Салата во Брвеница е истата како онаа во Чаир кај што играа Лирија лани значи исполнува услови а сигурен сум и дека е подобра од онаа малата на Кале, може салата у Струмица што е у фаза на распаѓање е подобра или па Младост во Битола кај што паркетот е од времето на Тито, само КФМ си игра по двојни аршини
Лирија не играше во Чаир лани, туку во малата Кале
Изиграа некоја утакмица во Чаир, ама потоа добија забрана.
Не знам каква е салата во Брвеница, ама тешко дека е подобра од малата Кале. Единствена мана на малата сала во Кале е тоа што е МАЛА и нема толку простор за публика. Во секој друг поглед салата е перфектна и ги исполнува сите услови
Одма изненадување уште во првиот меч. Соколи со доминација во текот на целиот меч, успеаа да го совладаат Кожуф на гости. Очекував годинава Соколи да се борат за највисоките места, ама не очекував дека уште одма ќе распалат на гости во Гевгелија особено што Кожуф ги сметам за едни од главните конкуренти за титула, особено по одличниот подготвителен период.