Идеи за интернет продавница

  • Креатор на темата Креатор на темата tomsaso
  • Време на започнување Време на започнување
Дај божe да те копираат сите :)
 
Ах таа ниска цена.
Каква идеја каков квалитетите сите(80-90%)цената ја гледаат а сакаат екстра квалитет.
Аман бе луѓе разберете дека нема ефтино а квалитетно.

Сакаш фрижидер самсунг или зануси епа ќе си го платиш во спротивно купи беко или леов бојлер па удирај си ја главата.
Чичо за секое говно има купец, стара добра изрека е таа. Колку ќе се помачиш ти да му напраиш експириенс на купецот толку ќе ти биде плодоносна сеидбата. Ако идеш на традиционален начин и со традиционални сфаќања боље не почињај.

И производ и услуга се продаваат, ама процени што е потешко и избегни го :) Па кога ќе фатиш залет со едното укључи го другото.
..хнммм.., ваљда нема да пробаш он-лајн да им продаваш самсунг фрижидери на ескими??? Зборуваме за производ генериран целосно или барем умот е сопствен интегриран од кинески компоненти:) Точно е дека е потребна гачка , но и за неа треба идеа и бајаги знаење и талент за да ја скоцкаш..
Точно е дека и за говно во добра амбалажа м со приказна дека бањање у раствор со 50% ти праи кожа ко на бебешко газе..., ама ај оди убеди свет дека твоето импегнирано со тешки метали од Фени е баш такво....;)
 
Ќе си најдеш таргет што ќе ти ја купи таа приказна, ако више идеш на таков производ. Пак, повеќе се фокусираме на производот него на продажбата. У денешно време нема логика емотивно да се врзуваш за производ така да тоа треба да е малтене споредна работа.

Еве нека биде најдобриот производ на светот, како ќе го продаде? Само што ќе направи интернет страна?
 
Доколку имаш солиден буџет за купување на стока и вработување на еден до двајца работници максимум ( стручен кадар) има многу добри шеми за во Западна Европа.

Купуваш производи од Кина за индустриски сектори ( градежништво, електрика ...). Кинезите тоа се убаво го ребрендираат според твоја желба ( ODM) и ти само продаваш. Е сега, ако си уште поголем мангуп ќе си отвориш погонче и ќе си ги нарачаш компонентите, па после сам ќе склопиш финален производ.
Тука лежи зајакот.
 
Исто како собим велосипедите во куманово што се монтираат
 
Види круцијална грешка што ја праиме ние, е тоа што секога се фокусираме искључиво на производот и цената, а не на бизнисот. Мораме да правиме баланс и темелно истражување, кој сакаме да ни биде купец, како ќе го најдеме тој купец, како тој купец ќе не најде нас. Што ќе му понудиме add value. Не е работава отвори сајт купив лиценца shopify за 6 месеци па што биде нека биде. Си регнал фирма, отишле 2-300 евра. Прошла пола година си платил РДТ немаш обрт, ајде затварај ја уште 5 шушки.

Кога ќе го направиш целиот модел, на хартија со пенкало - на хартија не во ворд, тогаш темава станува банална.

Иначе превише е маалски муабет - ќе купам патлиџан за 10 ќе го шитнам за 20.
Џукс , не се зезај..има два пристапа : лоцираш целна група која има пари и смислуваш производ, неважно материјален или "духовен" со кој пробаш да им ги земеш парите.., задоволувајќи ја нивната потреба...ИЛИ... измислуваш потреба, креираш производ кој ја задоволува и убедуваш народ , на што покреативен начин, дека тие всушност не можат без него..
Точно е дека секоја деловна авантура е најефтина се додека е на хартија и дека секој нареден чекор е многу скап, но мислам ќе се слoжиме , дека смислувањето, т.е талентот да се забележи можноста за тоа додадена вредност..( многу Марксистички звучи мора да признаеш..:):)) ....е круцијалниот момент.
Тој талент малкумина го имаат и е многу ценет , ама кај нас традиционално ум и не е некоја барана стока.
Овде уште се сликаме со лопати пред некакви измислени индустриски зони, сватени како манифестација и можност за политички марктинг, а не како суштина.., што пак...нажалост бара бајаги труд и пот .....:(
 
Последно уредено:
Исто како собим велосипедите во куманово што се монтираат

Па кога ќе видиш дека Кинезите можат да ти дизајнираат прототип за што и да ти падне на памет и тоа за максимум 48 часа, воопшто нема потреба да се замараш со тоа. Треба само на маркетинг да се фокусираш.

На долг рок не се исплати ова, ама ако имаш добар буџет и добра идеја ова е топ опција. Наместо да фрлиш пари за лиценци, машини, вработени ... ти се фокусираш само на продажбата.

Еве уште нешто што може да успее.
 
@concrete

Апсолутно се слагам со се, само што мене муабетот ми е, повеќе се замараме како ќе го спакуваме отколку како и на кого ќе го продадеме.
 
Па кога ќе видиш дека Кинезите можат да ти дизајнираат прототип за што и да ти падне на памет и тоа за максимум 48 часа, воопшто нема потреба да се замараш со тоа. Треба само на маркетинг да се фокусираш.

На долг рок не се исплати ова, ама ако имаш добар буџет и добра идеја ова е топ опција. Наместо да фрлиш пари за лиценци, машини, вработени ... ти се фокусираш само на продажбата.

Еве уште нешто што може да успее.
48 саати...??? ;)
 
48 саати...??? ;)

Во зависност од што ти треба. Конкретно за електроника и пластики што ги принтаат со 3D принтери тоа е времето.
Нормално им кажуваш дали сакаш копија од нешто, или пак ако имаш твоја идеја им ја објаснуваш темелно.
 
Па кога ќе видиш дека Кинезите можат да ти дизајнираат прототип за што и да ти падне на памет и тоа за максимум 48 часа, воопшто нема потреба да се замараш со тоа. Треба само на маркетинг да се фокусираш.

На долг рок не се исплати ова, ама ако имаш добар буџет и добра идеја ова е топ опција. Наместо да фрлиш пари за лиценци, машини, вработени ... ти се фокусираш само на продажбата.

Еве уште нешто што може да успее.
Штом можат за 48 часа самостојно да скицираат,дизајнираат пробаат и пуштат во продажба се знае каков ќе биде производот.

Само запамтете дека тие се поголеми далаверџии и превараранти од нас
 
Штом можат за 48 часа самостојно да скицираат,дизајнираат пробаат и пуштат во продажба се знае каков ќе биде производот.

Само запамтете дека тие се поголеми далаверџии и превараранти од нас

Добар дел од производството во светот е стационирано во Кина. Не зборуваме за финален производ, туку за прототип кој потоа подлежи на тестирања и измени.

Работата ми налага да ги следам трендовите во неколку индустрии. Голем број на сериозни и познати светски компании продаваат ребрендирани кинески/тајвански делови. Во последниве неколку години и Индија е во шемата, ама сепак има уште доста фурни леб за да ја стигне Кина.

п.с Ова се однесува највеќе на интегрирани кола за производи од широка потрошувачка.
 
..Кина е одамна сторена работилница на светот, гледам и Индија се бута таму, иако никогаш нема да може да ја стигне Кина со цените, но кој да ти го знае...
Тоа не тера да ја менуваме стратегијата. Треба да се дизајнираат иновативни производи интегрирани од во кина,индија, виетнам... произведени компоненти и она што е рентабилно да се произведе во Македонија.
Има многу такви производи со кои тогаш може да се биде конкурентен. Но има една квака....приказната која упорно ја кажуваат сеуште дека Македонија има кваликувана работна сила , веќе не важи. Немаме....такво нешто.
Едноставно образованието отиде во сосема друг правец и сеа имаме купишта практично неупотребливи самобендисани менаџери, мерчандајзери, копирајтери, пропагандисти, бизнис дивелопери..,виртуелни коцкари на интернет и реални финансиери на кладилници...музиканти и други кои мислат дека се многу паметни и умни.
Обично завршуваат ко продавачи, некакви леви и десни сметала или на некој брод како чистачи , костимирани забавувачи , да не кажувам уште што.
Но реално гледано не се тие криви, едноствно се родиле во погрешно заебано време..со збунети родители и изгубено општество..
Еве на пример за адитивното..т.е.со додавање на материјал производство , познато како 3D печатење стоиме многу т'нко.
А можеме сеуште да фатиме приклучок со нешто што дури за 15-20 години ќе почне да ја покажува вистинската моќ и во многу ќе го измени светот и работите во него.
Ние пак, по навика се чешаме уште за уво и продаваме концесии за рудници, земјоделски полиња, ВОДА....., а тие кои се во позиција да направат нешто...појма немаат што е тоа 3D , а не е телевизор.. .;)
 
Последно уредено:
Но има една квака....приказната која упорно ја кажуваат сеуште дека Македонија има кваликувана работна сила , веќе не важи. Немаме....такво нешто.

Уште патите и копнеете по комуњарските вештини и занаети, рудари, леари, машин бравари, ковачи, сарачи, кујунџии...., пролетери и радничка багра искапана со масло и со црно под нокти... 21 век е бе, сега е време на “независен развоен консултант за менаџмент на човечки ресурси во бизнис сектори од среден ризик при апликации за европски фондови“ со магистратура од диспензирани студии во Велгошти
 
Точно е дека тешко дека ке ги конкурираш кинезите со цена..

Но се бара идеалниот македонски производ кој има висока вредност по еднициа тежина.. и не е многу габаритен.. што би го продал на ибеј и би заработил.. Познавам еден продава на ибеј.. Ама монети антички.. тоа не е баш легално и затоа не ме интересира...

Некој спомна услуги - полн погодок.. .. гледам лого дизајн оди по 300-1000 ден од лого.. Тоа е нешто интересно..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom