N
NikolaMKD91
Гостин
Џабе плаќале – кога завршиле дознале дека не им се признава дипломата
Поранешни студенти тврдат дека Универзитетот МИТ во Скопје, не им дава дипломи цели 3 години по завршување на студиите. Тие се сомневаат дека овој Универзитет не е акредитиран од Министерството за образование и наука и стравуваат дека им пропаднале парите што ги дале за студии, но и дека се изгубени и времето и трудот.
Како доказ за ова упатуваат на известувањето од МОН до Универзитетот МИТ во кое се вели дека: „ МИТ Универзитетот имаше Привремено решение за почеток на работа од 17.12. 2008 година, чија важност е истечена на 17.12.2009 година.“
Според Билјана Апостолова, сопственичкатата на Универзитетот МИТ ништо од овие наводи на студентите не е точно.
- Се работи за атак на конкуренцијата, ви ги барам имињата на тие наводни студенти да видиме дали се заведени во нашата документација како наши студенти. Вакви работи се случуваат често и тоа пред уписите за да не’ оцрнат. Ние работиме со програмата Еразмо, ги праќаме студентите во странство, имаме високи резултати. Не се случило некој студент, доколку уредно ги завршил студиите кај нас, да не добие диплома, односно уверение, вели за А1 он, Апостолова
На фејсбук профилот на МИТ може да се види фотографија поставена во јуни во која дипломците на Универзитетот слават во Музејот на македонска борба.
За известувањето од Министерството за образование и наука, потпишано од министерот Абдулаќим Адеми, според кое Универзитетот од 2009 година нема акредитација за работа, таа тврди дека нема таков документ.
- Тоа е фалсификуван документ. Одборот за акредитација и евалуација во 2013 година даде позитивна оцена на работата на Универзитетот и имаме решение за работа издадено од страна на Министерството, поинаку не би можеле да работиме надвор од законот, вели Апостолова.
Според информациите на Алсат од Министерството за образование, Универзитетот првично бил акредитиран, но во 2011 година кога доставил документи за реакредитирање на програмите, Министерството констатирало пропусти. Надлежниот орган контактирал со Универзитетот и преку допис побарал од раководството да ги исполни забелешките и сугерирањата во одреден рок. До денеска Универзитетот не го докажал нивното исполнување што значи дека од 2011 година оваа институција нема акредитација.
Ако се точни наводите на студентите на кои им пропаднале парите за студии и не можат да добијат валидна диплома, прашањето на А1 он како Министерството за образование дозволило 3 години овој Универзитет без акредитација да запишува студенти и да работи како високообразовна институција, па дури и да биде рангиран на Шангајската листа на универзитети – остана без одговор.

Последно уредено од модератор: