Вардар-Работнички недела 30.11.2014, 17 часот на Градски стадион

  • Креатор на темата Креатор на темата Saber Rider
  • Време на започнување Време на започнување

Како ќе заврши дербито?


  • Вкупно гласачи
    30
  • Гласањето е завршено на .
И двајцата сте во право, не спорам, само едно треба да имате предвид: На ракомет никогаш не ни немало публика во Скопје, со исклучок на мечеви од ЛШ, а на фудбал имаше критична маса која со тек на време успеаа да ја растурат... кретените што се изнаредија во клубот задњиве 15 години и више!
За мечеви од ЛШ знаеме дека не треба молење, ама работата е да создадеш нова критична маса или да повратиш дел од старата за нашево првенство, а овие да бидеме реални не се кадарни, а и немаат такви намери. Едноставно не ги занима да работат на една така битна ствар за сликата на клубот, а како тргнала работава ќе си станеме пандан на мамиќевиот Динамо...
 
Ништо, и посебна тема отворена и пак се вртат истите муабети што се прават во Фан клуб Вардар. :(
Ги нема навивачите на „брендот“ од ракометните теми да пишат нешто за дербито на сезоната. Битно владеат по тие теми со шегите за тоа колку се прости навивачите на Минчолург, како се палеле на прилозите на Бекстејџ и како навивале за клубот откога почнал да прави успеси пред 5 години, а они ете навивале за Вардар затоа што знаеле што е „бренд“ во Македонија, а не дека се палат на успеси.
 
Џабе расправаме бе, едноставно луѓево не сакаат да дојдат на стадион, не сакаат да пратат домашно првенство, нивни избор, џабе ние се замараме. Кога ќе се додаде и неактивноста на управата на Вардар па и на Комити во маркетингот и привлекувањето на гледачи, ситуацијата тешко дека ќе се промени. На Лудогорец-Реал и Лудогорец-Ливерпул имаше повеќе луѓе од Македонија од што вкупно имало цела сезона заедно на стадион и на утакмиците на Вардар и на Работнички.
 
Како и да е мора повеќе да се работи на маркетингот. Нека се пуштат реклами по ТВ и радио, плакати низ град, не дека ќе се собере кој знае колку публика ама треба да се проба а овие ништо не работат.
Друга работа, еве поминете низ кладилниците што се карши Соборна, во кафичите низ Дебар Маало врие народ. Минуваш таму и си викаш кој знае па на стадион како ќе е. Одиш на стадион едвај 100 души.
Народот не е заинтересиран, подобро му е да седи и да гледа Манчестер, Челзи. Барса, наместо да мрзни на стадион. Се е џабе, ама кога ќе дојде европска утакмица како печурки излегуваат:).
 
Абе прво што треба да направат е да му ја вратат душата на клубот, што полека полека му била одзимана со лоповите во управите. Не може, а да ги нема легендите на клубот никаде барем да ги канат на стадион да дојдат, нека организираат ревијални утакмици па и нека се со хуманитарен карактер, тоа ти е одлична реклама за тоа дека Вардар се враќа на старите патеки, ете имаат медиумски партнери антена 5, м. спорт, на телевизииве нека платат, Т-мобајл сите проадвници плакати со таков потег полека полека ќе ја вратат двербата во клубот. Не мора таква утакмица можат и приемр како сеа со Работнички да ја направат картиет да идат во хуманитарни цели, нека промотри бидат Панчев, Рингов, Најдоски, Ќириќ, ја имаат Катарина Ивановска исто сигруно би се нафатила, да ја промвоира утакмицата. А они ништо неправат тотален мрак, посебно во ФК абе од што не работат доказ е и некординрианоста со тие Фејсбук страната што ја одржуваат, дечките си ставија слика со време на почеток на утакмицата од 13ч, а во плакатот на Комити стој од 17ч, исто и ЛФ што правеа клипови, најави секаде им стоеше 17ч, и од ниакде се поајвва таа информација, за да после мењаваат уште два пати за да го погодат терминот. Исто и со билетарата тогаш без никаква најава никаде им ја затвараат пола саат пред да почне билетарата и одеднаш 100тина луѓе останвуаат надвор и за џабе губеле време и апри да дојдат до Градски. Ама тоа е на овие сигурен сум дека не им е целта да го вратат Вардар на старите патеки, туку да исперат пари преку него што ги крадат од државава затоа и не се замраат толку дали има гледачи или не.ЌЕ ги сменат од власт и со парите испрани преку Вардар ќе си киднат од државав и ќе си уживаат некаде на некој егзотични места. А ние ќе си тупиме главати тука.
 
Малку го преценувате Стојков. Ако ира по страната кај Хамбарџумјан нема да се види. Реално Вардар со одбраната (освен лев бек) и средината која ја има може да го контролира мечот против секоја македонска екипа, не верувам дека ќе изгубат ако играат на ниво.
 
Работнички игра со двајца напаѓачи, од кој едниот е Стојков. Така да кај Хамбарџујан би требало да биде или Чума или Талат.
А Хамбарџујан има слаба дефанзива, се вади на тоа што цела утакмица е горе доле. Слично нешто ко Даниел кенгур
 
Гледам времево е катастрофа и ќе поколеба многу луѓе да не дојдат денес на стадион.
Сепак за оние кои стварно ги сакаат клубовите сигурно денеска ке бидат на стадион.
Очекувам интересен дуел па нека победи подобриот. Би сакал тоа да биде Работнички,но реално мислам нерешено ке заврши 1:1 или 2:2
 
Зошто би поколебало многу луѓе да дојдат? Нели се покриени трибините? Ако му е ладно, нека се облече убаво... Жал ми е само што не сум од СК и што не сум во МК. Ваква утакмица, со двете екипи речиси на исто ниво не смее да се пропушти.
 
Зошто би поколебало многу луѓе да дојдат? Нели се покриени трибините? Ако му е ладно, нека се облече убаво... Жал ми е само што не сум од СК и што не сум во МК. Ваква утакмица, со двете екипи речиси на исто ниво не смее да се пропушти.
Море да видиш ако е ладно како ќе смрзнеш седејќи на едно место...

Туку јас не одам, два пати бев два пати катастрофални утакмици, а време баш неам за идење до градски и назад, така да Ајде Вардаре.
 
jaс ја пуштив двојка во спортлајф 3.10 коефициент :) Работнички ми делува како да има покомпактен тим, поизбалансиран (шо би рекол ван гал :D) плус и поубав фудбал за око играат според мене од Вардар.. некаде прочитав дека Работнички без Сулејманов ќе го игра овој натпревар,а и последен натпревар ќе биде овој за Шишковски во дресот на Работнички..
 
Сулејманов и така не им е прв избор колку што можев да приметам до сега, а ниту пак сезонава покажал нешто, од тоа што сум прател...
 
Море да видиш ако е ладно како ќе смрзнеш седејќи на едно место...

Туку јас не одам, два пати бев два пати катастрофални утакмици, а време баш неам за идење до градски и назад, така да Ајде Вардаре.
Те разбирам, но сепак...

Но да се осврнам на утакмицата. Изгледа малце ги преценив и двата тима. Всушност малце повеќе од малце.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom