Ако сме ние земјоделска земја, тогаш ја сум Барак Обама. Според податоциве, од вкупно 1 милион и 200 илјади хектари земјоделско земјиште, повеќе од половината се пасишта и тоа екстензивни, rough grazing. Од околу 500.000 ха обработлива површина, константно се сеат околу 68%, а 32% се необработени и угари (околу 120-150.000 ха). Ако 1/3 се угари, необработени ниви се 80-100.000 хектари што ниедна навистина земјоделска држава тоа не би го дозволила. Дури ако ги погледнеме и приносите, ние сме со многу слаб просек (покрај другите балкански држави) во однос на државите со навистина развиено земјоделие. И една земја со развиено земјоделство мора да има и преработувачки капацитети. За сточниот фонд, во продавниците нема македонски кокошки, месото воглавно се увезува од којзнае каде, за млекото не сме сигурни дали е прашок или домашно млеко, увозот на земјоделски производи и преработки е во нагорна линија...
Дури и учеството на земјоделството во БДП (беше околу 11, сега околу 9%) е помало од други дејности.
Дури и учеството на земјоделството во БДП (беше околу 11, сега околу 9%) е помало од други дејности.
Последно уредено: