Си купив книга

  • Креатор на темата Креатор на темата Setsuko
  • Време на започнување Време на започнување

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.412
Поени од реакции
6.017
Имаме теми за последна прочитана книга, книга што ја читаме во моментов, како одлучуваме што ќе читаме итн. итн. но немаме тема каде што ќе се пофалиме која книга станала наша сопственост. Иако македонските читатели претежно позајмуваат и читаат од библиотеки, сепак не е мал бројот и на оние што ја збогатуваат домашната.

Кога последен пат купивте книга, која беше таа и зошто баш таа?

На темава слободно може да се разговара и за тоа колку сте задоволни од изданието, преводот и цената. Особено цената.

Дали вреди да се купуваат книги?
Или поисплатливо е да ги најдете во електронска форма?
 
Последно ги купив двата дела од македонскиот превод на првата книга од „A Song of Ice and Fire“, „Игра на тронови“ од Топер. Еден дел чини 500 денари, но јас ги добив двата за 800, со попуст. :P Уште немам започнато со читање, премногу обрски...
Исто така, од Топер ја купив и цела едиција „Мали приказни“ - 32 приказни, ми недостасува само 33тата: „Девојчето со кибритчињата“, зошто ја немаат на залиха, а немало ни да се печати. Тие му ги прочитав на телетабисот сите по три пати, па дури и на памет ги научив некои. :D
 
Последно ја купив The Great Gatsby на англиски од Икона. Цената е 200 денари. Уште не ми е почната со читање. Сакам да читам книги, но повеќе сакам голема домашна библиотека и многу често купувам книги.
 
НЕ ВРЕДИ ДА СЕ КУПУВААТ КНИГИ!!! Јас си имам купено до сега една книга (од Адолф Хитлер), а и таа не ми ја вратија :cautious:. Поздрав до Марија од Скопје, мојата бивша колешка од факултет.
 
Последни што ги земав се : После будучности - Михаил Н. Епштејн ( судбина постмодерне ), Американски предавања - Итало Калвино и Svetlosti kordiljera ( антологија на латино американска поезија ). Првите ми се потребни за факултет. Од Епштејн е 1340 ( два тома ), Итало Калвино беше 240, а антологијата 450.
 
Неугодното во културата од Фројд.

Жими к.. е, карактеристично за Фројд, али ме фати некој инает за 200-ки да ја имам, не знам зошто и како, онака моментално беше.
 
Летово ги купив "PS. Те сакам" од Сесилија Ахерн и "Фатални желби" од Бруклин Хадсон.
Првата е тажна, на моменти и смешна и доста интересна, ја препорачувам на понежниот пол. А другата е хорор, солидна е но не е нешто најдобро, од тој жарн има доста подобри.
Двете ги купив од тезга кај мој другар, по 300 денари чинам беа.
 
Пред околу месец дена ги зедов „Мистерии“ од Кнут Хамсун едиција: Нобеловци - Магор, „Приказни за обичното лудило“ од Чарлс Буковски - Икона, и „Лорд Џим“ од Џозеф Конард едиција: Ѕвезди на светската книжевност - Магор. „Мистерии“ беше 300 ден., „Приказни за обичното лудило“ 420 ден. и „Лорд Џим“ 200 ден. или 220, така нешто. Ја прочитав само „Мистерии“ и до половина ја имам зачитано „Приказни за обичното лудило“. За „Мистерии“ се одлучив затоа што Goodreads ми ја понуди откога ја прочитав „Оркански височини“ од Емили Бронте. Од Буковски ги имам прочитано „Пошта“, „Холивуд и „Жени“, Икона претеруваат со цените. Од Конард ја барав „Срце на темнината“ но ја немаа, па ја купив „Лорд Џим“.

Во електронска форма некако не ми е ист филингот, затоа и поретко читам книги во pdf. Преводите ми се генерално OK, иако дебело заостануваме зад српската и хрватската преведувачка дејност. Табернакул, Магор, Икона, Бегемот и Блесок мислам дека се најдоброто од Македонија. Ѓурѓа and Три out.
 
Пред 2 недели купив книга од последната антикварница на кејот кај Холидеј Ин. Не планирав, сосема случајно испадна да се врткам наоколу и ај си реков дур си ја чекам @Меган ќе разгледам книги. На првите 2-3 тезги немаше продавачи спремни за ценкање и расположени за какво такво пазарење, а кај антикварници во ред е малку да дискутираш за цена, ништо страшно. И одам на последната тезга, едно чиче со бели мустаќи ала Итар Пејо занесен ме прашува што барам, му велам - разгледувам само. Почна да се вртка околу мене, да ми препорачува книги и наеднаш се сепна и ми вика - денес се за 100 денари давам, шо сакаш по 100, само стручна литература 200, ми вика. Извини ама стручна литература знаеш повеќе се наплаќа, стручна е. Му велам не сакам стручна, а во истиот момент гледам Џејмс Џојс - Улис 1 том. Таман да го земам, го нема вториот. Ништо си викам, гледам потака, чичево ми препорачува Соновник, не сакам му викам еве овде нешто се загледав. И ја фаќам Херцог од Сол Белоу, тврд повез Магор едиција Нобеловци. Книгата беше во одлична состојба, гледам да не и фалат страни, ништо не и фали, нема ниедна флеќа, ништо. Ја држам в рака, уште еднаш го прашувам дали е сериозен за 100 денари дека продава, ми вели - таков ми е денот, сите ги сакам денес. Фала му викам, мислам дека ќе ја земам оваа. Тој во меѓувреме фатил книга во рака и ми ја препорачува - еве нешто за дечко како тебе. Ја гледам книгата. Еротика - Анонимен автор. Не, му велам, ќе си ја земам оваа. Мислам на Дејвид Бови му беше омилена книга. На кој? ме прашува. На никој уживај. Добра зделка. На крај ми рече - утре да дојдиш пак и да ги донесиш другарите. Да знајш со какви се дружам, му велам...
Следниот ден поминав пак од таму и не беше тука чичето. Изгледа не работеше таму ни дента кога го сретнав, туку случајно се нашол тука. :D
 
Пред една год ја купив Исчезната без трага- Шеви стивенс за 350 ден на Саем.. ОК е книгата, дава надеж али сепак има и подобри избори. Се сложувам дека ништо не може да замени “книга во раце“ али сепак и е-книгите вредат барем ако не ви се вложуваат финансии во такви работи тогаш еден Ebook Reader на телефон/таблет, најди книга на англиски/српски/хрватски или некој др јазик што го знаете и тоа е тоа ;)
 
Ја веќе подолго време исклучиво слушам аудио книги. Книга не сум купил којзнае од кога, најмногу пошто дома имам стотици и веќе немам ни кај да ги ставам.
Једино релативно редовно купувам енциклопедии пошо ми се љубов од мали нозе, мислам дека и последната беше екстензивна енциклопедија за Океани.
 
Последно што го зедов беше Шеки од Дојл сите негови доживувања, мемоари, случаи, дрндрндрн за 800ки од Академска книга. Пошо имам дома едни-те-исти авантури по 5 примерока а знам дека тоа е само една 8мина од целиот куп, си решив да се комплетирам во еден том од 1400 страни. Што ќе реќи џабе е малте не.
Исто некни зедов едно големо „Ништо“ или "Nada" од Carmen Laforet од издание на три. Мислев дека се работи за надеж ама некако не испадна тоа:D Се зезам, го неам почнато но ми се свиѓа тематиката - Барса за време на граѓанската војна.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom