Најава за создавање на албанска православна црква во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
На прославата на „Скендербег“ најавена Албанска православна црква во Македонија
Објавеново 19:17 28 ноември 2014| Прочитано684|
print.png
Печати
Албанска православна црква и литургии во македонските православни храмови најави лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешната манифестација во Скопје по повод денот на албанското знаме и независноста на Албанија, јави Телма.

- Тоа не е ништо што е скришно и предводникот на Православната црква на Македонија дозволи и ќе разговара со сите иницијатори за литургија на албански јазик при што им честитам на храброста и на разбирањето од страна на челниците на МПЦ за овој многу значаен и човечки чекор - изјави Ахмети.

Православните Албанци од реканскиот крај за кои албанските историчари тврдат дека ги има околу 70 илјади, ќе добијат свои верски објекти, но и црква, најави проф. д-р Бранислав Синадиновски, деклариран православен Албанец. Заедно со сопругата промовираа книги за историјата на православните Албанци во Македонија.

- Великодостојниците на МПЦ изразија спремност за одржување литургии на мајчиниот албански јазик на православните Албанци во нивните цркви. Но со тоа не се решава целосно и трајно проблемот на православните Албанци. Иницијативниот одбор кој е формиран пред повеќе месеци излезот од ситуацијата го гледа единствено во создавање Албанска православна црква во Република Македонија. На тој план очекуваме поддршка од Македонската православна црква - изјави Бранислав Синадиновски.

Тој појасни дека се бара нешто што следува, оти сите национални заедници се рамноправни и веросиповеста е загарантирана со устав, што подразбира и создавање на верски објекти.

- Со тоа ние православните Албанци ќе го исполниме аманетот на големиот и ненадминлив Јосиф Багери, кој уште пред 100 години безуспешно се обидуваше да формира Албанска православна црква во Бугарија и ние верувајте дека тоа многу бргу ќе го направиме - изјави Бранислав Синадиновски.

На прославата зборуваа неколкумина албански историчари кои кажаа дека православните Албанци 70 години биле угнетувани и негирани како народ и затоа многу се иселиле, а тие што останале во реканскиот регион биле асимилирани или се приклучиле кон турската нација. Историчарите судбината на православните албанци ја споредија со судбината на прогонуваните Евери. На промоцијата беа присутни највисокото раководство и министрите на ДУИ како и градоначалниците од оваа партија, а говорите на историчарите и авторите на книгите ,сопружниците Синадиновски беа поздравени со бурни аплаузи.

Фото: Порталб

http://plusinfo.mk/vest/5999/na-pro...vena-albanska-pravoslavna-crkva-vo-makedonija

Кој е овој Синадиновски големиот Албанец? Сака да го изигрува Вранишковски но сега во албанска варианта. Се надевам дека овие од МПЦ не откачиле до толку да им дозволат да прават паралелни светови.
 
Веројатно мисли на црква како објект, на која ќе се оддржува литургија на албански. Формирање на црква како институција е малце посложена работа и тешко дека Синадиновски факултативно може да ја заврши.
 
Не би рекол мислам дека се работи за црковна организација паралална на МПЦ.

http://dnevnik.mk/?ItemID=7B30D25810BF3744BC5D0F0FC3DAA6B3
 
Не би рекол мислам дека се работи за црковна организација паралална на МПЦ.

http://dnevnik.mk/?ItemID=7B30D25810BF3744BC5D0F0FC3DAA6B3
Синадиновски планира да се забрадува? И кој ќе им додели статус во православниот свет? МПЦ која и сама има проблем или СПЦ? :pos:

Ништо не бива од ова, уште еден Кољо Дијамант.
 
Чекај а православните литургии не се одржуваат на старословенски јазик или јас нешто имам побркано?
Сум забележал и јас, порано поповите пееа на старословенски, а во последно време често сум сретнал да пеат и на македонски.

Можеби не сум во право, но таков личен впечаток имам добиено.
 
Овие па досадни се... на секое само: најава за создавање на албанско ова, албанско она. Аман веќе!
 
.

Човекот кога Духовно се преродува, Тој се буди за Вистинската (над) природа Христова и го согледува робството и илузијата на која и’ служи во националности и конфесијалности заробената вавилонија, во која (за жал) припаѓа секоја држава и нација, влкучувајќи ја и нашата сакана македонија и албанија!

... нема повеќе ни грци, ни јудејци, (ни македонци, ни албанци, ни срби, ни бугари, ни турци, ...)
ни обрезание, ни необрезание, ни верварин, ни скит, ни роб, ни слободен (ни раси ни класи),
а сé и во сé е - Мудроста Божја - Христос!

(Колос. 3:11)

united-people-silhouette.jpg

.
 
Значи српска православна е забранета во Македонија, албанска не е. Нешто не штима работава.
Инаку баш ме дали ќе имаат и тие лицитација
 
Последно уредено:
http://mk.wikipedia.org/wiki/Шкрети
Малку повеќе за Синадиновски и Македонците наречени Шкрети. Ова сега што се случува е донекаде логично затоа што државата е слаба а и делумно затоа што почнаа да ги "враќаат" Македонците муслимани па сега некој сака да најде православни Албанци во Македонија. Тоа е тоа.
 
Види им ги имињата и јасно ќе ти биде колку се Албанци. Прашање е само зошто се пишале Албанци. Моја претпоставка е за да се ослободат од притисокот кој го трпеле како Македонци од страна на Гегите. Ако така било тогаш која е причината денес да не си се вратат кон матичната нација. Кога и онака успеале да ја зачуват религијата. Што се однесува до овој Синадиновски јасно е дека човекот си бара некој личен интерес. Но наш интерес е овие луѓе да им се овозможи да си го вратат македонскиот јазик место форсирање на некој си паралелни Албански цркви во Македонија.
 
http://www.mn.mk/istorija/7066 не е само Синадиновски. И академикот Матеја Матевски стана Албанец на стари години. P.S. не ги гледај само по имињата затоа што постојат вистински православни Албанци во Албанија. Башка секогаш може да се вадат дека биле принудени. На пример нашите во Пустец пола имаат албански имиња а сите се Македонци. Јас лично знам семејство со три деца две имаат албански едно македонско име.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom