Огласи за вработување и чудниот парадокс

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.723
Поени од реакции
14.790
Значи, како скоро дипломиран нормално е да гледам огласи.
За да аплицираш на еден оглас и да го пратиш по пошта (ако не си од Скопје) цената за аплицирање на истиот е минимум 300 денари, сума во која спаѓа заверката на документите кај нотар, вадење на документите и цената за истите, како и поштарината.

Значи не го сфаќам парадоксот - огласите се за невработени (што не значи дека и вработени не аплицираат на истите), а за аплицираш на 2-3 огласи отидоа минимум 1000 денари.
Нормално дека некои од поголемите фирми во Македонија имаат да си направиш и онлајн профил и CV и да аплицираш со тоа, ама 95% од огласите во Македонија се со физички документи и огромен трошок за невработено лице.

Disclaimer - поштедете само од муабетот за местените огласи пошто знаеме за тоа.
 
Можеби грешам, но овие места кои бараат заверки од нотар на документи и аплицирање преку пошта се државна администрација?
Или имаш некој пример од приватна компанија која при апликација би ти побарала заверка на документи да споделиш.
 
timthumb.php
 
Не знам за други места но мене во МЕПСО ми побараа, среќа во несреќа што после конкурсот со писмото дека не сум примен ми ги вратија назад да ги имам за друга прилика.
 
Можеби грешам, но овие места кои бараат заверки од нотар на документи и аплицирање преку пошта се државна администрација?
Или имаш некој пример од приватна компанија која при апликација би ти побарала заверка на документи да споделиш.
Koлку што јас знам, за во администрација, доколку си примен, тогаш ти даваат рок за да доставиш документи во оригинал или копија заверена на нотар.
Не верувам дека нешто поразлично би било и во приватниот сектор.
 
Документи секаде доставуваш на вработување, но овде стелт збори за аплицирање, а тоа е исклучиво во државно-јавниот сектор кај нас. Значи аплицираш по пошта со документи заверени на нотар исклучиво во администрација. Си реков да не има некој исклучок од приватен сектор каде секаде се аплицира со св, препораки и сертификати, некаде и мотивационо писмо.
 
Ме интересира од каде тоа дека во 95% од огласите апликациите се праќаат по пошта? Дај некој таков оглас.

Пред 3 години завршивме со жена ми и на 200 места имавме пратено CV. Освен во државна администрација сите други беа да се прати преку меил или директно да се аплицира на нивната веб страна. Тие што бараа диплома, сертификати и мотивационо писмо беше наведено да им се прати на меил.

Вие што не сте од Скопје парите ако не ги дадете за aплицирање преку пошта ќе ги дадете за превоз кога ќе ве повикаат на интервју. Јас колку пати за џабе си фрлав по 500 ден за превоз. :icon_mrgr:

Овие за во државна администрација преку пошта праќаат пријава, а диплома заврена на нотар откако ќе ги вработат. Комплетни документи заврени на нотар бараа на огласи во МВР и НБРМ.
 
Документи секаде доставуваш на вработување, но овде стелт збори за аплицирање, а тоа е исклучиво во државно-јавниот сектор кај нас. Значи аплицираш по пошта со документи заверени на нотар исклучиво во администрација. Си реков да не има некој исклучок од приватен сектор каде секаде се аплицира со св, препораки и сертификати, некаде и мотивационо писмо.
Пред неколку години... море има едно 5 години сигурно, мој другар аплицираше, и беше примен како државен службеник во Општина Струмица.
Тогаш знам дека аплицираше само со пополнување на некој формулар, па беше полагаше тестови, беше известен дека е избран и повикан да достави соодветна документација (таксативно наведено во известувањето) во оригинал или заверени кај нотар.
Како сега одат работите - искрено не знам.
 
Незнам ни јас како одат работите во државно, но приватна фирма да бара заверени документи на нотар ниту сум слушнала, ниту сум видела. Ете и погоре примерот со Мепсо е таков, тоа е државна фирма и таму се бара заверка. Исто е и Рек Битола и останати државни фирми. Чим е државна начинот е тој за апликација.

Еве на најди работа има и државни и приватни. На државните се аплицира вака:
Заинтересираните кандидати потребно е да достават:
• уверение за државјанство на РМ;
• лична биографија (CV) не поголема од 5 страни;
• мотивационо писмо од најмногу 500 зборови во кое ќе биде наведена позицијата/те за кои кандидатот аплицира;
• диплома за завршено образование соодветно за местото за кое се аплицира;
• доказ за минимална должина на работно искуство во струката (за позициите за кои се бара искуство);
• доказ за познавање на англиски јазик;
Горенаведените документи потребно е да се достават во оригинал или копија заверена на нотар.
Пријавите со потребните документи да се достават до Архивата на Управата за финансиска полиција или преку пошта на следната адреса:
Управа за финансиска полиција
Ул.Кеј Димитар Влахов бр.4 кат 4, 1000 Скопје
со назнака: за „ЈАВЕН ОГЛАС БР: 01/2014”.
Рокот за достасување на пријавите изнесува 40 (четириесет) дена, сметано од денот на објавување на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).
Ненавремена, нецелосна и неуредна документација , нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата за вработување во Управата за финансиска полиција.
Со кандидатите кои доставиле уредни пријави за работното место ќе биде спроведено тестирање од соодветната област за која се конкурира, англиски јазик и интервју за кое ќе бидат писмено известени.
Почетокот и завршетокот на дневното и неделното работно време за сите огласени работни места е утврден од 08:30 до 16:30 часот, од понеделник до петок.
Комисија за спроведување на постапка за вработување
УПРАВА ЗА ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА

А еве приватна фирма што бара при апликација:
Целосен оглас: Фирмата МАКОИЛ ДООЕЛ има потреба од 10 работници-продавачи на Бензиска Пумпа. Кандидатите треба да поседуваат ССП. Предходно работно искуство на иста или слична работна позиција ќе се смета за предност.
Работата ќе се одвива во смени. Бруто плата за оваа работна позиција е 15,636.00ден.
SV да се достави на mail:makoilsk@hotmail.com

Макоил

Кандидатите треба да испратат кратка биографија (CV) со мотивационо писмо на следната адреса: АЛВОГЕН ПХАРМА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Гевгелија, ул. Борис Кидрич бб, 1480 Гевгелија, е-пошта на: Magdalena.ilieva@alvogen.com со назнака „Стручен соработник“ најкасно do 17.09.2014. Само најтесниот круг на кандидати ќе бидат контактирани. Апликациите ќе бидат третирани со доверливост.
Фармација

итн.

@STEALTH рече 95% барале физички документи, па се надевам ќе сподели барем еден оглас од приватна фирма кој наложува таков трошок на невработени.
 
Последно уредено:
Кај државните има разлика за тоа дали се работи за институција и позиција каде би бил државен или јавен службеник или не. Кај првиве, си има посебен начин, аплицираш преку интернет на страната на Агенција за администрација, па полагаш тест, првите 5 според резултати од тестот и просек од факс одат на интервју, по што се рангираат најдобри 3 кои полагаат психолошки тест и дури после првиот ги носи документите во институцијата. Ако е се во ред, се прима на работа, ако не е, се бара вториот да донесе, па третиот...Ако не се работи за позиција на државен/јавен службеник е поразлично односно како огласов за во финансова полиција од @leandra.

Кај приватните имаш апликација по мејл, со CV и/или мотивационо, по што може ќе викнат на интервју, може не, па ако влезеш во потесен круг, на уште едно интервју, на овие интервјуа си носиш (јас барем) документи како што се диплома, препораки и слично, ама не секој бара да ги види. Откога ќе бидеш избран, тогаш ги доставуваш официјално, нормално за во твоето досие таму.

Ова е од искуството досега што сум го имал, а сум бил и во двете ситуации до крај т.е. до моментот коа треба да носиш документи. Не сум бил во ситуацијата кога вработувањето е во државна фирма, ама не стануваш државен службеник, а претпоставувам за такви огласи е и парадоксот од темава.
 
Од искуство во 95% од државните бараат писмени документи, од кои патем само еднаш имам пратено и никогаш повеќе пошо се џабе фрлени пари. Се знае во Македонија кој примаат у државно, да не се лажеме.
Во приватниве има некои кои бараат писмени документи, али се многу ретки таквите.

Ee, ti sakas da lezis a ne da rabotis. Toa e paradoksot.
Валволин и неговиот интелект.
:facepalm:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom