- Член од
- 25 март 2012
- Мислења
- 8.686
- Поени од реакции
- 5.373
Пак според името тоа го викаш? Сериозен си?`Да беше Бљерим ќе сфатев. ама Бранислав (заштитник на славјаните)...
Се гледа де е преварант, не седочеше само сестра му.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Пак според името тоа го викаш? Сериозен си?`Да беше Бљерим ќе сфатев. ама Бранислав (заштитник на славјаните)...
Се гледа де е преварант, не седочеше само сестра му.
Не бе, според сестра му.Пак според името тоа го викаш? Сериозен си?
Не сум сигурен ни јас, можеби е измамник, но не мора да им веруваме на сестрата, сигурно е мажена за македонец, има и деца и не сака да се знае дека има албанско потекло. Не им е лесно, знам.Не бе, според сестра му.
Не сум сигурен ни јас, можеби е измамник, но не мора да им веруваме на сестрата, сигурно е мажена за македонец, има и деца и не сака да се знае дека има албанско потекло. Не им е лесно, знам.
И ти ли си од албанско потекло?Види, јас имам познаници, роднини во Јужна Албанија и немаат врска со овие "православни албанци" овде. Подруго изгледаат и имаат подруг менталитет да не зборувам за имињата.
Овој штом толку се шеткал лево-десно, што очекуваш да биде ?
Не бе, црномурест Острогот.И ти ли си од албанско потекло?
Сериозно прашав, нејсе.Не бе, црномурест Острогот.
АПРИЛСКИОТ ЗЛОСТОР ВО НОВО СЕЛО
ЈАКИМ СИНАДИНОВСКИ БИЛ ЗАРОБЕН ОД БАЛИСТОТ ЏЕМО ХАСА И ПРАТЕН ВО ТИРАНА НА БЕСЕЊЕ
Конвертирање: Во 1943 година Јаким Синадиновски бил заробен од балистот Џемо Хаса и пратен во Тирана на бесење, а во 2014 година син му Бранислав со ОНА најавува Албанска Црква во Македонија!
Пишува Тодор ПЕТРОВ
Бранислав Синадиновски беше во тимот на Љубчо Георгиевски. Коментаров нема за цел негова биографија, таа самиот Бранислав за себе си ја пишува.
Деновиве Бранислав Синадиновски се огласи со изјавата дека е Албанец православен, што предизвика бура од реакции по социјалните мрежи и во јавноста. Побара богослужби на албански јазик во македонските православни цркви и откога САС на МПЦ брзоплето му го удоволи барањето, именуваниот на централната прослава на ДУИ на денот на албанското знаме, се надополни: богослужбите на албански јазик во македонските православни цркви не се решение за Албанците православни, ќе формираме Албанска Православна Црква во Република Македонија!
- Бранислав Синадиновски не е православен Албанец, туку обичен измамник! Ова го потврди неговата родена сестра Лилјана Синадиновска - Андреевска, докторка специјалист по епидемиологија. Синадиновска во изјава за АЛСАТ-М вели дека нема ништо против Албанците, ги почитува како народ, но реагира против злоупотребата на името на семејството за лични политички и финансиски цели на Бранислав Синадиновски. Таа објаснува дека брат ѝ талкал од СДСМ до ВМРО во потрага по позиции, за сега да заврши во ДУИ.
Синадиновска - Андреевска вели дека освен лакомоста за политички позиции, Бранислав Синадиновски се изјаснува како Албанец за да исполни лични финансиски интереси. Тој се обидува да присвои многу семејни имоти преку судски тужби за членовите на неговото семејство, со помош и политичко влијание врз судиите кои одлучуваат за овие предмети.
Инаку, функционерите на ДУИ подолго време го промовираат Бранислав Синадиновски, вклучувајќи го и Али Ахмети, лидерот на партијата. Дури и промоцијата на неговата последна книга со наслов “Православните Албанци во Македонија“ имаше централно место на манифестацијата на 28 ноември годинава - на денот на албанското знаме. Освен оваа книга, Бранислав Синадиновски се појавува како автор и на книга за Хасан Приштина.
Пред да стане близок со ДУИ, Бранислав Синадиновски ја напиша “Златната книга на ВМРО“, претставувајќи се себеси како еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ.
Збор-два и за еден друг Синадиновски, Јаким, таткото на Бранислав. Мавровско-гостиварскиот партизански одред “Кораб“ е партизанска единица на Народно ослободителната и антифашистичка војна и партизанското ослободување на Македонија, формирана во реонот на селото Маврово, во периодот од 30 септември 1942 до 21 мај 1943 година. Единицата била формирана од припадници на народно ослободителното движење од Мавровско и Гостиварско.
Одредот извршил акции во близина на селото Трница и на превојот Буковиќ (1942). На 14 март 1943 година во месноста “Арамиски камен“ на Бистра одредот повторно се активирал. При формирањето тој броел 15, но набрзо се зголемил на 27 борци. Во состав на одредот влегле: Александар Радослављевиќ - Шапо, командант, Том Ѓелај - Шумски, заменик командант, Слободан Пеповски, политички комесар, Чеде Филиповски - Даме, заменик политички комесар, и Злате Малаковски, Душко Поповиќ, Анте Гиноски, Злате Гиноски, Злате Дамјановски, Драге Тодоровски, Трпе Блажевски, Димитар Берберовски, Петре Јовановски, Аризан Несторовски, Русе Дојчиновски, Михаило Тодоровски - Чичо, Илија Антевски - Смок, Саво Марчевски, Боге Велјановски, Јаким Синадиновски, Антигона Туфа, Сина Димитровска, Миле Павловски, Радован Цониќ, Раде Угриновски, Денко Дејановски, Ристо Оџаклиевски и Трифко Андоновски.
Во Мавровско-гостиварскиот партизански одред “Кораб“ е и таткото на Бранислав - Јаким Синадиновски.
На 27 април 1943 година одредот влегол во судир со балистите на Џемо во Ново Село, при што четворица борци биле убиени од балистот Џемо пред селаните Злате Дамјановски, Анте Гиноски, Радован Цониќ и Боге Велјановски, десетмина биле заробени Душко Поповиќ, Илија Антевски - Смок, Раде Угриновски, Драге Тодоровски, Трифко Андоновски, Ристо Оџаклиевски, Злате Малаковски, Јаким Синадиновски, Антигона Туфа и Сина Димитровска, а осуммина успеале да го пробијат непријателскиот обрач. Заробените партизани, балистот Џемо ги предава на Италијанците и тие се однесени во затворот во Тирана. Подоцна, шестмина, Душко Поповиќ, Илија Антевски - Смок, Раде Угриновски, Драге Тодоровски, Трифко Андоновски и Ристо Оџаклиевски, од десетмината заробени борци од одредот биле осудени на смрт и на 15 мај 1943 година обесени во дворот на затворот во Тирана. Злате Малаковски, Јаким Синадиновски, Антигона Туфа и Сина Димитровска биле осудени на временски казни заради тоа што биле малолетни.
Ново Село, малото гостиварско селце, стуткано во бујните зеленила на планината Влаиница и ден денес остана трајно да го чува превезот на тајната на еден невиден злостор во кој главен актер е балистот Џемо Хаса.
Познат како априлскиот злостор во Ново Село, болно одекна кај народот. Овој настан италијанскиот фашистички окупатор и балистичките банди го искористија за да го зголемат теророт и насилството. Започнаа масовни претреси и палежи на селата. Со метод на страв се настојуваше да се скрши моралот и приврзаноста на народот кон партизанското движење. Но, сите овие мерки имаа спротивен ефект. Омразата на населението спрема окупаторот и неговите домашни предавници растеше. Се зголеми довербата во партизанското движење, а тоа најдобро го потврдија и подоцнежните настани. Набрзо по априлскиот злостор во Ново Село, на 21 мај 1943 година во шумата на Лопушник беше формиран Мавровско-Кичевскиот партизански одред, составен од 45 борци. Борците од Мавровско и Гостиварско се издвоиле и во јули 1943 година го формирале првиот Мавровски партизански одред, кој дејствувал самостојно на подрачјето на Првата оперативна зона, до влегувањето во составот на Кичевскиот баталјон на 23 септември 1943 година.
Ако 14 март 1943 година претставува светол датум во развојот и разгорот на партизанското движење во мавровскиот крај, 27 април 1943 година означува едно од најгнасните и најсвирепи злосторства на балистичкиот башибозук, на злогласниот Џемо Хаса, кој токму во Ново Село се демаскира и го покажа вистинското лице - слуга на италијанскиот фашистички окупатор.
Овој настан најдобро е опишан во публикацијата “Априлскиот злостор во Ново Село“ од Гале Фиданоски, објавена во Гостивар, во 1976 година.
Датумов вечно ќе остане во сеќавањата на македонскиот народ, како невиден злостор на италијанските фашисти и албанските балисти во Македонија, но и како потврда за македонскиот непокор.
За жал и Бранислав Синадиновски ќе остане во сеќавање како одроден, лаком за политички позиции и финансиски интереси, за разлика од неговиот татко Јаким Синадиновски кој бил жртва на албанските балистички банди предводени од крвникот Џемо Хаса во Априлскиот злостор во Ново Село во 1943 година. Ако неговиот шеф Љубчо Георгиевски конвертира во “Бугарин“, лепејќи и’ етикета “Бугари“ на целата македонска нација, не отиде подалеку ниту неговиот пулен Бранислав Синадиновски, кој конвертира во “Албанец православен“.
Се разбира, проѕирни се намерите на промоторите на наци-фашистичката креација “Голема Албанија“, кои не избираат средства за постигнување на целта, а во нив и најавата за Албанска православна црква во Македонија, која не е ништо друго освен национал-шовинистички и несериозен проект, една политичка манипулација што нема никаква врска со правата, слободите и верата!