Натпревар #18 - Тема: Сенки (пријавување)

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.325
Поени од реакции
17.794
Малку е специфична темава за уловување сенки, ама се надевам дека не е многу тешка. :гик:
Примери: еден, два, три, четири.
Ај, со среќа. :D

Да се потсетиме на правилата за учество:

1. Кајгана-фото натпреварите пред се' претставуваат игра и занимација и се наменети за поттикнување на креативноста на членовите на форумов кои се љубители на фотографијата. Имајте на ум дека тука не се доделуваат никакви парични и материјални награди (освен ако не биде наведено поинаку), па затоа не ги сфаќајте премногу сериозно и при срце прогласувањата за „надобар фотограф“ :);

2. Фотографиите со кои членовите учествуваат во натпреварите мора да се лично дело и сопственост на членот кој ги објавува истите. Прикачување на туѓи фотографии се казнувава со трајна забрана за учество во натпреварите;

3. По првата зададена тема, секоја наредна тема (или тема и техника) ја задава победникот на претходниот фото-натпревар;

4. Натпреварите ќе траат една недела (7 дена). Темата се задава во недела и приемот на фотографии ќе трае се' до крајот на следната недела;

5. Секој учесник има право на учество со само една фотографија;

6. По затворањето на приемот на фотографии, се преминува на гласање за најдобрата темата фотографија (кое трае од понеделник до сабота) и прогласување на победникот на фото-натпреварот;

7. Право на гласање имаат сите членови на форумот. Стручни и нестручни.

8. Победникот на фото-натпреварот е должен од неговото прогласување (во сабота) до почетокот на следниот натпревар (недела) да смисли тема и да го постави следниот натпревар;

9. Доколку победникот на натпреварот не може да избере соодветна тема за следниот натпревар или му е потребна било каква помош околу поставувањето на натпреварот, може да ги исконтактира модераторите на подфорумот за да добие соодветни насоки;

10. Со цел да ги избегнеме проблемите со хостирање на фотографии на други сервиси и недостапноста, фотографиите мора да бидат прикачени директно на форумот преку опцијата „Прикачи датотека“ и истите да не надминуваат големина од 5MB;

11. Иако димензиите на фотографиите не се битни, сепак, обидете се да се придржувате до непишаните правила за естетика и прикачувајте фотографии со соодност кој е лесно виднив на форумов. На пример, ширина од најмногу од 1600px.

- Мислам дека нема потреба да го ставам ова како посебна точка од правилата, ама за сите што се во недоумица: Да, дозволени се било какви фотографии направени со било каква опрема. DSLR, компактен, идиотче, мобилен телефон, пазарски филм апарат, компир... Не е битно, фотоапарат си е фотоапарат. И да, дозволена е манипулација на фотографиите во пост-продукција, дозволено е користење на Photoshop, Lightroom или било која друга апликација за обработка на дигитална или аналогна фотографија.

- Оваа тема служи само за прикачување/пријавување на фотографии, па затоа избегнувајте дополнителни коментари. Секако, лајкови може да ставате како мотивација за фотографот. Но, тие не треба да се сфатат како гласови за дадената фотографија. За гласањето ќе има посебна тема.

ПРИЈАВУВАЊЕ И ПРИКАЧУВАЊЕ - БИТНО:
- Пријавените фотографии мора да се прикачени во ГАЛЕРИЈАТА;
- Потоа, на темата се објавува BB кодот од сликата, кој може да го добиете со кликнување на опцијата „Сподели“, кој се пастира во темата:

Мислам дека нема потреба да го ставам ова како посебна точка од правилата, ама за сите што се во недоумица: Да, дозволени се било какви фотографии направени со било каква опрема. DSLR, компактен, идиотче, мобилен телефон, пазарски филм апарат, компир... Не е битно, фотоапарат си е фотоапарат. И да, дозволена е манипулација на фотографиите во пост-продукција, дозволено е користење на Photoshop, Lightroom или било која друга апликација за обработка на дигитална или аналогна фотографија.
 
јас гласам за првиот приер
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: LBJ

7420
by Anco on Кајгана форум
среќа имав дома и едни литро газје и ја запалив оваа ламба оставина од мојте(на која сум и читал-учел понекогаш)
сликнав 20-ина слики (фотографии) еве една,а можеби и ќе ја сменам само идејата ми останува или ќе ми ја крадете.
 
8326-1413463341-ab83b7dade4753eaf743098f11240eee.jpg

Сенка од @4NHK0 e :гомце:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom