Исус или исис, кој Пат е Вистинскиот?

  • Креатор на темата Креатор на темата spiros
  • Време на започнување Време на започнување

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.

Пред околу 2000 години, Единствениот Вистински и Совршен БОГ - наместо земја, машко семе, или билокаква поинаква творба - во Исус Го отелотвори Своето вечно Слово, Својата вечна Мудрост, Својата вечна Милост, ... Кое што е Првороденото Божје чедо.

За жал, како тогаш, така денес, широката маса е слепа за тоа Вечно Евангелие и поради таа слепост се случуваат некои работи кои мораат да се случат.

Mене ме интересира за вас личнo, што е поважно и вистинито: Исус или патот на исис (islamic state)?

Поздрав до сите

Јас сум Патот, Вистината и Животот;
никој не доаѓа при Отецот, освен преку Мене.

(Ев. Јован 14:6)

.
 
Последно уредено:
А шо му е поважно на Исус, среќата и мирот или војни и крвопролевања
Да сакаше исус ќе се спуштеше од небото обасјан со силна светлина со криља поголеми од оние на џамбо џетојте и со ватрен мач во рацете и заедно со неколку ангели за сатипол ќе ги уништеше исиовците шо колат деца и се играат фудбал со нивните отсечени мали глави.
Али Исус си седи горе си пие вино со татко му и ич не му е гајле са маскарите шо ги прај исис
Ако на исус не му е важно, оти нам да ни е важно?
 
science-vs-religion_1338542678_epiclolcom.jpeg
 
Крајната цел на науката е осознавањето на Љубовта БОЖЈА чиста, Која Совршениот БОГ за спасение на сите Ја отелотвори во Исуса Христа.

Џабе тие сета наука, сето сознание, сите пари, ... ако суштински и вистински не Го осознаеш Божјото Слово (грч. Логос = евр. Мемра), од Кого, преку Кого и за Кого е се’ што е добро во науката, технологијата, теологијата, ... и сиот безкраен универзум!

Поздрав

orion-nebula.jpg
 
Последно уредено:
.

Пред околу 2000 години, Единствениот Вистински и Совршен БОГ - наместо земја, машко семе, или билокаква поинаква творба - во Исус Го отелотвори Своето вечно Слово, Својата вечна Мудрост, Својата вечна Милост, ... Кое што е Првороденото Божје чедо.

За жал, како тогаш, така денес, широката маса е слепа за тоа Вечно Евангелие и поради таа слепост се случуваат некои работи кои мораат да се случат.

Mене ме интересира за вас личнo, што е поважно и вистинито: Исус или исис (islamic state)?

Поздрав до сите

.

Да пробам да ти одговорам. Во Хиндуизмот првата чакра Муладара е најниска човечка, а највисока животинска чакра. Во оваа чакра се животинските инстинкти и функции (нагонот за опстанок, нагонот за продолжување на врстата, вродените рефлекси како што се цицање, голтање итн.)

И како сега некој што оди да погине, размислувајќи дека во Рајот го чекаат 72 девици и бесплатна гозба, може да има нешто заедничко со Бог?

Значи, за него Рајот е бесплатно кркање, пиење, е... и спиење. Што мислиш, дали некој таков има воопшто нешто заедничко со Бог или има многу заедничко со животните?
 
Се сложувам, но дали можеби и останатиот свет кој што е слеп за Божјата Светлина чиста (за спасение на сите отелотворена во Исуса Христа), исто така се наоѓа на истото тоа животинско ниво и прави слични работи како и антихристијанската вера, од која потекнува исис?

.
 
Самиот Исус е слеп и глув за Божјата светлина пошто дозволува да се убиваат невини, да им се сечат глави, дозволува од глад и сиромаштија да умираат деца.
Исус не верува во Бог.
 
Исус не верува сам во себе.

Ако бог не сакал толку многу, тогаш зошто да страдаме? Затоа шо не сака? Зошто на добрите луѓе им се случуваат лоши нешта?

Или може овие невиниве шо се убивани од ИСИС не се под негова јурисдикција.
 
Крајната цел на науката е осознавањето на Љубовта БОЖЈА чиста, Која Совршениот БОГ за спасение на сите Ја отелотвори во Исуса Христа.
Тоа евентуално она што се нарекува Теологија.Другите науки си имаат за истражување посебни материјални и нематеријални појави и апстрактни полиња.

И Спиридоне, оти само овие два патишта? Не постојат ли други?
 
Тамам ќе су помислиш дека Господ си го зел Спиро кај него...

Се враќа како лоша болест.
 
Тоа евентуално она што се нарекува Теологија.Другите науки си имаат за истражување посебни материјални и нематеријални појави и апстрактни полиња.

.
Материјалните појави, исто како и нематеријалните појави, апстрактните исто како и конкретните полиња, имаат една Единствена крајна и вистинска основа и цел: Духовната Љубов!

Еве еден видеоразговор на германски, кој пред две три недели - по повод на 60 годишното постоење на церн - беше воден со германскиот астрофизиќар Harald Lesch.

.
И Спиридоне, оти само овие два патишта? Не постојат ли други?

.
Бидејќи постои само Еден Вистински и Совршен Пат: Кој е Љубовта БОЖЈА чиста!

Сите останати кои му се противат - повеќе или помалку - се идентични на (и директно или индиректно го овозможуваат) грешниот!

Сфаќаш сега зошто само два споменав?
Сите вистински патишта се влеваат во Совршениот Пат,
во Него Бог е Отецот, а секој секому сестра или брат!

.

.
 
Значи, за него Рајот е бесплатно кркање, пиење, е... и спиење. Што мислиш, дали некој таков има воопшто нешто заедничко со Бог или има многу заедничко со животните?
Во рајот го има она што на секој чоек му е најубо, на пример за хомосексуалци, рајот има полно голи набилдани похотни мажи, некој љубител на филмови во рајот го чекаат најновите изданија на филмови сите ДВД рип на 1080р, некој кој си сака скара, во рајот ќе биде опкружен со неограничени количини на ќебапи, вешалици, ребренца, свински врат... љубители на спортски кладилници ќе можат секогаш да добиваат во рајските обложувалници, без разлика што си пополнил - добивката е гарантирана, тој шо сака брзи коли во рајот ќе вози бесни машини со над 1000 кубици, кој сака дебели жени, кој млади моми, кој ракија, злато, пливање......
рајот му ги исполнува на сите неговите најголеми желби, то е нешто како дедо мраз али 365 дена во годината.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom