Мотивирање на ученик

  • Креатор на темата Креатор на темата pumaval
  • Време на започнување Време на започнување
Со сила убавина не бидува. Туку, ако не му се учи на малиот, барем нека биде поснаодлив малку. И мене не ми се учеше ич, ама снаодлив бев.
Кога требаше лектири/романи усно да се раскажуваат, внимателно ги слушав тие 2-3ца први што раскажуваа, после јас кревав рака и го прераскажував тоа што сум го слушнал. Ем активен на час, ем 4-5ка.
 
Најважно што треба самиот да свати дека не учи за телефони,компјутери,патики,дресови..........туку учи за негово добро и инднина
Родителите многу погрешно постапуваат кога за да учи му ветуваат телефони,компјутери,патики,дресови.......
Попрактичен е примерот со споредба помеѓу луѓе што учеле и луѓе што не учеле и за тоа кој што работи и колку заработува.
Не секогаш ама има и исклучоци дека некој што не учел има добра работа и добар живот и треба да му се каже дека тоа се многу ретки исклучоци.
На крајот на краиштата ако не прифаќа совети и продолжува да не учи од самиот себе ќе си пати во животот.
 
свати
свати
свати
свати
свати
свати

Ај ти сеа за рака со детето и у понеделник на школо, посебно ако тој ден има Македонски јазик и литература.
Во меѓувреме...

10330494_10203048449024674_4108969160285617838_n.jpg

Он-топик:

Многу бе нежни мајка му стара, ја не знам во какви средини сте растеле, во основно се знаеше ако забушаваш - нема компјутер (додуше ја у 6-то го добив првиот компјутер), нема пари за флипери и Плејстешн, нема излегување. Откако ставивме интернет (од оној преку поштата)


при почеток на седмо, ми се закануваа дека нема да плаќаат за телефон, а со тоа и за интернет. Се дешавало и да си го најдам компјутерот без модем внатре (од оние 56k што беа) :icon_lol:.
Мобилни тогаш не беа нешто до толку зависно како сеа, се можеше и без нив. Али ова се ептен ретки случки, не бев до толку забушант. Интересно беше откако ставивме кабелски интернет во прва или втора средно, еден месец немав интернет пошто не платија намерно, а тогаш баш беше хит да си на интернет почесто. После си ја решив маката со тоа што го навлеков стариот на Counter, после сам си ги плаќаше сметките. :icon_lol::icon_lol::D
До ден-денес уште игра :D

Кој што сака нека збори, според мене најефикасен начин во тие години за воспитување е награда - казна. Повеќе ќе му дојде само како казна пошто откако ќе се оправиш малку враќањето на тоа што ти е земано му доаѓа како награда. Тие глупости како Напрај ова, научи тоа - ќе ти купам она - ЈОК.
 
Последно уредено:
Ај ти сеа за рака со детето и у понеделник на школо, посебно ако тој ден има Македонски јазик и литература.

Училишните предмети се пишуваат со мала буква.
 
Не знам зошто уште некој се ослонува на принципот : "Учи за награда, ако не учиш ќе ти направиме ова ќе ти направиме она". Мислам јебига, тоа е најлесниот начин за родителот, речи му на детето и готово, нека си ја тера тоа работата. Јас имав еден куп другари на кои им го правеа ова, дали не ги пуштаа надвор, дали им ги криеа каблите од компјутерот или не им даваа пари. Ама еве, ниту еден од нив не почна да учи поради тоа. Ако сакаш стварно да го мотивираш детето, тогаш ќе седнеш до него
и ќе му објасниш се по ред. Ќе му објасниш зошто учењето е важно, зошто треба да учи. Па ќе седиш со саати до него додека учи.Не мора да му покажуваш или нешто, ама седи до него, посвети му внимание. Најлесно е да му речеш оди в соба и учи, ама ако стварно сакаш да постигнеш нешто, ќе мора повеќе да се потрудиш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom