Воведување на "такса влез" во супермаркети и продавници како и во Трговските центри

  • Креатор на темата Креатор на темата Keljav
  • Време на започнување Време на започнување
За мене ова е чиста глупост. Во продавница одам да купам одреден производ, а не да шетам. Но има ситуации кога производот што го барам го нема, цената е прескапа или пак квалитетот на производот не задоволува. Немам намера некому да платам за да разгледам што нуди. По таа логика ќе го наполнам цел маркет со конзерви со кучешки измет и ќе наплаќам влез, а бидејќи никој нема да сака да купи ќе имам чист профит од влезници.

Да во некои земји, во отмени ресторани и луксузни продавници наплаќаат влез за да ги одвојат просечните од луксузните клиенти, односно локалниот пијаница да не му досаѓа на "познатиот актер" или бизнисмен. Но во земја со ултра развиена економија како Македонија ваквиот потег е рамен на финансиско самоубиство.
 
Последно уредено:
За мене ова е чиста глупост. Во продавница одам да купам одреден производ, а не да шетам. Но има ситуации кога производот што го барам го нема, цената е прескапа или пак квалитетот на производот не задоволува. Немам намера некому да платам за да разгледам што нуди. По таа логика ќе го наполнам цел маркет со конзерви со кучешки измет и ќе наплаќам влез, а бидејќи никој нема да сака да купи ќе имам чист профит од влезници.

Да во некои земји, во отмени ресторани и луксузни продавници наплаќаат влез за да ги одвојат просечните од луксузните клиенти, односно локалниот пијаница да не му досаѓа на "познатиот актер" или бизнисмен. Но во земја со утра развиена економија како Македонија ваквиот потег е рамен на финансиско самоубиство.

Се слагам со твоето. Убаво е да го има. Има и клиенти за кучешки измет.
 
Се слагам со твоето. Убаво е да го има. Има и клиенти за кучешки измет.
Има. Ете нека отвори посебно продавница изолирана од другите и нека си наплаќа за влез.
 
Ајде отвори очи. Јас веќе сум разговарал со многу фирми и се готови да го имплементираат. Во крајна сметка ако немаш пари и одиш да шеташ значи им го губиш времето на вработените и си потенцијален ризик. Секако целта на тоа е фокус кон вистинските клиенти. И ако идеш да купиш на пример патики не е проблем да платиш 30 денари такса влез во Молот или супермаркетот и секако кога ќе ги купиш патиките на пример на касата ќе ти вратат 25 денара. 5 денара се такса од која ќе се платат чистачките, одржавањето на молот и слично.
А доколку не ти се допаѓаат патиките или нема број за тебе......?????
 
@Keljav

Идејава е ок ама не како ти што си ја замислуваш. Како што кажаа веќе, воведувања ваква такса во трговски центар или бензиски пумпи е чиста глупост. Членот погоре веќе објасни ваков влез се плаќа само на одредени места каде им одговара на бизнисот т.е елитни ресторани итн.

Додека на пример трговските центри и бензиските пумпи главниот профит им е од средната класа и со конкуренција каква што имаме денес ваков потег е еднаков на самоубиство.
 
Идам во Синеплекс,кај картата е скапа за нашиот стандард па уште и да плаќам влез за во Сити Мол.Ова како замислам го немам досега сретнато а и не ми се верува дека ќе го видам кај нас.Ако се толку алчни за пари нека пробаат,јас мислам ќе имаат помал приход него ли кога не се плаќало влез.
 
Глупости. Кога ќе врне кај ќе се криеме ако не по продавници:)

Башка честопати тоа што го барам во продавница го нема..... да платам за влез, а да излезам со празни раце...
 
Супер идеја, зошто да не се воведе и такса за да пробаш облека во бутик? ЦЦЦЦ на оваа сиромаштија уште тоа фали.
 
Во Македонија веќе одамна функционира систем кој прави одредена "позитивна" дискриминација. Цените за исти артикли се повисоки и на тој начин се намалуваат гужвите и шетачите. Исти артилки можеш да купиш и во ГТЦ и во Шутка. Разликата е цената и потрошувачкото искуство. Во Шутка одреден производ ќе го платиш 300 денари, ќе се туркаш во гужва, нема каде да пробаш и слично, во ГТЦ истиот производ ќе го платиш 1500 но ќе ја избегнеш гужвата.

Исто е и со големите маркети Рамстор е поскап и попријатен за пазарување од Стокомак кој е преполн со пензионери.

Градската кафеана Пелистер на плоштад не забранува никому влез, но цените ги одвраќаат малските пијаници и шетачите со послаб џеб, што им овозможува на луѓето кои сакаад да јадат или пијат на раат да си платат и да уживаат без вознемирување и гужви.
 
....смешки живи...;) . од друга страна никој не им брани.., па нека си ја пробаат среќата......можеби добра идеа е да воведат избацивачи на врата , па нека тие проценуваат кој е муштерија , а кој кибицер.... А и закажување на термини на интернет не е лоша работа, кажуваш што сакаш да купиш , колку пари да потрошиш и со кого во друштво , па на основа на проценка дал си интересен муштерија тие ти праќаат пропусница со код.., која ја печатиш и со неа се чекираш на врата....:tapp:
...познато е правилото дека 80% од бизнисот се праи со 20% од муштериите, а 80% од муштериите ти прават само 20% од прометот..., но тоа е кога правиш анализа отпосле...илити како она се вика: секој е генерал после битка..
 
Што се замарате со бугаров ќељав, он имаше и друга идеја демек и да се плаќало такса за нерегистрирано возило зошто така било и на запад и морало тоа да се имплементира и тука.
 
Прва реакција - :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:
Откако се изнасмеав, се поставува прашањето: Зошто би платила за да се шетам низ трговски центар?
Тие треба да те привлечат на секаков начин да влезеш и да потрошиш пари, а не ти да им плаќаш за да влезеш за да им дадеш пари.
 
Прва реакција - :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:
Откако се изнасмеав, се поставува прашањето: Зошто би платила за да се шетам низ трговски центар?
Тие треба да те привлечат на секаков начин да влезеш и да потрошиш пари, а не ти да им плаќаш за да влезеш за да им дадеш пари.
Не, жити лебот немој, ја мислам треба и документ за имотно парична состојба да бараат, колку луѓево располагаат со средства, недај боже ете некој сака да купи боза во Шехеразада, па тоа треба да исполнува барем сопственост на 2 станови и измирени сметки до предпоследниот месец. :icon_lol:
 
Малку се високи цените за нашите стандарди па и влез да наплаќаме? Јас се чудам како до сега не ги затворија веќе постоечките трговски центри..
 

Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...
Back
На врв Bottom