едно е за Светско и Европско, тогаш државата гради и потоа им зема кирија на клубовите. така и Работнички и Вардар играaт на Филип II. порано, кога во добар дел од Европа клубовите биле државни, нормално дека и стадионите биле градени од државата. тој тренд го нема повеќе, клубовите се приватизирани, а стадионите или продадени на клубовите/трети лица или рушевини како нашите. не мешајте ги мундијалските стадиони, па сигурно нема Васку да Гама или било кој друг клуб да фрли пари и да направи стадион за Бразил да организира Мундијал. Мундијалот е организиран од Федерацијата со благослов (финансиски) од државата.
тоа што некаде се градат стадиончиња со пари што не се од клубовите, тоа се или благодарение на донации од УЕФА или ептен кога некоја држава ила пари па може кај сака да фрла. тој филм кај нас нема да го гледате, колку и да сакате. прво, тоа е работа на општините кои се и сопственици на стадионите. ама, тие со никаков закон не се обврзани да ги модернизираат. ФФМ сега си донесе закон, кој е мн на место, меѓутоа тоа нема да ја присили ниту една општина да даде пари. или ќе се најде некој близок до власта па да издејствува некој денар да се фрли или клубовите иако кираџии ќе мора само да ги шминкаат стадионите.
не за џабе клубовите ги прават АД, па за да се модернизираат сите стадиони треба или клубовите да си ги откупат, или да добијат донација од УЕФА (како во Велес), или стадионите да ги купат некои приватњаци, да ги модернизираат па тие да им ги издаваат или ко на запад некој голем спонзор да ги купи, да ги среди и негово име да им даде. али последнава варијанта за кај нас е научна фантастика.