Падна малезиски авион во Украина.

  • Креатор на темата Креатор на темата templar55
  • Време на започнување Време на започнување
T

templar55

Гостин
Малезиски патнички авион од типот "Boeing 777" се урнал денес во Украина, во близина на руската граница, пренесува "Reuters".

За падот на авионот јавила руската агенција Interfax, повикувајќи се на извори од воздухопловната индустрија. Од Reuters не можеле веднаш да ја потврдат оваа информација.

Во малезискиот авион имало 259 луѓе. Се наведува дека "боингот" бил на лет од Амстердам до Куала Лумпур, пренесува Interfax.

Малезискиот авио-превозник потврдил дека се случила несреќа и набрзо се очекува официјално соопштение.

Медиумите потсетуваат дека денешната несреќа се случила само неколку месеци откако летот MH370 на Malaysia Airlines исчезнал на 8. март. Овој авион се' уште не е пронајден.
 
Повторно авион на Malaysia Airlines и повторно Boeing 777.

Да не е истиот авион што го бараа со месеци, а за кој се шпекулираше дека можеби бил киднапиран и слетал во Авганистан или во Пакистан ?

Овие Малезијциве имаат сериозни проблеми со авионите, 2 авиона да ти исчезнат во период од 4 ипол месеци не е ништо добро.
 
Како прво овој не е исчезнат туку паднат, каде што 99% е соборен.
 
Зошто лета над област каде има воени дејствија?

Веќе 10 дена нема цивилни летово над таа област.
 
Последно уредено:
Како прво овој не е исчезнат туку паднат, каде што 99% е соборен.

Засега е познато само дека авионот е урнат, не и соборен.

Огромна е разликата помеѓу урнат и соборен авион.

Едно е кога со автомобилот ќе завршиш во ендек бидејќи несовесно си возел, а друго е кога некој ќе удира од позади за да те принуди да завршиш во ендекот.
 
Украинците ги обвиниле Русите одма. По коментари луѓе што пишуваат најчесто (што коментираат) е дека е подметнато од Западот и Украина за да се обвинат Русија и Новорусија и да се зголеми притисокот врз нив со оглед на тоа што било забрането летови над тој регион.
 
Очевидци тврдат дека зад авионот Боингот се движел авион на Украинската Армија.
pic_b274fae05d658a4a918e51815fe9f89e.jpg

attachment.php

Добро е што има црни кутии, кои се надевам ќе завршат во вистински раце.
Пред да се обвини било кој.
Нека почиваат во мир. Трагедија. Во авионот се наоѓале граѓани на Австралија и Малезија.
После исчезнувањето на претходниот боинг, сега и ова:(
 
Видео каде се слави соборувањто мислејки дека е украински авион.

Неофицијално е дека има и 23 загинати граѓани на САД.
 
Засега е познато само дека авионот е урнат, не и соборен.

Огромна е разликата помеѓу урнат и соборен авион.

Едно е кога со автомобилот ќе завршиш во ендек бидејќи несовесно си возел, а друго е кога некој ќе удира од позади за да те принуди да завршиш во ендекот.
Ама и едно е паднат, а друго е исчезнат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom