Резервни наставници за време на штрајк

  • Креатор на темата Креатор на темата Bori_se
  • Време на започнување Време на започнување
Не сакам ништо за возврат, работам за каузата.

Сериозно, треба да се скратат малку платите и правата на даскалите. Реално не вреди толку работата. А кадар има со лопата да го риниш.
Јас како предметен професор во приватно школо не гледам дека имам некои права, исто и дека примам голема плата (која е за 20-30% помала од државните школи)
А дека има кадар со лопата да го ринеш тоа е работа на државата зошто овие професии се врзани исклучиво со државни институции. На ниеден приватен факултет нема студиски групи од филозофски факултет, само на државниот. нека си го регулира државата НЕЈЗИНИОТ факултет и нека ги стави овие групи во мирување
 
Aко може кадар кој е далеку појако образован од учителите во приватен сектор да работи за 10000 и самарот да му го стегнат ондак може истите правила да важат и за даскалите.
И сега сите да скокнеме во Вардар. Нема проблем, кога ќе биде даденото образованието соодветно на платата и кога новите генерации ќе бидат скроз неписмени тогаш и за 6000 ќе работат.

Тоа што еден учител го работи е непроценливо ама ете мора и леб да се јаде па од негде треба и плата да се зема.

Море арно викаш дај да отвориме приватни училишта па кој има по 10.000 евра семестар да плаќа ќе биде писмен а кој не нека се снаоѓа.

Сме нашле школо на вересија па не знаеме да го цениме трудот на луѓето што прават луѓе од нас.
 
Абе доста серете, каква еластична кичма имаме добро што не ни забранат да дишиме.
Јас да сум на власт на овој народ би му наплаќал воздух, чисто да видам до која граница е глуп.
Бесконечно?[DOUBLEPOST=1409952305][/DOUBLEPOST]
А што е данокот уствари? :D
Плаќаш што воопшто си се родил. Тоа е данокот. Најголемата глупост на сите времиња.
 
Не сакам ништо за возврат, работам за каузата.

Сериозно, треба да се скратат малку платите и правата на даскалите. Реално не вреди толку работата. А кадар има со лопата да го риниш.

Даскалите треба да бидат една од најбитните професии воопшто, затоа што нивната одговорност треба да игра огромна улога при формирањето на личноста на младите и нивниот начин на размислување. Таа работа треба да вреди и треба да е платена. Тоа што кај нас не е така е друг проблем. Иначе супер е предлогов. Заменските наставници нема да фигурираат како невработени и ќе гласаат за преродбата. What's not to like...
:facepalm::facepalm::facepalm:
 
Aко може кадар кој е далеку појако образован од учителите во приватен сектор да работи за 10000 и самарот да му го стегнат ондак може истите правила да важат и за даскалите.

Од каде ваква информација?
 
Проблемот со овој закон е што кога ќе дојдеме до ситуација да треба да се побуниме за нешто државата ќе ни каже: Ако, бунете си се вие, има други магариња кои ќе работат за уште помалку.
 
Да не ве цитирам сите, одговор до сите што ме цитиравте.
Ниту сте најважни, ниту вашата работа е најтешката, клучната за едно општество или не знам што. Заменливи сте како петденарки. Со вас или без вас светот ќе се развива понатаму. Умре социјализмот.
А учител, наставник знаеме дека во 99% се медиокритети. Секоја чест на исклучоците кои навистина со љубов ја работат таа работа, која ја сфаќаат како позив и кои ги имаат вистинските вредности и морал.
Тие што гледаат што помалку да работат, а да изнудат што повисока плата не ја заслужуваат титулата учител.[DOUBLEPOST=1409956986][/DOUBLEPOST]И едно прашање до тие што се запаливте да цитирате. Колку од вас ги одбиле молбите на пријатели да му се напишше една петка на ,, наше дете ,,? Ако имате образ чесно да одговорите на ова прашање и да речете дека никогаш не сте дале незаслужено повисока оценка на ,,ваше дете,, може да имате кредибилитет за некаква дискусија. Инаку смешно изгледате.
 
Последно уредено:
Да не ве цитирам сите, одговор до сите што ме цитиравте.
Ниту сте најважни, ниту вашата работа е најтешката, клучната за едно општество или не знам што. Заменливи сте како петденарки. Со вас или без вас светот ќе се развива понатаму. Умре социјализмот.
А учител, наставник знаеме дека во 99% се медиокритети. Секоја чест на исклучоците кои навистина со љубов ја работат таа работа, која ја сфаќаат како позив и кои ги имаат вистинските вредности и морал.
Тие што гледаат што помалку да работат, а да изнудат што повисока плата не ја заслужуваат титулата учител.
Тотално си во право, кога ќе прочитам некој како тебе со ваков капацитет на размислување се замислувам дали си ја заслужувам платата од 5,300 денари. А за болдираното стварно не ми е јасно како очекуваш светот да се развива без учители какви и да се. Каде тие што ќе го развиваат светот ќе научат да читаат како прво без некој да ги научи. Од овој твој пост незнам дали да се смеам или да земам 2 метра јаже да се обесам. Да се немало до толку памет за две логични реченици да се склопи :tapp:
btw што има врска социјализмот со образованието и професорите или колку по навика да се замеша во се
 
Види вака. За да дискутираме треба да те разберам. Ми кажуваш приватно работиш ако правилно те разбрав. Искрено немам појма како функционираат приватните школи и не можам за тоа подрачје да кажувам.

Меѓутоа од она што сум го видел како ученик во државните школи каде бев и првенец на генерација сум крајно незадоволен.
Еве овде уште неколку бонус прашања са сите даскали кои се бунат како грк во апс. Нека одговорат на овие прашања чесно и јасно па потоа нека паламудат за права.
-Колку пати сте напишале оценка која е повисока од онаа што ученикот ја заслужува само затоа што има врски?
-Колку пати сте закаснале на час затоа што во моментот поинтересно ви било да ја допушите цигарата или да оговарате со колешката?
-Колку пати досега сте ги понижувале учениците со погрдни зборови или недај боже со ќотек?
-Колку пати досега сте се иживљавале врз ученик испрашувајки го секој час цела година?
-Колку пати досега сте напишале оценка пониска од онаа што ученикот ја заслужува заради тоа што сте имале замерки према неговите родители или спрема него?
-Колку пати досега сте му помогнале на сиромав ученик со тоа што сте му рекле да го учи го матерјалот од стар учебник кој е поефтин ,,на старо,, затоа што основите на науката не се менуваат во 1 година?
-Дали барате учениците да го разберат материјало или само да ви ги изрецитираат трите страни напамет како стихотворба?
-Дали знаете кои се новите светски трендови и предизвици на иднината за да можат утре новите едуцирани генерации да се конкурентни на глобалниот пазар на труд?
-Дали знаете да препознаете ученик со натпросечни таленти и дали знаете да го насочите како да се истакне на светско ниво во вашата област? Под ова мислам на натпревари.
 
Многу убави (и добВи) закони, нема што. Ова се е кВеација на пВемиеВот. Знае дека има сигуВна победа и на следните избоВи и сега си шета сВободно додека пВосечниот македонец се боВи да пВеживее.

Нека продолжат вака затоа што недемократијата е се поизразена и поизразена. Светот го гледа профитот кој е поткрепен со кредитите затоа што без истите во секој сектор ќе пропаднеме.

И медиумскиот молк си го прави своето. Битно е сега дали Заев ќе доживее уште еден пораз што на некој начин е растеретување односно за моменти го тераат народот да ги тргне мислите од проблемите и ветуваат празни зборови кој на крајот не се ни реализираат. Тоа е карактеристика за секоја влада.

Што ќе ми е мене бронзата, кога моите уставни права не ми се дозволени? Тука постои и апсолутизмот. Тоа е друга тема за дискусија. :)

Но факт е дека овој закон е многу глупав,и башка ќе се уништи наставата, која моментално е на работ на пропаста. :)
 
А, ако излезат сите професори од едно школо да протестираат, дали сите ке бидат заменети? ова што се прави е безвеза дупење у здрав разум. то е...

Сериозно, треба да се скратат малку платите и правата на даскалите. Реално не вреди толку работата. А кадар има со лопата да го риниш.

Другарче тебе да те стават еден ден да бидеш професор во средно за некоја мизерна плата, ке посакаш никогаш да не се вратиш таму. Жално е што само јадете слама и киснете по штабови и кладилници.

Меѓутоа од она што сум го видел како ученик во државните школи каде бев и првенец на генерација сум крајно незадоволен.
Еве овде уште неколку бонус прашања са сите даскали кои се бунат како грк во апс. Нека одговорат на овие прашања чесно и јасно па потоа нека паламудат за права.
-Колку пати сте напишале оценка која е повисока од онаа што ученикот ја заслужува само затоа што има врски?
-Колку пати сте закаснале на час затоа што во моментот поинтересно ви било да ја допушите цигарата или да оговарате со колешката?
-Колку пати досега сте ги понижувале учениците со погрдни зборови или недај боже со ќотек?
-Колку пати досега сте се иживљавале врз ученик испрашувајки го секој час цела година?
-Колку пати досега сте напишале оценка пониска од онаа што ученикот ја заслужува заради тоа што сте имале замерки према неговите родители или спрема него?
-Колку пати досега сте му помогнале на сиромав ученик со тоа што сте му рекле да го учи го матерјалот од стар учебник кој е поефтин ,,на старо,, затоа што основите на науката не се менуваат во 1 година?
-Дали барате учениците да го разберат материјало или само да ви ги изрецитираат трите страни напамет како стихотворба?
-Дали знаете кои се новите светски трендови и предизвици на иднината за да можат утре новите едуцирани генерации да се конкурентни на глобалниот пазар на труд?
-Дали знаете да препознаете ученик со натпросечни таленти и дали знаете да го насочите како да се истакне на светско ниво во вашата област? Под ова мислам на натпревари.

Абе и они се луге нормално дека некогаш ке закаснат, или ке навредат некого. Некогаш ке ти пукне филм, неможеш да се воздржиш. Иначе за ова што велиш дека требало да ги учат на знаење дрн дрн... абе разбери со сила убавина не бива, башка па и тоа што ги замарат со едневник и ред други глупости, не дека сето тоа е потребно ама колку да се рече нешто.
 
Последно уредено:
Другарче тебе да те стават еден ден да бидеш професор во средно за некоја мизерна плата, ке посакаш никогаш да не се вратиш таму. Жално е што само јадете слама и киснете по штабови и кладилници.
Ете два поста над твојот има листа на прашања. Предлагам секој еден учител да земе и да одговори на тие прашања да видиме дали има личен интегритет и образ за да штрајкува.

Прашањата кои ги поставив не се политички.

Edit сега видов си одговорил додека го пиував ова. ок е.
 
Ете два поста над твојот има листа на прашања. Предлагам секој еден даскал да земе и да одговори на тие прашања да видиме дали има личен интегритет и образ за да штрајкува.

Прашањата кои ги поставив не се политички. Ете да видиме колкумина имаат личен интегритет и ОБРАЗ.
Прашањата ти се убави.
Но правото на протест е уставно загарантирано. Ако е така, слободно можеме да најдеме замерки во секоја работа (професија) односно замерка на секоја личност за тоа како си ја врши работата и така многу полесно ќе му се оспори правото на протест.
Ако сметам дека има причина за протест, ќе протестирам.
И верувај, денешните професори/наставници навистина имаат.:)
 
Види вака. За да дискутираме треба да те разберам. Ми кажуваш приватно работиш ако правилно те разбрав. Искрено немам појма како функционираат приватните школи и не можам за тоа подрачје да кажувам.

Меѓутоа од она што сум го видел како ученик во државните школи каде бев и првенец на генерација сум крајно незадоволен.
Еве овде уште неколку бонус прашања са сите даскали кои се бунат како грк во апс. Нека одговорат на овие прашања чесно и јасно па потоа нека паламудат за права.
-Колку пати сте напишале оценка која е повисока од онаа што ученикот ја заслужува само затоа што има врски? исто и во државно и приватно на совет директорот им ги поправа така да врските барај ги кај него
-Колку пати сте закаснале на час затоа што во моментот поинтересно ви било да ја допушите цигарата или да оговарате со колешката? ако закаснам на час можам слободно да не доаѓам веќе
-Колку пати досега сте ги понижувале учениците со погрдни зборови или недај боже со ќотек? нема теоретска шанса ова да се случи од било кој проф. во последните години со законот за образование
-Колку пати досега сте се иживљавале врз ученик испрашувајки го секој час цела година? нема - забрането (барем во приватно незнам за државно)
-Колку пати досега сте напишале оценка пониска од онаа што ученикот ја заслужува заради тоа што сте имале замерки према неговите родители или спрема него? незнам задржавните ама во приватно да му пишам помала оценка :)
-Колку пати досега сте му помогнале на сиромав ученик со тоа што сте му рекле да го учи го матерјалот од стар учебник кој е поефтин ,,на старо,, затоа што основите на науката не се менуваат во 1 година? учебниците се бесплатни и ги дели министерството, е порано кога не беше така се купуваа. сакал да ти направи услуга да учиш од поевтин учебник, што очекуваш да го купи за тебе (ова е едно од прашањата што треба да го адресираш до министер.)
-Дали барате учениците да го разберат материјало или само да ви ги изрецитираат трите страни напамет како стихотворба? секој со својот метод не се мешам само знам дека јас несмеам така
-Дали знаете кои се новите светски трендови и предизвици на иднината за да можат утре новите едуцирани генерации да се конкурентни на глобалниот пазар на труд? затоа постојат обуки што треба да им ги обезбеди работодавачот како и во секоја работа (ова исто е едно од прашањата што треба да го адресираш до министер.)
-Дали знаете да препознаете ученик со натпросечни таленти и дали знаете да го насочите како да се истакне на светско ниво во вашата област? Под ова мислам на натпревари. постои нешто што се вика буџет на школото и ако не е предвидено за твојот предмет плус активности ученикот може и најбрилијантниот ум на планетата да е професорот неможе ништо да направи од свој џеб нема да плаќа (ова е едно од прашањата што треба да го адресираш до министер.)
првенец на генерација со логичко во наводници размислување како болдираното во претходниот пост WOW, We're in trouble
а како одговор на прашањата, јас овде не ни барам права нити се работи за приватните школи. Штрајкот и резервните наставници важат само за државните. Повеќе од пола од твоите прашања не зависат од професорот и се прашања што треба да ги поставиш на владата и надлежното министерство. Приватните се разликуваат со државните и сите го знаат тоа ама еве јас ке ти ги одговорам прашањата ^
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom