Oдложено плаканје данок?

  • Креатор на темата Креатор на темата gordselanec
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
11 октомври 2014
Мислења
29
Поени од реакции
10
Дали има можност за увезената роба ставена во складиште плаканјето на данок да се изврши после продажба на истата.
 
Зависи колку брзо ќе ја продадеш :D Ако ја продадеш додека е во складиште, тогаш може.
 
Незнам колку бразо треба да се продаде.Колку сто знам треба да платиш данок за робата да излезе од царински терминал.Тоа е моето прашане дали има мозност за одложено плакане на данок додека робата е во складиште.
 
НЕ! Ако ти е идејата да го платиш данокот додека лежи таму, продај ја. Земи ги парите и тогаш плати ги сите давачки. Нешто слично на кола која не е царинета, а ти веќе си ја купил од некој.
 
НЕ идејата ми е додека лежи во склад да не се плака данок во тој случај увезуваш повеке роба. Значи како продаваш така да плакаш да биди еден вид како под царински надзор.
 
Термин одложено плаќање не сум сигурен дека постои. ДДВ е таков каков што е. Е, сега, има еден член што може да го толкува кој како сака:
9. Увоз на добра
Член 15
За увоз на добра во смисла на овој закон се смета :
1. Внесувањето на добра преку царинската линија на Република Македонија и
2. Внесувањето добра од слободните зони, царинските зони и царинските
складови во земјата
.
Ова едно со друго се коси. Преку царинска линија и ОД царински складови се две различни работи. И во царински склад веќе е помината царинска линија (тоа е државната граница, а во некои случаи и во територија на други држави).
Еве ти линк

Според Царински закон Член 4
19. “Царински дозволено постапување или употреба на стока” е:
а) ставање на стока во царинска постапка;
б) внесување на стока во слободна зона или слободен склад;
в) повторен извоз на стока од царинското подрачје;
г) уништување на стока и д) отстапување на стока во корист на државата;
Линк
Затоа ти реков...Ако успееш да ја продадеш уште пред да ја вадиш од склад, може. Инаку не. Се додека не е во "слободен промет", немаш обврска да платиш данок. А, за да ја "пуштат", треба да платиш царински давачки. Кога ќе видиш, исто ти се фаќа :D
 
Последно уредено од модератор:
Нема шанси ако си обрзник на 3 месеци мораш да го платиш данокот или разликата во тој временски период ако не си мета на даночните инспектори кои и така чекаат на казни!
 
НЕ идејата ми е додека лежи во склад да не се плака данок во тој случај увезуваш повеке роба. Значи како продаваш така да плакаш да биди еден вид како под царински надзор.
една работа да научиш... во оваа држава (како и во сите европски) ДРЖАВАТА НЕ ТЕ ЧЕКА ЗА ПАРИ... ти ке ја чекаш, ама она тебе не... КРАЈ НА МУАБЕТОТ!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom