Убо‘ си пишува во стихот: Христос им се јавил на сите на кои требало да им се јави: и на Мајка Си, и на мироносиците, и на Марија од Магдала, и на Лука и Клеопа на патот кон селото Емаус, и на Кифа/Петар, а „потоа„ (што значи, по вокресението) и на дванаесетте, што значи и на Матиј, одбраниот Апостол со ждрепка.
Туку, мислата ми беше оваа: Св. Ап. Павле не е дел од дванаесетте Апостоли, туку Павле им се придружува на дванатесетте дури 3 г. по воскресението Христово, по неговата средба со Христа, кога Павле патувал кон Дамаск. Према томе, Св. Ап. Павле не е евангелист па да мора да го запише овосветовниот живот од нашиот Господ, туку Павле е „апостол на незнабожците„, чија улога била да го шири евангелието по Средозмноморските земји и токму затоа Павле има напишано најголем број посланија, во споредна со другите Аподстоли. Така, Павловата ревност кон Законот Мосјсеев, сам Павле ја искористува како ревност кон Законот Господов, проповедајќи кај незнабожците и формирајќи нови Цркви.
Ти благодарам на вниманието.