Помош за деца со родители кои имат проблеми со алкохол или ментално пореметување

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Познавам фамилија со три деца од 9, 5 и 3 години. Таткото има проблеми со алкохолот а мајката има некое ментално пореметување и не е способна целосно да се грижи за децата. Поради тоа децата живеат во многу тешки услови. Немат греење, немат дури ни стакла на прозорците, немат ни струја ништо се им е исклучено и никој сеуште не земал одговорност да им помогне. Децата се многу фини поголемиот оди на школо и е супер ученик, луѓето што ги знаат им помагаат со облека, понекогаш по некој оброк но тоа не е доволно. Се зафатив малку со таа тема и ангажирав веќе луѓе да ја скенират фактичката состојба. Мојот план е ваков:

1) Прво и основно ќе се ангажирам да им обезбедам документи за да поднесат за помош за трето дете.
Може ли некој да ми каже, каде можам тие документи да ги поднесам и кои документи се потребни?

2) Како второ сакам да се распрашам дали и жената со оглед на тоа дека е со ментално пореметување има право да зима некаква надокнада од држава?
Дали знаете дели постои таква помош и каде може да се поднесе?

3) Истото важи и за социјална помош.
Каде се поднесува?

4) Во план ми е да се распрашам и за отпишување на долговите што ги имат за комуналии, знам дека законскиот рок за поднесување е поминат но сепак би пробал.
Каде можам да се обратам?

5) Сакам исто да прашам дали има можност за ангажирање на социјален работник кој ќе се грижи и ќе ги надгледува децата од време на време.
Која институција е задолжена за ангажирање на ваков социјален работник и дали воопшто постои ваква институција?

6) Знае ли некој на кој начин во овој случај може да помогне Црвен Крст и дали истите имат канцеларија во Струмица?

7) За реновирање ќе пробам да соберам некоја пара и работна рака од луѓето од околината што ги познавам. Контактирав и едно хуманитарно здружение па ке видиме што ќе излезе.

8) Облека и такви работи планирам да присоберам од луѓето кои ги познавам и мислам дека тоа ќе биде најмал проблем.

Тоа ми е планот па ви бе замолел ако може да ми одговорие на погорните прашања. Исто така супер би било ако се напише по некоја идеа плус како би можело во конкретниот случај да се помогне. Може некој имал веќе слично искуство.
 
За првите 4, ќе се распрашам по некои од луѓево што ги знам што се занимаваат со ова, ќе ти кажам деновиве. За 5то не знам, ама од тоа што сум слушал долги процедури се со социјалните работници, така да не се надевај на инстантна помош. 6то/7мо/8мо/ сигурен сум дека има Црвен Крст, секој поголем град ги има. Сеа каква помош би ти дале не знам. Обично е тешко да ги убедиш во нешто, од лично искуство, знаат многу накурчени да бидат, али сепак пробај се. Барем за облека и такви работи би требало да излезат во пресрет. Само ако планираат да организираат такви хуманитарни акции пред се потребна ти е дозвола од семејството, биди сигурен да го имаш тоа.

За реновирање, ако можеш, дај му доволно публицитет на случајот, локалната самоуправа би требало да излезе во пресрет. Ете Штип неколку месеци наназад веќе им обезбедуваат смештај на социјалните случаеви. Ова е сепак поневеројатната опција. Пробај се со некои од фирмиве за мебел/кујни итн итн. Некои подобри така, што си стојат добро финансиски. Не мора целосно тие да ги покријат трошоците, али 50/50 верувам ќе им биде прифатливо. Можда ќе ги фати со 10к поскапо, али ќе си напраат топ реклама.
 
2) Мислам дека тоа се вика нега и го земаат луѓе кои се во тешка здравствена состојба, а притоа неможат да се грижат за себе. Потребно е преглед од доктор (мислам дека невропсихијатар, кардиолог или интернист) и потврда од него дека жената неможе да се грижи за себе си. Докторот ќе ти каже каде да се упатиш со таа потврда ( мислам дека треба да ја однесеш во општина).

:)
 
Познавам фамилија со три деца од 9, 5 и 3 години. Таткото има проблеми со алкохолот а мајката има некое ментално пореметување и не е способна целосно да се грижи за децата. Поради тоа децата живеат во многу тешки услови. Немат греење, немат дури ни стакла на прозорците, немат ни струја ништо се им е исклучено и никој сеуште не земал одговорност да им помогне. Децата се многу фини поголемиот оди на школо и е супер ученик, луѓето што ги знаат им помагаат со облека, понекогаш по некој оброк но тоа не е доволно. Се зафатив малку со таа тема и ангажирав веќе луѓе да ја скенират фактичката состојба. Мојот план е ваков:

1) Прво и основно ќе се ангажирам да им обезбедам документи за да поднесат за помош за трето дете.
Може ли некој да ми каже, каде можам тие документи да ги поднесам и кои документи се потребни?

2) Како второ сакам да се распрашам дали и жената со оглед на тоа дека е со ментално пореметување има право да зима некаква надокнада од држава?
Дали знаете дели постои таква помош и каде може да се поднесе?

3) Истото важи и за социјална помош.
Каде се поднесува?

4) Во план ми е да се распрашам и за отпишување на долговите што ги имат за комуналии, знам дека законскиот рок за поднесување е поминат но сепак би пробал.
Каде можам да се обратам?

5) Сакам исто да прашам дали има можност за ангажирање на социјален работник кој ќе се грижи и ќе ги надгледува децата од време на време.
Која институција е задолжена за ангажирање на ваков социјален работник и дали воопшто постои ваква институција?

6) Знае ли некој на кој начин во овој случај може да помогне Црвен Крст и дали истите имат канцеларија во Струмица?

7) За реновирање ќе пробам да соберам некоја пара и работна рака од луѓето од околината што ги познавам. Контактирав и едно хуманитарно здружение па ке видиме што ќе излезе.

8) Облека и такви работи планирам да присоберам од луѓето кои ги познавам и мислам дека тоа ќе биде најмал проблем.

Тоа ми е планот па ви бе замолел ако може да ми одговорие на погорните прашања. Исто така супер би било ако се напише по некоја идеа плус како би можело во конкретниот случај да се помогне. Може некој имал веќе слично искуство.

Многу благородно од твоја страна, но не знам дали има трајно решение за оваа ситуација.
Дури и да им се отпишат долговите, дури и да добијат социјална помош (која некогаш е 1000 - 2000 денари месечно), ако таткото ги пие ништо не е направено. Или ако трошоците се неколкупати повисоки од добиената помош. Ќе им се отпишат долговоите на некое време и после оак ќе им исклучат се’.

За точката 2.
Пари за нега добива некој што ќе се грижи за трето лице (мислам дека така се вика: нега за трето лице), ама кој ќе се грижи во оваа ситуација за жената? Таткото?
За жал, бидејќи децата се запоставени, може да се случи родителите да го изгубат родителското право и да бидат однесени во дом за деца без родители (тоа исто така е лоша варијанта, скоро читав какви се условите кај нас) или да бидат посвоени.
Навистина не сум паметна да кажам што е најдобро решение за сите...

Што се однесува за конкретна помош, ти советувам да се обратиш до фирми кои можат да помогнат, не со пари туку со производи. На пример: бараш од некоја фирма која прави прозорци да стави и кај нив. Или мебел.

Облека ќе се собере најмногу. Храна исто, само што на луѓето им треба трајно решение, не може да се очекува дека некој ќе ги храни постојано. Играчки исто (и тоа повеќето ќе бидат вон употреба, т.е. кукла без глава, камионче без тркала итн).

Ти посакувам успех, ама да знаеш дека ќе има кривини на тој пат.
 
Затоа прашав дали има начин социјални работници од време на време да ги посетуват децата? Дали вакви работи воопшто се регулирани? За децата ќе се обидам да се поднесат документи за трето дете така да тие ќе добиват околу 8.500 денари. Плус ќе се распрашам дали следува нешто со оглед на тоа што мајката не е способна да се грижи за нив. Идеално би било да се ополномошти некој кој би се грижел за плаќање на сметките и кој од време на време би се грижел за децата. Ќе се обратам во центарот за социјана грижа и ќе видам што ќе кажат таму.
Искрено јас се надевам дека ќе успееме некако да им помогнеме. И мислам дека ако во социјалното имат слух за проблемот, ако се среди ова со парите за трето дете и отпишувањето на долговите и приклучување на струјата. Се друго ќе се реши некако. Храна и облека знам дека моите сограѓани ќе донират. Малку потешко ќе е за реновирање. Но за тоа веќе се обратив како што кажав на една хуанитарна оганизација во која и самиот сум член па ќе видиме дали ќе се најдат средства и за реновирање.
 
Во ваков случај можеби најдобро би било да разговараш со социјалната служба за вдомување на дечињата во објектот во Скопје Детско село. Таму има многу вакви случаи. Сега може е проблем одвоеноста од родителите али имаат можност за викенд да си дојдат дома. Таму ќе имаат многу подобри услови за нормален детски живот, одколку да почнеш нешто без редовни тековни средства кои секако таткото ќе ги испие.
 
Оваа варијанта мислам дека сепак не е во игран зошто децата особено поголемото кое оди на школо се доста добро интегрирани во околината. Мало место сме луѓето ги познават и сега им помагат но сепак тоа е неорганизирано. Што се однесува до парите за трето дете реков и погоре дека ќе се обидам да издејствувам некој да добие полномошно и парите да ги подига место таткото.
 
Имав сличен пример во комшии и се покажа одлична варијанта за доброто на децата. Сега они се веќе се големи средна школа може и завршуваат идат си ја посетуваат мајката, а од државата сеуште им се финансира школувањето/облека/храна. Лесно се интегрираа таму и пораснаа во прекрасни деца. Во матичното семејство ќе пораснеа во криминалци и курви, гладни и боси.

Размисли уште еднаш за доброто на децата, деца се секаде добро ќе се интегрираат.

Одличен потег патем па пренеси резултати (y)
 
Оваа варијанта мислам дека сепак не е во игран зошто децата особено поголемото кое оди на школо се доста добро интегрирани во околината. Мало место сме луѓето ги познават и сега им помагат но сепак тоа е неорганизирано. Што се однесува до парите за трето дете реков и погоре дека ќе се обидам да издејствувам некој да добие полномошно и парите да ги подига место таткото.

Во мала средина каде што куче се гледа од каква фамилија е, а не човек, тие деца немаат никаква иднина. Не знам дали си запознаен со пректот Детско село. Таму живеат 5-6 деца во една куќа заедно со нивната „мајка“. Таа се грижи за нив буквално како за свои деца. Можеби тие би можеле да бидат и заедно вдомени. Распрашај се за процедурата.
 
Прво би сакал да се извинам за погрешно наведената возрас на децата бидејќи бев и самиот лошо информиран. Значи се работи за деца од 14 години (9 оделение), 11 години (6 оделение) и најмалото има 4,5 години. Така големиот треба полека да се спрема за средно школо. Инаку @langelina во право си дека во мали средини ваквите деца многу често се изложени на мобинг и подценување. Се распрашав околу тоа и добив информации дека не е така. Децата си имат друарчиња и се најнормално интегрирани колку што може да се каже за такви децата. Поголемото оди кај еден мој комшија кој има исто толкаво дете понекогаш му помагат во некој земјоделски работи и за тоа детето добива по некој денар. Правев муабет со една учитека и ја ангажирав да се погрижи малце околу запишувањето во средно школо. Бидејќи сега мислам дека е многу битен период на една огромна одлука која може понадаму да биде добра насока за детето.
Разбав исто дека луѓето од околината доста се трудат да помогнат но проблем се родителите. Пример една пријателка собрала помош во вид на алишта а мајката на децата не сакала да ги земе. Тоа всушност е и најтешкиот момент во приказната.
Вчера биле луге од хуманитарната организација што ги замолев да помогнам и таму затекнале многу тажна слика така да ќе се ангажират да помогнат колку што можат.

На крај сега за сега идеата за детско село сепак би ја оставил како последна варијанта а мислам дека и децата особено поголемото ќе почне лека полека да ги зима работите во свои раце. Затоа многу е важно со тоа дете да се работи , а потенцијал има. Во школото не бил сјаен поминувал со тројка ама и тоа е одлично со оглед дека немат ни струја ни вода ни греење и дека детето скоро никогаш не е дома.
 
Оваа варијанта мислам дека сепак не е во игран зошто децата особено поголемото кое оди на школо се доста добро интегрирани во околината. Мало место сме луѓето ги познават и сега им помагат но сепак тоа е неорганизирано. Што се однесува до парите за трето дете реков и погоре дека ќе се обидам да издејствувам некој да добие полномошно и парите да ги подига место таткото.
_______________
Сите институции ќе се едногласни дека колку и да пие, ако е психички здрав не можеш да му ги погазиш правата, не можеш да му го земеш старателството и она што се однесува на неговиот дом и семејство не можеш да му го раководиш.
Во најдобар случај од социјално (кај што треба да се обратиш за првите точки) ќе го пратат на некое алкохолно одделение по болнициве, за две недели ќе го испишат, една недела нема да пие и се по старо. Може и ќе успееш да извадиш нега на болен - помош што ја зема член на семејството за да помага на некој болен, тоа е тој, нема да ја пишат на друг ако не им е едното дете полнолетно
трето дете се однесува на деца родени од некој датум навака дали го фаќа законот?
Овде зборува искуството - она сос селото е добар предлог, знам семејство со 3 деца родители инвалиди, двете деца им се во институција во скопје, и тие имаат мал инвалидитет, згрижени се за викенди си одат дома. Третото е со нив, иако е таткото тежок инвалид а мајката можеби помалку, се снаоѓаат добро, ама имаат волја за децата. Овде кај тебе тежината е во аклохолот. сепак тој се прашува дали ќе одат децата некаде.
 
Друже браво за ангажирањето твое, се надевам дека ќе успееш во тоа што си го наумил.
Тоа што пробуваш да напраиш не е лесно воопшто, но мислам дека ќе успееш штом веќе си решил да направиш такво големо дело.
За жал не знам точно да ти одговорам на прашањата кој што си ги поставил зашто и јас сум сосема не упатен во тие сегменти.
Мојот совет би ти бил да се консултираш со некој што работи како социјален работник или нешто слично.. да ти ја објасни процедурата за сите тие папирологии, и друго.. штом си почнал да работиш на овој проект, сработи го до крај! Тоа што ќе го направиш е огромно добро дело..тие деца би ти биле вечно благодарни исто така и родителите.
Ако можам некако да ти помогнам на било кој начин, достапен сум за тебе цело време..... било што. Поздрав и држи се цврсто до замислата!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom