Стрипови

  • Креатор на темата Креатор на темата rorschach6
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
5 април 2014
Мислења
53
Поени од реакции
27
Возраст
33
Има ли љубители на стрипови во мк и ако некој знае каде би можел да најдам DC Comics ?
 
Има ли љубители на стрипови во мк и ако некој знае каде би можел да најдам DC Comics ?
У Бункер има.
Ама на српски, шо лично мене ми е многу анојинг, и по прилично високи цени.
Можеш да си порачаш од ибеј, и со се поштарина фаќа поефтино него ли од стрип книжара да ги земеш.
 
Никогаш не сум зимал од ebay некое инфо? Што ми треба освен картичка?
 
Никогаш не сум зимал од ebay некое инфо? Што ми треба освен картичка?
Па ништо друго.
Едно време кочеше тоа шо со македонски картички не можеш да имаш пејпел, ама веќе месец-два бива, така да ... :)
За стрипови ќе ти земат поштарина некој долар, за поситни работи не земаат. Зависи од продавач до продавач.
 
Едно време се сеќавам имав неколку стрипови кои ми ги купуваше татко ми, тоа некаде далечната 98-99 година кога тргнав во прво одделение. Од тогаш досега никаде во Македонија немам видено некаде да се продаваат стрипови. Во Грција, односно Солун има мал милион трафики и продавници за стрипови, згора на тоа и на плажа сум сретнал киосци кои продаваат стрипови. Инаку да, Ибеј и Амазон се најдобрите места да се дојде до стрип во Македонија. Ем оригинал на Англиски, ем ефтино.

EDIT: Еве уште две страници специјално за продавање на стрипови. Имате стрипови од 25 центи до 1500 долари.

http://www.midtowncomics.com/

https://www.mycomicshop.com/
 
Последно уредено:
U Tetovo kaj Vero u trafikite sum videl imaat po nekolku stripovi isto i kaj socijalno vo trafikite ima

Sent from my Vodafone Smart II using Tapatalk 2
 
Од овој септември...
Нова, поинаква стрип серија...
Драги стрип пријатели,
На наше огромно задоволство ви го претставуваме новиот
стрип серијал на македонски јазик - ДРАГОНЕРО, најновата долгорочна серија од италијанската издавачка куќа Серџо Бонели Едиторе (јуни 2013), прва од жанрот Епска Фантастика, приказна создадена од авторите Luca Enoch и Stefano Vietti.
Кој е Драгонеро?
Иан Аранил, главниот лик во серијата, е поранешен кралски извидник кој живее во кралството Ерондар, припадник на древната лоза "Ловци на змејови".
Кралството Ерондар се простира на територија колку и контитентална Европа и низ него поминуваат големи пловни реки прекриени со густи шуми во кои живеат шумски виленици, опкружен со безбројни архипелази со кои се одвива трговија со секаква трговска стока преку големиот број пристанишни градови на југот. На север од Кралството се наоѓа Земјата на змејовите, непрегледна тундра населена со мрачни суштества без ништо човечко во нив наречени Алгенти и џиновите Абоними. Долж северната граница на Кралството се протега Големиот бедем, кој го одвојува од Земјата на змејовите, подигнат уште од древните времиња поради заштита од нападите на Алгентите. На исток и на запад се наоѓаат бројни независни територи и провинции, номадски сатрапии населени со варвари, разбојници и криумчари.
Овде започнува авантурата на Иан Аранил, во придружба на неговиот верен пријател оркот Гмор, кој го напушта кланот на орките и заедно со Иан живее во Солиан, главниот град на една од четирите Републики. Дружината на Иан ја сочинуваат и неговата сестра Мирва Аранил, припадник на редот на "технократите", застапници на науката, виленичката Сера, која исто така го напушта својот народ - шумските виленици кои живеат во хармонија со природата, храбрата технократка Ксара и стариот волшебник Албен, последниот претставник на Магиското братство "Чувари на светлината"...
Овде го завршуваме овој прв вовед во новиот стрип серијал.

Добредојдовте во волшебниот свет на Драгонеро! 10375491_601426023303401_3515350657213338281_n.jpg[DOUBLEPOST=1408706017][/DOUBLEPOST]еве и линк од нашата ФБ страна
https://www.facebook.com/pages/M-comics/437239976388674[DOUBLEPOST=1408706527][/DOUBLEPOST]еве ги и останатите изданија март-јули 2014
Загор, Дилан Дог и Магичен Ветер79619_n.jpg
 
Последно уредено:
Побарајте од улични продавачи. Купувам од таму редовно. Има една-две тезги каде што има избор а и можеш да кажеш што бараш па да изнајдат од некој магацин.
 
Мислам дека имаше една тема за стрипови на форумов ама ајде ќе искоментирам и тука пак нешто.

Пред некоја година се затрескав по стрипови купував Алан форд ,Загор на македонски па почнав да купувам и некој стрипови на српски ама доста е скапо ми е тоа хоби. Едно српско издание на Загор ,Дилан дог или било кое е 180 или па зависи ако е некој специјал со од не знам таму колку страни со тврда корица сигурно 300 или повеќе, а еднаш јас ќе го прочитам и после стои на полица да фаќа прашина. Па затоа решив и да баталам и не ради ова што го набројав туку и ради тоа што некако ич ама баш ич не ми се читаат вакви стрипови со содржина од пред господ коа шетал по земја.

Единствено пак би почнал да купувам стрипови кога би имало некој стрип по трафикиве на македонски од Marvel, DC или Disney.
 
Од септември, за прв пат на македонски јазик, излезе "Драгонеро", најновиот фантази стрип од Бонели. Тематиката на стрипот е епски битки, магија, интриги итн10464343_611001905679146_266712059389103722_n.jpg . Дејството се случува во Кралството Ерондар, во кое живеат најразлични раси како луѓе, орки, виленици, волшебници, змејови. Жанровски стрипот е близок со Толкиновите приказни и "Игра на тронови", веруваме ќе се согласите и повеќе од актуелна тематика. Наша препорака. :)
 
Моментално освен Бункер кој што може да се рече дека сериозно се занимава, каде би можел да најдам стрипови да се продаваат кај нас? Знам нешто дека и јутон држи...
 
Моментално освен Бункер кој што може да се рече дека сериозно се занимава, каде би можел да најдам стрипови да се продаваат кај нас? Знам нешто дека и јутон држи...

eden kup manga i dosta od DC i marvel mozes da najdes vo akademska kniga
 
Моментално освен Бункер кој што може да се рече дека сериозно се занимава, каде би можел да најдам стрипови да се продаваат кај нас? Знам нешто дека и јутон држи...

Znaci, ako se rasprasas malku, stripovive gi ima vo site knizarnici sto nesto znacat vo Skopje... Kultura, Tabernakul, Toper, Tri, Ili-Ili, Akademska Kniga... ne bidete tolku mrzi, ako ne mozete da gi najdete, samo prasajte si, i ke vi pokazat celi oddeli samo za stripovi... barem denes e sramota da se kaze deka nema stripovi
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom