По што ќе ја паметите 2014 година?

Оваа година заокружив една убава бројка на години за да си ја чукнам главата и да размислам каде одам во животот.....

Од пријателски аспект ,оваа година запознав буквално МНОГУ нови фаци.Една година на форумов пропратена со банови,расправања,казни и запознавања. Прво кајганџии можда едно 5-6 души ако се земе во обзир дека од лани есента сум член.
Запознавање и пречекување на странци оваа година во Македонија колку што немав запознаено за цел живот. Се надевам следнава година ке соберам пари за им ја вратам посетата.

Од деловен аспект :vrtioci:.... На факс со нови сили во нови победи (после 2 ипол годишна пауза),неколку хонорарни работи и некое искуство плус .

Од љубовен аспект , "Колку пари - толку музика ". Апатија,летаргија,многу мала заинтересираност (контактите и пријателствата во прв ред беа). Неколку мувања колку да се избројат на една рака и некоја надеж за 2015 која треба да почнам да ја реализирам :backa:.

Здравјето одлично. Почнав и со трчање оваа година на едно понапорно ниво. Прошетки во природа и рекреација за првпат самоиницијативно годинава. Солидно намалување на количината на алкохол на месечно и годишно ниво.

2-3 книги прочитав, 2-3 филма изгледав( 2та Хобит и третиот рандом), спорт освен свецкото ништо друго не ме задржа пред тв. Концерти и журки ко порачани со време и место за ништо да не пропуштам.

Хороскоповие нешто зборат дека следнава година ке била моја (и за сите со мојот знак) но страв ме фаќа да не испадне ко на Ливерпул. :ojeaa:
 
Оваа година е веројатно најгадниот период што го имам доживеано, а не би рекол дека секогаш ми течело мед и млеко. Лекција, една од оние кои која сите ги знаеме, а никој не сака да им се повторуваат - никакви (евентуални) успеси, достигнувања и постигнувања не надоместуваат загуба на најблизок човек. Се е ветер и магла ако нема со кого да споделите успех, неуспех, какво било доживување и каков било ден.
 
Подобро да не ја паметам и онака нема по што, едно е битно да ја знам како цифра бидејќи често заборавам колку години имам.
 
Немаше некој посебни дешавки за паметење. После 4 години конечно бев на одмор, и тоа 2 :pipi: и тоа е врвот што се однесува на патувања и дешавки.
Многу созреав годинава и мислам дека полека почнувам да си средувам приоритетите во животов. Се оддалечив од некои личности, со некои се зближив, и сфатив дека повеќето од пријателствата во денешно време се од корист. Научив да не се мешам и да не давам свои мислења за некој работи пошо после многу лесно можат истите тие да бидат искористени против мене.
Со факултетот убаво ми тргна, конечно исчистив поголем дел од испитите и прв пат влегувам во сесија со само 1 испит за полагање, конечно :cuc: . И таму добив некоја идеја кон што сакам да се насочам и што ме интересира па се надевам во 2015 дека фокусот ќе ми е само на тоа поле.
На љубовен план, многу подеми и падови, за да за жал последниов месец го достигнеме дното. Единствено тоа ми фрла црна дамка на годинава.
За 2015 имам многу очекувања, многу планови зацртани уште од сега и се надевам дека се ќе оди по планираното.
 
Многу пари напраив оваа година у пицку матер :roker:, изглеа ќе може да се пензионирам млад :gjavol:
 
Подобро да не ја паметам и онака нема по што, едно е битно да ја знам како цифра бидејќи често заборавам колку години имам.
Другар оној што вика дека се беше прекрасно лаже :D, од 8760 часови што една година ти ги нуди секој човек особено во денешно време секој ден губи по 4 часа минимум на компјутер,телефон,телевизија, технологија , тоа ти се 1460 часови годишно време губено на технологија,8 часови минумум во спиење за една година 2929 часови спиење, јадење еден саат на ден минимум 365 саати годишно:D, времето кој го губиме додека стигнуваме за во школо,факултет,работа од 365 денови годишно имаш од нив прилично 200 денови работно значи 200 часови ги губиме годишно патувајќи земајќи предвид дека минмум ни оди час за еден ден одејќи и кога се вратиме за дома . Сега од нив 200 денови работно, тие што се државна работа 200 денови по 8 часови во работа 1600, студентите прилично имаат 140 дена предавања за една учебна година од тие 140 просечно по 3 часови предавања 420 саати на предавања годишно, за учење колку се губи време нема да пресметам тоа е индивидуално а не може да се вика дека е губење време, средношколците 200 дена во школо по што 6 саати 1200 саати годишно во школо, исто времето за тоалет и за одржување на хигиена нема да пресметам :D, прилично губиме 5500 часови во рутина од 8760 годишно,така што не може се да биде кул во текот на годината :D

8760-1460 -2929-365-200-1600= 2211 часови годишно им останува слободно време на тие што работат во државна работа од нив прашање е големо дали сите ги трошат за добри цели,за забава, реалаксирање,дружење и други позитивни работи.

8760-1460-2929-365-200-420= 3386 часови годишно им останува слободно време на студентите

8760-1460-2929-365-200-1200= 2611 часови годично им останува слободно време на средно школците.
 
Позитива:
- Најдов одлична работа, доста платена со само неколку саати работа на ден.
- Запознав многу луѓе, сите испаднаа фер и ниеден не ми згреши, имаше и такви кои што ми помогнаа ептен, исто така запознав и фини луѓе од форумов.
- Ете и тоа се случи, откако ги откажав цигарите, сеа го откажав и алкохолот, само пивото го пијам, ептен чудно, уште не ми се верува.
- Почна да ме фаќа страв и почнав да планирам за во иднина, вајда е ова добра работа па и за тоа ја ставив во позитива.
- Среќа ме пратеше, но не во се, во одредени моменти и работи, али боље ишта него ништа, не се жалам.

Негатива:
- И оваа година не успеав да избегам од државава за време на летниот период, срамота.
- Го забаталив факултетот и не му посветив доволно време, а и нема да му посветам изгледа.
- Полека се оддалечувам од работите што ми беа интересни, ми стануваат едноставни и досадни, а и нема некои возбудливи моменти, како иде сe поглупо и поедноставно е.

За 2015та, е тоа ќе биде key shot година, многу работи зависат од нејзе, па се надевам и се молам да биде добра година, да се реши најголемиот проблем што со години наназад не е решен. А да, ќе заборавев, мора да купам биљард маса годинава, мора.
 
Годинава ќе ја паметам по лоши и добри работи па ќе издвојам по една од нив.
Лоша: Изгубив многу драга личност :place::place::place:
Добра: Го запознав најмилото суштество :love:, само она да го чуствуваше истото кон мене супер ќе беше :pipi:
Следната година се надевам дека ќе ја видам повеќе пати и сакам да си се :backa: цело време.
 
Другар оној што вика дека се беше прекрасно лаже :D, од 8760 часови што една година ти ги нуди секој човек особено во денешно време секој ден губи по 4 часа минимум на компјутер,телефон,телевизија, технологија , тоа ти се 1460 часови годишно време губено на технологија,8 часови минумум во спиење за една година 2929 часови спиење, јадење еден саат на ден минимум 365 саати годишно:D, времето кој го губиме додека стигнуваме за во школо,факултет,работа од 365 денови годишно имаш од нив прилично 200 денови работно значи 200 часови ги губиме годишно патувајќи земајќи предвид дека минмум ни оди час за еден ден одејќи и кога се вратиме за дома . Сега од нив 200 денови работно, тие што се државна работа 200 денови по 8 часови во работа 1600, студентите прилично имаат 140 дена предавања за една учебна година од тие 140 просечно по 3 часови предавања 420 саати на предавања годишно, за учење колку се губи време нема да пресметам тоа е индивидуално а не може да се вика дека е губење време, средношколците 200 дена во школо по што 6 саати 1200 саати годишно во школо, исто времето за тоалет и за одржување на хигиена нема да пресметам :D, прилично губиме 5500 часови во рутина од 8760 годишно,така што не може се да биде кул во текот на годината :D

8760-1460 -2929-365-200-1600= 2211 часови годишно им останува слободно време на тие што работат во државна работа од нив прашање е големо дали сите ги трошат за добри цели,за забава, реалаксирање,дружење и други позитивни работи.

8760-1460-2929-365-200-420= 3386 часови годишно им останува слободно време на студентите

8760-1460-2929-365-200-1200= 2611 часови годично им останува слободно време на средно школците.
Бато пробав пијан да ти го прочитам постот не успеав, трезен па ич.Уште на втора реченица запињам.Таа математика кај мене не успева, јас работам 10 часа и измешани смени зависи на шефовите мои како им е станат така одам.Другите саати ги дремам спијам како зајак во очекување да не ме свикаат да полетам.Кога сум слободен се правам ракета по брза постапка што на нервна база што слабо влага држам од времето.Така да се што поминува кроз недела за викенд го заборавам и така во круг.
 
Јебига и јас не знаев што пишувам, сега кога го прочитам сопствениот коментар се чудам од себеси.
 
Јебига и јас не знаев што пишувам, сега кога го прочитам сопствениот коментар се чудам од себеси.
Кој признава пола му се простува ...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom