Македонија ќе добие нов државен грб

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
АЛФА ексклузивно: Македонија ќе добие нов државен грб – еве како ќе изгледа
Македонија ќе добие нов државен грб. Црвен разгневен лав во златно – жолт штит со круна во горниот дел. Ова е предлогот за кој во моментов расправа Владата, ексклузивно дознава Алфа.
05.12.2014 18:05:36
Share on facebookShare on twitterShare on emailShare on printMore Sharing Services0

GRB_05_12_201412517464.jpg

Македонија ќе добие нов државен грб. Црвен разгневен лав во златно – жолт штит со круна во горниот дел. Ова е предлогот за кој во моментов расправа Владата, ексклузивно дознава Алфа. За да се промени симболот потребна е измена на Уставот односно двотретинско и бадентерово мнозинство, кое според нашите извори, веќе е договорено меѓу коалициските партнери.

Причините, кои се образложени во предлогот, се враќање кон историските симболи. Македонија и Белорусија биле единствените земји во Европа кои се уште користат амблеми инспирирани од советска хералдика.

„Сегашниот грб на Република Македонија е во целост дизајниран според грбот на Советскиот Сојуз, според кој беа дизајнирани и грбовите на сите Советски Републики... Задолжителните елементи на сонце, ѕвезда петокрака, житни класје поврзани со лента со народни мотиви, го симболизираа ‘посветлото опшество на комунизмот’ до кое се доаѓа преку трудот на работничката класа и земјоделците“ стои во предлогот.
Новиот дизајн на црвениот лав е базиран на историските грбови, илустрациите на Верланд од 1481 и грбовникот на Бароад од 1581 кој преку стемографиите на Витезовиќ во 1694 и Жерафовиќ во 1741 станал и земски грб на Македонија.

Златно - жолтата круна која е украсена со бисери и рубини треба да го симболизира републиканското уредување на државата.

„Со тоа се цели да се истакне и прикаже суверенитетот и интегритетот на државата... Со донесување на овој грб, Македонија ќе се вброи во семејството на европските земји, како земја со европски стремежи, кои се грижат за своето минато, но и за својата иднина, промовирајќи заедништво и врзувајќи се за симбол кој не носи никаква поделба по ниту еден основ во себе, туку напротив создава единство на сите што живеат на овие простори“ стои во предлогот.

Ова би била втора, овој пат подрастична промена на државниот грб. Првата во 2009-та само ја отстрани црвената петокрака, но во најголем дел го задржа изгледот утврден уште во времето на Југославија.

Никола Крстиќ

http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=86195#.VIHpP_l5OSo


Ова ќе биде новиот грб на Република Македонија

МАКЕДОНИЈА | 05.12.2014 18:10
grb.jpg

Ова е предлогот за новиот грб на Република Македонија, кој вечерва треба да биде усвоен на владина седница, објави „Дневник“.

Според сознанијата на весникот, согласност за грбот со црвен лав дале сите партии кои имаат свои министри во
Владата.

http://republika.mk/?p=355602



Незнам само зошто е црвен лав на жолто а не обратно.
 
Премногу генеричен некако..има игрици во кои што сам можеш да си направиш поубаво лого..

Не го хејтам грбов, ама и моменталниов не е лош, сметам дека е непотребен и ептен потсеќа на една партија..требале негде и ружа да стават на ова.
 
Црвениот лав историски е грб на Бугарија, жолтиот на Македонија.
Друго, ова никако не минува кај македонските Албанци.

Така да, да не се лажеме.
 
Мене повеќе ме интересира да видам која ќе биде цената што ќе ја платат на ДУИ за ова , знам дека стандард, ради шминка и козметика ќе отиде нешто битно и клучно .
 
Последно уредено:
Причините поради кои се менува се безвезе. Македонија била единствена земја која употребувала амблем од советска хералдика, мај ес.
 
Кој црн лав, нека стават некое маче. Кои пи*ди сме, лав на грб. :facepalm: Мислите ќе поверува некој?
 
Само за ориентација стариот историски грб на Македонија.

16393_10152947345536532_3248698915665442812_n.jpg


Лавот си го личи на жолта подлога. Ме интересират причините зошто го свртеле
 
Стариот грб си беше добар. Имаше се што требаше. Пирин планина, ај сега нека е Шара, Вардар, жито, тутун, афион. Афионот пошто скоро го нема, можеше да се стави нешто друго, компир, грав.
Инаку може да помине лево лав, десно црн орел
 
Не е лош, ама мислам дека може да се доработи да биде уште малку подобар. Во секој случај сум за да го смениме постоечкиот. Доволно беше социјалистички грб.
 
Малце боите ги згрешиле како прво.
Како второ ова кај Албанците никогаш нема да пројде.
Дур не му стават црни крила ништо од грбов
 
Само за ориентација стариот историски грб на Македонија.
Лавот си го личи на жолта подлога. Ме интересират причините зошто го свртеле
Од кој период, на која македонска држава е овој грб?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom