Смее ли поп да откаже крштевање на дете?

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
Ова навистина неможам да го разберам - дозволиво ли е свештеник да откаже крштевање на дете ? Ако е да, во кои случаеви ?

Гејски поп го прекинува крштевањето на 4-5 годишно девојченце, кое јавно не е многу воодушевено од идејата да биде крстено.За време на крштевањето младиот свештеник, најверојатно лут од поведението и несоработката на детето, го прашува дали сака да се крсти. Девојчето кажува дека не сака и попот откажува да продолжи со крштевањето оставајќи ги присутните во недоумица велејќи им дека штом детето несакало тој против нејзина воља нема да ја крсти.
Детето е крстено истиот ден од друг свештеник

Исправно,баш тој е правилниот библиски гест.Апостолите никого не крштевале против негова волја,ниту пак малолетни,бидејќи за чинот крштевање е потребна претходна подготовка.Покајанието и поверувањето му претходат на крштевањето,затоа што со самото тоа личноста свесно прифаќа да биде дел од Црквата Христова.
 
сакаш да кажеш дека деца не смеат да се крштеваат дур не станат полнолетни па сами да одлучат дали ил не ќе се крстат?
Па,ме чуди тогаш зошто кај народот постои традиција бебиња да се крштеваат?
И како тоа едниот поп откажува а друг прифаќа( ко во случајот)?[DOUBLEPOST=1405195347][/DOUBLEPOST]
Може сакал попов да и додаде „Северна“ на името, и затоа момичето одбило.:vozbud:

Инаку, ми изгледа исправно, во смисла - по волја, сакаш - нејќиш.
и кое е тоа дете што ќе се сложи да се крштева - знаејќи дека пред публика ќе биде капено??:pos:
 
сакаш да кажеш дека деца не смеат да се крштеваат дур не станат полнолетни па сами да одлучат дали ил не ќе се крстат?
Па,ме чуди тогаш зошто кај народот постои традиција бебиња да се крштеваат?
И како тоа едниот поп откажува а друг прифаќа( ко во случајот)?[DOUBLEPOST=1405195347][/DOUBLEPOST]
и кое е тоа дете што ќе се сложи да се крштева - знаејќи дека пред публика ќе биде капено??:pos:
Да,крштевањето е чин каде што тој или таа веќе има поверувано и се има покајано за своите гревови и започнал да живее живот како христијанин,и тогаш веќе се спроведува овој симболичен чин за пристапување и станување дел од Црквата Христова.Крштевањето не е она што според народот се кажува,односно доделување име на бебето.Името секој може да го добие и без Крштевањето.Но најважното нешто во изведувањето на чинот на крштевање е нурнувањето или потопувањето,а не само одмивањето како што го изведуваат православните и католичките свештеници.
 
сакаш да кажеш дека деца не смеат да се крштеваат дур не станат полнолетни па сами да одлучат дали ил не ќе се крстат?
Па,ме чуди тогаш зошто кај народот постои традиција бебиња да се крштеваат?
И како тоа едниот поп откажува а друг прифаќа( ко во случајот)?[DOUBLEPOST=1405195347][/DOUBLEPOST]
и кое е тоа дете што ќе се сложи да се крштева - знаејќи дека пред публика ќе биде капено??:pos:

Тоа прашање го мачи христијанството до ден денешен, т.е. дали да се крстуваат бебиња или возрасни, по своја волја, па не верувам дека овде ќе ја доточниме.

А попот постапи правилно, инаку би бил како оние насилните покрстители кога луѓето со сила ги тарале да се покрстуваат во реките.
 
а како го објаснуваш чинот на среброљубците-поповите кои откажуваат да крштеваат дете само заради тоа што таткото немал пари да ја плати таксата ( зборувам за случаи од Бугарија)
 
Не му оставиле доволно ќеш е тоа е работата !!
Инаку 4-5 годишно девојче како и секое друго инат си води шо разбира таа, ништо.
 
ех да беше стари добар среден век па да го фрлеа на клада девојчето па ко ќе почнат да и горат коси да видам дали нема да сака да се крсти. Од ко ја укинаа инквизицијата, многу се избезобрази омладината.
 
а како го објаснуваш чинот на среброљубците-поповите кои откажуваат да крштеваат дете само заради тоа што таткото немал пари да ја плати таксата ( зборувам за случаи од Бугарија)
Бугарија? Малку ли ги има тука? Јас познавам луѓе чие венчавање беше одбиено од попот зашто немале пари да му платат. Познавам поп кој што не отиде на погреб зашто домашните немаа пари да му платат, поп кој што одбил крштевање зашто немале да му платат. Тука ретко има попови кои не наплаќаат, а вакви или слични случаи верувам дека има многу.

Околу видеото, сосема исправно постапил попот. Тука како што кажаа погоре под поимот „крштевање“ се подразбира давање име, па дури и во секојдневен разговор се употребува тој збор со тоа значење.
 
тарифиве на поповиве се :vozbud: али ги разбирам, додека има овци, нека стрижат. Ценине за крштевки и погреби се урнебес, не да откажат, туку не мора ни да ги викаат.
 
Не му оставиле доволно ќеш е тоа е работата !!
Инаку 4-5 годишно девојче како и секое друго инат си води шо разбира таа, ништо.
причината што попот откажал да крсти веројатно е тоа што во Минхен крштевањата не се наплаќаат - тие се бесплатни , па затоа и тој нема што да се замара за без пери
Но, како може ете во Германија на пример да не бараат такси за крштевки за разлика од МКД каде тоа чини 3000, 00 денари ?!
 
Ова се однесува на погранокот на МПЦ во Германија (ако има таков) или пак на некоја друга црква?
Инаку тарифите си ги прават самити попови и МПЦ...Пример мој близок си правеше венчавка и крштевка во Бигорски Манастир и беше кажано од монасите дека обредот е бесплатен и не се наплаќа.
Во Германија е можно да е бесплатно за црквата да придобие поголем број верници и донации со самото тоа.
 
Згора на сѐ ослободени се од плаќање даноци кон државата. Арно ми викаше мама, да се кандисам за поп ... Ќе возев сега Mini Cooper Convertible
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom