Кој е статусот на МПЦ во христијанскиот свет?

  • Креатор на темата Креатор на темата Let 3
  • Време на започнување Време на започнување
Извини но јас имам сосема различно мислење од твоето
Ниту една црква, џамија, синагога и тн не е национална туку е на Господ

За жал, во православниот свет црквите се помесни, „поврзани“ се со народот и со државата, и секако со политиката на државата. Тука ништо ново нема да се каже. Византискиот (рускиот, српскиот, грчкиот, црногорскиот итн.) двоглав орел укажува на поврзаноста на црквата и на државата.
Кај Евреите тоа уште посилно изразено. Милениуми наназад (од Бабилонското ропство) за Евреинот нема разлика вера - национална припадност, ако си Евреин, националната припадност се подразбира(ла) самата по себе.

Кај католиците и кај муслиманите, па и кај други вери е поинаку организирана работата. На пример, папата е претставува врховен верски поглавар на сите католици, каде и да се тие, додека вселенскиот патријарх, е нешто како прв меѓу еднаквите (primus inter pares), иако во одделни православни цркви и нема којзнае какво влијание.
 
баш така, не верувам дека има случај една католичка црква да блокира друга комшиска сродна црква...веројатно имаат судири со протестантските цркви, но не со своите
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom