Пит Бул (American Pit Bull,APBT)

  • Креатор на темата Креатор на темата Doc Holliday
  • Време на започнување Време на започнување
Читав и по балкански и по странски форуми дека колку ке биде силен угризот зависи исклучиво од анатомијата на вилицата на кучето не од расата. И го прифаќам ова и како мој став. Се разбира сепак голема улога игра и расата на кучето заради анатомијата на самото куче. Иначе околу светски рекордери во угриз имаше интересни податоци. Со години Ротвајлерите го држеле рекордот потоа имало и Питбули кои рушеле рекорди па наводно Боербоелот некој период имал најголеми резултати имаше некоја дилема дека уствари Тибетанскиот мастиф е крал на силниот угриз, но според некој си докажувања Кангалот убедливо била раса со најсилен угриз кои бил рамен на угриз од Лав и Тигар. Еден дечко од Србија мислам, читав како се фалеше дека од сите кучиња што досега ги чувал неговата Бордошка дога досега му била куче со најсилен угриз и најширока вилица. Како и да е ставот дека угризот зависи индивидуално од кучето е сосема на место. :)[DOUBLEPOST=1419886529][/DOUBLEPOST]Ме интересира дали е вистина дека питбулите се лабараториски создадени кучиња и дека им биле вградувани гени од хиена ? (или е само типична теорија на заговор...)
Исто така ме интересира дали Бул Териерот е еднакво борбен, силен и спремен за тие одвратни борби колку и Питбулот ?

Нормално дека не сите ќе имаат еднаков загриз. Многу е битно како се растени и хранети. Тука збориме за некоја златна средина, до која имаат дојдено веројатно преку многу тестирања... Сигурно ќе се најде некое куче кое излегува од „нормалата“. Сепак мислам дека тие би биле повеќе исклучоци :) Анатомијата помеѓу кучиња од иста раса е многу многу слична, така да, тоа некако паѓа во вода. Али, секој може да пише тоа што сака, јас докази немам нигде видено ( не дека сум се интересирала толку многу ). Сите тие тестови што ги прават, може делумно да се преувеличат или намалат бројките, зависно од луѓето кои ги прават тестирањата.... Така да, нема да ти кажам дека тоа што веруваш не е така :D
За тоа второто веќе си доби одговор :)
 
img204.jpg
Од сите Bull раси на сликава фали само уште Пит Бул, за жал го нема, но многу добра е за споредба. Споредба на димензиите и всушност целата збунувачка разлика помеѓу сите овие раси.
 
Прегледај го приврзокот 124797
Од сите Bull раси на сликава фали само уште Пит Бул, за жал го нема, но многу добра е за споредба. Споредба на димензиите и всушност целата збунувачка разлика помеѓу сите овие раси.
Пит Булот е Американски Стафордски Териер ... признаен од FCI ;)

Иста раса ... само со 2 различни имиња.
Американскиот Стафордски Териер е чиста линија на Пит Бул ... со стабилен изглед, и признаен стандард од страна на FCI.

А Пит Булот, не е признаен (од европскиот FCI), затоа што има повеќе вариации во изгледот, не е стандарден ... но затоа Американците си тераат своја политика, и имаат други кинолошки федерации / сојузи / клубови ... каде што е признаен Американскиот Пит Бул Териер како раса, на пример во AKC (American Kennel Club).
 
Lu се согласувам дека Американскиот Стафорд и Питбулот се многу исти, но има мали разлики. Во големината особено. Некако дали ја затупавеа селекцијава дали намерно одат кон тоа одгледувачиве на Стафорд да биде се понизок како Пит Бул не ми е јасно. Убаво се сеќавам порано Стафордите абре некој и дури како Боксер беа високи. И со подолга градба, нешто како стариот Англиски Булдог. Сега се многу идентични со Питбулот.
 
Разликата не е само во висина. Пит бул е подружељубив од стафорд. Пит бул не е чуварско куче, барем не од раѓање. Тој те брани, ако си нападнат, ама не чува двор. Понежни и потолерантни се кон децата од стафордот. Генерално се исти, со мал процент разлика во физикус и карактер.
 
Чува двор,сите во негово опкружување и тоа како а децата док беа мали стално беше покрај нив.
 
Чува двор,сите во негово опкружување и тоа како а децата док беа мали стално беше покрај нив.
Најлесни се за вадење од двор. Само насмевни му се и ќе тргне по тебе. Во комшии имам еден, помило суштество немало. На времето чував 2 добермани и тие беа како персиски мачки. Се зависи од сопственикот, но генерално пит бул е помалку опасен од...на пример ротвајлер.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
Најлесни се за вадење од двор. Само насмевни му се и ќе тргне по тебе. Во комшии имам еден, помило суштество немало. На времето чував 2 добермани и тие беа како персиски мачки. Се зависи од сопственикот, но генерално пит бул е помалку опасен од...на пример ротвајлер.
Зависи како е дресиран.
Имав еден беше како пудлица.
Другиот не даваше до ограда 2 метра да се доближиш и немаше куче што не беше здавено од него.
 
Разликата не е само во висина. Пит бул е подружељубив од стафорд. Пит бул не е чуварско куче, барем не од раѓање. Тој те брани, ако си нападнат, ама не чува двор. Понежни и потолерантни се кон децата од стафордот. Генерално се исти, со мал процент разлика во физикус и карактер.
На Стафордот надимак му е дадилка, така да дека не се толерантни кон деца колку и питот, не е точно.
 
На Стафордот надимак му е дадилка, така да дека не се толерантни кон деца колку и питот, не е точно.
Кој стафорд е дадилка? Американски стафордшир териер или Стафордшир бул териер? Погруб во играта е стафордот. Самото негово движење, угризот, скок кон тело е погрубо од питбул. Питбул не отвара уста, ако нема намера да гризне. Не скока по тебе. Кога се движи како ласица е. Стафордот е покрупен и ги нема тие финеси. Како да споредуваме квадрат и правоаголник.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom