Аliexpress (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.458
Поени од реакции
8.654
Возраст
34
aliexpress-logo.png

Дали некој купувал некогаш нешто од aliexpress.com и како се врши плаќањето ? Вашите искуства пишете ги тука

Видов нема тема за ова па затоа и ја отворив.​
 
Се плаќа со кредитна, дебитна, Western Union, Bank Transfer.

Имам нарачано ситна работа за да ги испробам и арни се, ми се свиѓа тоа што на страната има чат со кој што можеш да си пишуваш со продавачите, да не чекаш да ти враќаат на мејл туку доколку се онлајн директно си комуницирате. Одлична е за дрангулашки и за облека, само што многу се чекаат пратките, тоа е единствениот проблем.
 
Имаше муабет за алито овде негде во интернет торговија, плакањето е супер, одличен сајт за купување само што наша пошта :facepalm:, викале имаат и “изгубени“ односно посвоени пратки од нашите поштари, така што некој вредни работи повеке од 30-50 долари не би препорачувал да земаш.
 
Добра страна, многу евтини производи, сега за сега сум немал никаков проблем. Само гледај да ти биде од некој подобар продавач, и напрај 2-3 реда муабет со него пред порачување.
 
Супер страна , до сеа имам порачано над 10 пати , и што е најважно сите пратки ми пристигнале. Е сега единствен проблем е што се чека 25 + дена додека да ти стигне пратката ...
 
Јас имам порачано патики од продавач кој што немаше висок рејтинг и ми стасаа многу побрзо од очекуваното. :D
 
Само позитивно искуство, досега имам потрошено над 300$ и сум немал никаков проблем, нарачките секогаш стигале максимум за еден месец.
 
Уште од порано имам порачувано , нема проблем со порачката од нивна страна и на време испратени и квалитетно спакувани . Проблемот е кога ке дојдат во Мк , за некои работи сум чекал и 2 месеца да дојдат од Петровец до Скопје !
Последен пат беше батерија , стигна после 80 дена .
Значи , не дека нема да си ги добиете порачаните работи , само наоружајте се со трпение !
 
Немам некое големо искуство со Али, но лани порачав два ефтини гаџети од 3 и 8 долари и не ми стигнаа. Го контактирав продавачот но никогаш не ми одговори. Затоа не порачувам повеќе од таму. А мој другар стално порачува облека и обувки од таму и му стигаат, но тој ги зема од Бугарија, некаде во Петрич му стигаат, зошто, појма немам. За мене ибеј му е мајката. Се што имам порачано досега ми има стигнато, никогаш не сум морал да вратам производ или пак да не е истиот што го нарачувам.
 
Порачувам веќе 2 години од тука

  • Се десило да ми пишат од али да одам во банка што е можно побрзо и да менувам картица и секакви можни податоци со картицата и да ја сменам :icon_lol:
  • Се десило и пратка да добијам за 4 работни дена
  • Ми стигнале пратки и после дури цели 4 месеци.....

Ако порачувате нешто поскапо само преку ибеј заради заштита доколку не стигне продуктот кој го нарачувате.

П.С

И на алиекспрес ќе ти вратат пари но тој процес е претерано долг и глуп

Му влегло на народот нешто дека али е многу многу поефтин од ибеј, а уствари нема врска. Али добар е за кинески срања и емитации....
 
Чекав 2 електрици околу месец ипол и некој ден пред да заврши Customer protection му мавнав Dispute за да ми ги врати парите. После некој ден му текна, ми одби, па почна да ми се извинува и оправдува демек имале некои збрки, па СЕГА го пратиле пакетот. Ме замоли и да го затворам Dispute-от и ми го продолжи времето на Customer protection. Сега (после 2 недели) уште чекам да ми стигне поштарината. Инаку се на се не е лошо. За разлика од Ebay робата стигнува многу побргу.
П.С. Има многу квалитетни и ОРИГИНАЛНИ продукти, само треба да се разбирате и да чепните по некој странски форуми и страници за искуствата со одредените продукти. Јас веднаш ќе ви кажам дека имам порачано Fenix електрик од 72$ (кој кошта 90$ од официјалната страна) кој е навистина Made in China ама е најдобрата фирма во светот за електрици, надминувајќи ги и останатите американски, европски и азиски фирми.
 
И јас веќе 2 години порачувам од Али. Се било во ред, сите пратки (преку 20) ми стигнале.
За една пратка тракинг бројчето не беше во ред, во country code наместо MK ја имаше Франција, си отворив dispute, си добив full refund, и по два дена ми стаса пакетот. Ме почестија 28 долари. :LOL:
 
Досега само бижутерија, ланчиња, обетки, прстени еден куп, кои уште ми стигаат. За тоа се доста евтини. Што се однесува за облека, видов интересни работи, али бидејќи сакам јас се да пробам и да опипам пред да купам, тешко дека би порачала таква работа.
 
а овде кај нас на поштата ти доага поштар или ти доага ливче во сандаче па идеш и ја земаш пратката во локална пошта?
Споделете како стигале пратките кај вас? (Мали и поголеми)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom