Македонска Kошаркарска Лига - Сезона 2014/15

  • Креатор на темата Креатор на темата Yeezus
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Сала во брвеница има, но салата е школска (од новите сали е). Па тетово има спортска сала, зар и таа услови не пополнувала.
Па и да не можат во Тетово, што не играат во Гостивар.
Тогаш можат и во Скопје да играат..
 
И УГД така се вика екипата од Штип ке играт у сала од тија новите или па у ЕМУЦ-о(средно школо е тоа има една трибина) друга сала нема у Штип немаме ни една нормална сала.Има уште една сала дека игра РК Текстилец тоа е у основно школо(и таа е само со една трибина со десетина реда мош и помалку)
 
Кај сакале тие другите

Било каде што има услови за игра.


Сала во брвеница има, но салата е школска (од новите сали е). Па тетово има спортска сала, зар и таа услови не пополнувала.
Па и да не можат во Тетово, што не играат во Гостивар.

Салата во Тетово не ги исполнувала стандардите.

http://sportmedia.mk/t-basket-saka-da-igra-vo-prva-liga-ama-vo-sala-bez-parket/

"Спортскиот објект во Тетово нема услови за прволигашка кошарка, исто како и двете останати сали во околината кои управата на Т-Баскет ги планираше да ги пријави како алтернатива за нивната матична сала."
 
Доста добро тимче склопиле Соколи,водат против Кожув во Гевгелија 8 разлика:)
Иначе добро е салава у Гевгелија што е добро исполнета(y)
 
Денес имаше Здружение. Т-Баскет се откажува од лигата. Барале домашен терен да им биде Брвеница (не сум сигурен дали таму има воопшто сала), а останатите екипи не го прифатиле предлогот, по што овие официјално се откажале.

Сега остануваат 9 екипи. Лична моја прогноза е дека во текот на првенството ќе се откаже уште 1 екипа.
Салата во Брвеница е истата како онаа во Чаир кај што играа Лирија лани значи исполнува услови а сигурен сум и дека е подобра од онаа малата на Кале, може салата у Струмица што е у фаза на распаѓање е подобра или па Младост во Битола кај што паркетот е од времето на Тито, само КФМ си игра по двојни аршини
 
Салата во Брвеница е истата како онаа во Чаир кај што играа Лирија лани значи исполнува услови а сигурен сум и дека е подобра од онаа малата на Кале, може салата у Струмица што е у фаза на распаѓање е подобра или па Младост во Битола кај што паркетот е од времето на Тито, само КФМ си игра по двојни аршини
Лирија не играше во Чаир лани, туку во малата Кале :)
Изиграа некоја утакмица во Чаир, ама потоа добија забрана.

Не знам каква е салата во Брвеница, ама тешко дека е подобра од малата Кале. Единствена мана на малата сала во Кале е тоа што е МАЛА и нема толку простор за публика. Во секој друг поглед салата е перфектна и ги исполнува сите услови ;)

Одма изненадување уште во првиот меч. Соколи со доминација во текот на целиот меч, успеаа да го совладаат Кожуф на гости. Очекував годинава Соколи да се борат за највисоките места, ама не очекував дека уште одма ќе распалат на гости во Гевгелија особено што Кожуф ги сметам за едни од главните конкуренти за титула, особено по одличниот подготвителен период.
 
После ќе се бунат се носеле странци :tapp:
03lNf6v.jpg
 
За нашава сала вафли не јадете, сала Парк скоро е реновирана и доби висока оценка и од ЕХФ и нон стоп се одржуват Светски и Европски првенства во млади категории 7 години под ред во некој од тие 7 години и по 2 првенства се одржувале.
За составот на КК Струмица може да се каже од 1949 кога се игра кошарка овде и постои клубот на овој или оној начин ние најтапа не знам како се Лисици и Гоце Делчев али сме печени за 2ра лига.КК Куманово и они не се ништо посебно најслаба екипа од кога се вратија у прва лига имат но со оглед дека салата у Куманово е фaнатична може да стигнат до плеј оф али далеку дека се фаворити од сенка како што е напишано во еден пост.
 
не е можно туку он е , сеа единствено ако не е некоја фотомонтажа :D
 
Фени го растури МЗТ и тоа сред Аеродром. Без Цинцадѕе слабо ќе му оди на МЗТ...
На крајот 73-80.

Којзнае дали се случило некогаш на сите мечеви да слават гостите, како што беше случај во воведното коло од новиот шампионат :vozbud:
 
Фени го растури МЗТ и тоа сред Аеродром. Без Цинцадѕе слабо ќе му оди на МЗТ...
На крајот 73-80.

Којзнае дали се случило некогаш на сите мечеви да слават гостите, како што беше случај во воведното коло од новиот шампионат :vozbud:

Доста изненадувања на почетокот на сезонава , Соколи ги тепаа Кожув во Гевгелија и МЗТ изгуби дома од фени , само да видиме Работнички до кај е
 
Од МТВ и федерацијата ако има еден нормален еве на...Играат Куманово-Кожув,дерби на колото според мене,а тие пустите ќе пренесуваат Гоце Делчев-Соколи :pos::pos::pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom