Македонија ќе добие нов државен грб

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Од готово направивме вересија.
Мува не ги лази овие.
 
Конечно ќе се исправи неправдата кога ќе се врати во употреба тоа што комунистите го тргнаа а на негово место ставија планина,сонце,вода и жито
И не е ексклузивна вест на алфа
 
Значи ли тоа дека Бугарите денес имаат грб со погрешни бои?
Да.
http://bg.wikipedia.org/wiki/Герб_на_Б'лгарија
Ако предлогот се усвои, и ние ќе имаме таков.
Од друга страна, та нели сме един народ...
150px-Bulgariacoat.png
 
Ако ова :
„Со тоа се цели да се истакне и прикаже суверенитетот и интегритетот на државата... Со донесување на овој грб, Македонија ќе се вброи во семејството на европските земји, како земја со европски стремежи, кои се грижат за своето минато, но и за својата иднина, промовирајќи заедништво и врзувајќи се за симбол кој не носи никаква поделба по ниту еден основ во себе, туку напротив создава единство на сите што живеат на овие простори“
е стварно објаснувањето зошто ќе се менува сегашниот грб :
1. Зошто мотив треба да ни биде тоа да не пофали некој од страна дека сме биле во семсјството на европските земји и имаме некакви си европски стремежи ?
Па нели сме суверена држава бе мајку му стара, нели сувереноста значеше дека самостојно донесуваме одлуки ебате.
Ќе кажете „да, суверени сме зошто сами ја донесуваме одлуката“ ама зошто цело време ние треба некому да се докажуваме дека сме држава, дека имаме историја, корени...
Менуваме Устав заради некое копито од надвор да ни рече браво, менуваме грб пак за истото копито да ни рече браво ?!
2. Грбот ќе бил показател дека државата се грижела за минатото и иднината...
А Југославија шо ни беше нас, или и ние како и германците што се срамат да кажат дека Хитлер бил германец, ние ќе бегаме од Југославија како вампир од лук ?
3. Шо испадна сеа дека лошите меѓуетнички односи се зошто сегашниов грб е симбол на поделби ?!
Од кога Шар Планина, Сонцето, Вардар и афионот станале симбол на поделба ?!

Според мене кога веќе се тргна петокраката нема потреба од други промени. Грбот си е добар ваков каков што ни е.
 
Да.
http://bg.wikipedia.org/wiki/Герб_на_Б'лгарија
Ако предлогот се усвои, и ние ќе имаме таков.
Од друга страна, та нели сме един народ...
150px-Bulgariacoat.png
:pos:
Пак од твојот линк...
360px-Coat_of_arms_of_Bulgaria_(version_by_constitution).svg.png 405px-Coat_of_arms_of_Bulgaria_(lesser_version).svg.png

Ете одговор зошто е црвен на жолта позадина. За да не можат некои да спинуваат „един народ“. Не дека тоа ќе ги сопре, ама сепак...
 
Проблемот е што истиот грб со соодветните бои постои како земски грб на Бугарија. Интересно е што бигарскиот ги има боите на македонскиот од средновековието. По правило на хералдика две држави не смеат да имаат ист грб.
Конечно ќе се исправи неправдата кога ќе се врати во употреба тоа што комунистите го тргнаа а на негово место ставија планина,сонце,вода и жито
И не е ексклузивна вест на алфа
Кои комунисти тргнаа? Што тргнаа комунистите? Кој беше грб на Македонија? Македонија како држава не постои, со исклучок на кратките ослободувања во Турско. Немала ни грб, имала земски грб. Тоа е лавот. Плус, во социјализмот никаде нема грб, туку емблем. Погледај ги сите грбови на републиките на СССР или СФРЈ, никаде нема да најдиш.
Грбот си е добар ваков каков што ни е.
Македонија нема грб, има емблем.
 
Со донесување на овој грб, Македонија ќе се вброи во семејството на европските земји....
Значи ете што требало за да бидеме европска земја...
Ах господе, што сме ти згрешиле...?

Инаку ако грбот е предлог на нафатираните од Македонско хералдичко здружение, тогаш ептен ја оплескале работата. Предлогот изгледа евтино. За високи хонорари почнаа у paint да штампаат грбови и за селата, а сега државниот ѝм дошол на ред.
Смешки.

По правило на хералдика две држави не смеат да имаат ист грб.
Нѝ кажуваат нешто вмровците...
 
Македонското маче знае само да мјаука на албанскиот двоглав орел кога ќе прелета над него.

Ова нема теоретски шанси да помине кај албанското малцинство.

Но доколку помине => И ти ли брате Аљи ???

Сам себе го убијал.
 
Абе народе малоумен македонски.Грбот се мени за да се исперат пари.Сега се треба да менуваме ЛК и пасоши возачки дозволи и.т.н. се што е со стариот грб.Сите институции треба да сменат таблите и погодете кој ќе ги добие тендерите.Нема патриотизам или не знам што се е чист бизнис.
 
Све е таман,само остана уште плоштадот во Куманово да му сменат име -Нова Југославија.
 
Абе народе малоумен македонски.Грбот се мени за да се исперат пари.Сега се треба да менуваме ЛК и пасоши возачки дозволи и.т.н. се што е со стариот грб.Сите институции треба да сменат таблите и погодете кој ќе ги добие тендерите.Нема патриотизам или не знам што се е чист бизнис.
Една од поентите што ми помина веднаш низ глава.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom