Првиот произведен камион во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Sungerot Bob
  • Време на започнување Време на започнување
Уствари и ова е успех ! Од приколки до автобуси стигнаа ! А тоа со Санос е минато свршено време .
 
Им се има паднато у киндер јајце воа гарант.
 
Еве овој е англиски, свршвајте сега колку е убав и квалитетно направен.
scarab-minor-1.jpg
 
Право да правиш нечини,криво да правиш пак нечини
Има бе нешто што ви чини или само гомна да се јадело?
 
Ај да разјасниме нешто:
Ова чудо, да го наречеме ѓубрарка, е само склопено во Брако, или Брако има произведено нешто од неговите компоненти?
На времето, во СФРЈ, таму некаде во 50-тите години, Застава склопуваше Фиќо од италијански делови, па подоцна го усвои производството и во 70-тите сами произведуваа возила.
Е, за да се усвои производство макар и на една компонента, потребна е многу работа, знаење и пари... Да не зборуваме за цело возило.
Да се разбереме, успех е и само да се склопува ова нешто.
Ако пак, се произведува... тоа е навистина голем успех.
 
Македонија е способна да произведе многу, многу повеќе одошто мислиме.

Татко ми на времето работеше во Каросерија (ФАС 11 Октомври) и знам дека извезуваа едно време по 8 автобуси на ден. Зборам за патнички автобуси со капацитет од 50 седишта. Од кои одеа 4 само во Кина. А, денеска.. ние ги возиме пластикине и крнтиине што за 2 год се раскантаа по улиците на Скопје.

А, само за податок, претходните автобуси кој ги заменија работеа цели 30 год и 10 пати бројчаникот го имаа превртено.

ФАС автобуите се квалитетни, немаат built in obsolescence, направени се за да траат.

Еве на пример, во екстремен случај, тој стар ЈСП автобус од ФАС што се преврте пред некое време - на сето тумбање структурно немаше попуштено и пак беше во цело парче.

PS: ФАС автобус на улица е еквивалент на оклопно возило, такаречи тенк. Мавај го колку сакаш во сообраќај, сите можеш лом да ги направиш и на крај само со изгребан браник ќе бидеш. Велат во времето е вистината, и да така е, во овој долг временски период овие возила се имаат покажано како многу квалитетни.
 
Последно уредено:
Добро бе,колико пута сам вам рекао шта је важно од где доџе компонента .....

 
Македонија не е способна мастики да произведи а не па камион.

Не викај така,Чунга Лунга у Штип се сасвим солидна мастика..5 денара,5 мастики..
И што се палите толку,еден камион произвеле,веројатно и последниот..
 
Последно уредено:
Не викај така,Чунга Лунга у Штип се сасвим солидна мастика..5 денара,5 мастики..
И што се палите толку,еден камион произвеле,веројатно и последниот..
Радувај се да бидат повеќе,нема да мораш да возиш такси
 
Мене ептен добро ми личи камиончево. Со оглед на тоа дека досега сме немале нешто вакво, ова е за едно големо Браво за нас:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom