Вчера ова беше топ тема на Македонските медиуми, а исто и кај Хрватските. Судејќи според видеото ако е она вистинското, јас никаде не гледам малтретирање на фоката. Човекот едноставно отиде да ја погали од љубопитност. ОК, можеби не знаел дека не е дозволено допирање, ама далеку е ова од малтретирање. Казната е оправдана ако законот за животните наведува така, ама забраната за престој од 5 години според ова дело не е, освен ако како што кажувате престојувал нелегално.
Како и да е, за две погалувања на фоката сметам дека ова се претерани мерки, а и медиумите го осудија и засрамија човекот пред време. Јас за ова би ја тужел Хрватска како држава.