклучува во медиумскиот бизнис и колку има инвестирано.
„За тоа ќе мора да разговарате со сопственикот. Дајте ми го вашиот број, ќе му пренесам да ве побара“, ни рече Панев.

Такво нешто не се случи. Прашања поставивме и преку електронска пошта до НВСП, но не ни беше одговорено.

И КУРИРИТЕ БИЛЕ ДЕЛ ОД ТЕЛЕВИЗИЈАТА

Да се вратиме на кумановската телевизија К3 и на нејзината историја како „Златен канал“ од Крива Паланка. Интересно е дека во 2011 година, директор на „Златен канал“ станал скопјанецот Ацо Мисајловски, а годинава заминува од таа позиција.
Колку за потсетување, Мисајловски е човекот што го раководи провладиниот портал „Курир“.

Тој е директор на „Ем медиа“, фирмата која директно и индиректно е поврзана со повеќе информативни портали во Македонија што редовно ги фалат политиките на власта.
Ацо Мисајловски можеби не е толку познат за јавноста, но затоа неговиот брат е познат во политичките кругови. Станува збор за Владо Мисајловски, државен секретар во Министерството за транспорт и врски, поранешен државен секретар во Министерството за надворешни работи и поранешен претседател на младинскиот општински огранок во местото Ѓорче Петров во ВМРО-ДПМНЕ.

Мисајловски директорувал со „Златен канал“ 3 години, а годинава на неговото место е поставена извесна Елена Михајловска.
Со или без Мисајловски, оваа телевизија засега не може да се пожали на неуспеси. Според она што стои на владината веб-страница, таа е една од миленичките на власта за пласирање на владините реклами. Заедно со шесте телевизии со тазе газди, купени во ист ден, за кои веќе пишувавме, „Златен канал“ е еден од регионалните медиуми со најмногу емитувања на владини реклами во 2013 и во 2014 година.

reklami%20zlaten%20kanal.jpg


Додека го завршуваме овој текст, на фејсбук-страницата на „Златен канал“, односно К3 телевизија, се прикачува уште една видеосодржина – ТВ-сторија од ораторските вечери во организација на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ. За денеска, ова е седмата сторија во која се промовираат партиски и владини активности.

Околу 170 илјади жители на регионот Д1, како што Агенцијата ги утврдува границите во кои една регионална телевизија може да зрачи, доколку немаат сателитска програма, немаат ниту многу опции да гледаат нешто поинакво од промоцијата на владините и партиските активности. Од локалните ТВ станици им преостанува уште Сител 2, со седиште во Кратово.

Ако се земе предвид заклучокот од Извештајот за напредок на Македонија, во кој за националните телевизии пишува како „за медиуми под индиректна контрола на власта“, тогаш сѐ поизвесно е дека кратовци, кривопаланчани и кумановци немаат многу опции да прочитаат дека живеат во демографски најзагрозениот регион во државата.
 
Последно уредено:
Не верувам дека ќе градат леарница за челик
Зошто би граделе и кому би му продавале леан челик
Леењето на челик технички не е едноставно, а и нема многу купувачи . Во Македонија во времето на СФРЈ немаше ниту една леарница за челик.
Затоа мислам дека е ова некоја сомнителна работа. Веројатно сакаат да си земат некакви субвенции или поволни кредити и после ќе „ ги снема “или да добијат некаков плац па потоа ќе го „ пренаменат “
 
Половина од инвеститорите се од Девствени острови каде Македонија е прв инвеститор. Тоа е таа взаемна релација на податоци.

И тие новинари што чепкаат не им се пишува ништо арно.
 
Граѓаните на Пробиштип на нозе против изградба на леарница од Девствените острови

Претставници на општината пред неколку месеци најавија дека компанија од Девствените острови планира да гради леарница во близина на Пробиштип каде ќе се топат отпадно железо и челик. Граѓаните се против.


mkd-168626.png

Локацијата за леарницата е на само два километри од отвореното јаловиште на рудникот за олово и цинк Злетово, каде се веќе депонирани 11 милиони кубни метри отровен кадмиум, молибден, бакар и злато, што предизвикува сериозни проблеми со загадувањето. „Земјоделските производи од повеќе од 500 хектари се сметаат за високоризични", се вели во студијата на јапонската агенција Џајка за загаденоста на почвата.

Уште не го решивме овој проблем, а сега некој планира да ни отвори нова топилница. Е, доста е, велат граѓаните на Пробиштип кои деновиве во голем број се потпишуваат на петицијата против реализацијата на овој проект.

На социјалната мрежа Фејсбук веќе се отворени две групи - „Не за челичарница во Пробиштип“ и „Да го спасиме Пробиштип од изградба на челичарница“ преку кои се собираат потписи за петиција против изградбата на леарницата.

„Не сакаме Пробиштип да стане новиот Велес. Да се обединиме и да кажеме не на овој проект кој не е во интерес по здравјето на луѓето, се работи за профит, а кога се во прашање пари одредени луѓе се подготвени на се, а позади оваа приказна за Пробиштип се крие една многу моќна личност од Македонија. Таканаречените инвеститори се само маска... Пробиштипјани разбудете се и не дозволувајте со вас да манипиулираат со наместени „студии“ по разноразна основа“, се повикува во петицијата.

mkd-168624.jpg


„Резултатите од загаденоста на почвата во околината на Пробиштип од јаловиштето од рудникот Злетово се катастрофални. Загаден е и воздухот. Не ни треба нов загадувач“, коментираат граѓаните.

Проектот предвидува изградба на леарница за челик и производство на челични производи во која ќе се топи отпаден челик, негово лиење и производство на челични производи и ќе бидат употребени зелени технологии. Така пишува на известувањето поставено на интернет страницата на општината. Планот е тука за една година да се топат по 100.000 тони отпадно железо и челик во две индуктивни печки. Локацијата за фабриката е во новата индустриска зона „Неокази" на површина од шест хектари.

На 1,5 километри воздушна линија од леарницата се првите куќи од градот.

Во Скопје е веќе регистрирана фирма Кранфилд фаундри ДООЕЛ Скопје со капитал од 100.000 евра. Сопствeник на оваа фирма е компанија регистрирана на Девствените острови.


Општината Пробиштип веќе донесе одлука за одлука за изградба на водовод, канализација и пречистителна станица за отпадни води на индустриската зона.
 
Велес до ден денес јаде отровен зеленчук и овошје, сеуште податоците покажуваат дека е загаден многу над нормала. Потребно било да се забрани производство на ова подрачје.

Не бе прајте им пари ви е гајле, со перените пари, со нашите пари. Инвеститориве. Страшно.
 
Како субрата што инвестираше таке и овие, ова е се перење на пари.
 
Абе комуњари ќе пукнете од мака дека се гради, а не како во времето на Бранко-неранимајко кога се крадеше на велико.
Патем политика е забранета на форумов.
 
Велес до ден денес јаде отровен зеленчук и овошје, сеуште податоците покажуваат дека е загаден многу над нормала. Потребно било да се забрани производство на ова подрачје.

Не бе прајте им пари ви е гајле, со перените пари, со нашите пари. Инвеститориве. Страшно.
Не се замарај ти за Велес, лапај таму виенски вурци. Гледам сите топилничари испоумреа од ракови и леукемии. Народот умре од срцеви и мозочни удари од што останаа без работа, без леб.
Цела Германија, цела Полска е на топилници па никому ништо. Постојат филтри за заштита ама во времето на Бранко немаше никакви закони да ги заузди газдите на Инвестас. Е сега душо не е така, сега законите се многу постегнати, железара како најголема топилница ја зауздија, а не пак да беше велешката топилница. Затоа радувајте се на секоја инвестиција, а не да мелете......
Дај ти прати од таму некој инвеститор дедока мрчиш
 
Не се замарај ти за Велес, лапај таму виенски вурци. Гледам сите топилничари испоумреа од ракови и леукемии. Народот умре од срцеви и мозочни удари од што останаа без работа, без леб.
Цела Германија, цела Полска е на топилници па никому ништо. Постојат филтри за заштита ама во времето на Бранко немаше никакви закони да ги заузди газдите на Инвестас. Е сега душо не е така, сега законите се многу постегнати, железара како најголема топилница ја зауздија, а не пак да беше велешката топилница. Затоа радувајте се на секоја инвестиција, а не да мелете......
Дај ти прати од таму некој инвеститор дедока мрчиш
Жити опинокот шо го носиш не ме цитирај.
 
Кој опинот бре да ви ибам душата гнасна љубоморна, порцеланска и свиларска. Оро игравте кога разбравте дека топилница ја затворија

Oпинок и јакна од скај. Топ си. Прв сељак во град.
 
Македонска офца била најшута и таква ќе си остане, ебана, тепана стрижена...
 
Најбесрамно ги собраа парите од обичниот човек, преку давачки, даноци, задолжителни услуги кој никој не ги барал, казни и слично, во невиден сооднос со платата (плус извадија аванта директно од државата, преку тендери енд шит).
Сега со тие пари градат конц логори, кај што ќе се работи у три смени, по прекрасната логика, која тука ни ја презентираат форумските билборди, а која гласи:
- Боље било каква плата неголи никаква.

Многу јак план - опљачкај ги, а со нивните пари изгради гулаци у кои ќе мораат за будизашто да работат, пошто нели немаат пари (штотуку ги опљачкавме).

Ако еден барем од нив го прочитал статутот на партијата, ќе знаеше дека нигде не пишуе дека таа партија е основана за да се тргува со судбината на народот за лични цели на врхушката.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom