Crazy in Love
Here's looking at you kid.
Насловот доволно кажува се.
Која е најпреценетата или најпотценетата книга што сте ја прочитале?
“Прочитале“ го болдирав, затоа што знам дека заради хистеријата многумина ќе кажат дека “50 нијанси на сиво“ е преценета, иако не ја прочитале. Јас, на пример, ја немам прочитано, ниту имам намера, но штом не сум ја прочитала немам право ни да ја коментирам. Стојам на ставот дека за да сакаш/мразиш некоја книга, мораш прво да ја прочиташ за да можеш да оформиш мислење.
Така, ако немате прочитано некој бестселер, не го ставајте тука.
Се важат само прочитани книги.
И нормално, само наслови од книги не е доволно, треба да објасните и ЗОШТО мислите така и може и мал опис да ставите од книгата за тие што ја немаат прочитано отприлика да сфатат за што се работи.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако ставите само наслов, постот автоматски ќе ви биде избришан.
Еве јас ќе започнам.
Си ја купив The Fault in Our Stars од Џон Грин и дефинитивно ќе кажам дека не само што е преценета, туку е најпреценета книга на светов. Апсолутно немаше ништо што ме задржа за книгата, иако тематиката е таква што треба да те потресе. Очекував да не можам да си дојдам на себе, да се убијам од плачење, а едноставно бев буквално рамнодушна. Ја завршив, си ја ставив на полица и толку беше.
За тие што не се запознаети (а не верувам дека има таков, сега и филмот излезе, it's everywhere), филмот е за девојчето Хејзел која има терминален рак и нејзините родители живеат во постојан страв дека секој ден може да е последен. Таа е тинејџерка, саркастична, го гледа светот низ сосема поинаква призма. На една од групите за поддршка го запознава Аугустус кој е тинејџер кој преживеал рак, но ја има изгубено едната нога. По тоа запознавање, Хејзел и Аугустус (или нагалено Гус) се зближуваат и од тука започнува понатамошното дејство.
Книгата се чита брзо, искрено за два дена ја прочитав, но преценета е од аспект на тоа дека едноставно по завршувањето не остава некоја длабочина, нешто да те натера да размислиш. Едноставно ја завршуваш и тоа е тоа.