Kaјгич, идеме по улица со мајка ми и ми вика:
- Ај фати ме за рака, страв ми е, се лизга.
Чекај... сериозно?

Дали сериозно бара да се придржи за мене?
Па ја попрво ќе ја утепам, него ли што ќе ја придржам да не падне.
Иначе ме нервираат овие на телевизија, како ги изненадил снегот.
Па недела дена како више има снег, алооо! Неспособни се да го исчистат. Луѓево на месечината се искачија, а некој таму затрупан седи.

Па уште без струја, бе? Па во кое доба живееме?

Замисли нешто полошо да нè снајде, замисли!
Иначе ти честитав Нова година?

Не?

Е па ај, честито.
Иначе знаеш што е најубаво кога си на распуст?

Поима немаш што ден е, а ниту пак те интересира.
