Финансирање на стартап бизниси

Никој не ризикува 13.000 евра за на крај да земе 1.300 евра приход. Било кој инвеститор ќе ти побара процент на учество или конвертибилни приоритетни акции. Јас кога би бил бизнис ангел, колку и да ти е добра идејата нема да ти дадам заем, а ако е стварно добра ќе побарам учество во бизнисот. Како и да е се надевам дека ќе успееш, убаво е да се види амбициозен млад човек во Македонија кој не планира да го фати патот.
13.000 евра инвеститорот ги добива назад по 4 месец + месечно ќе добива 1500 евра грубо. Односно на годишно ниво 18.000 евра во првата година. Втората година се шири и во други градови а при крајот и надвор од границите. Очекувано е во втората година да биде околу 3300 месечно.
 
@Комита Ултрас освен FFF (family, friends, fools) НИКОЈ нема да ти даде пари без да знае што сакаш да правиш, мислам стави се ти во нивна ситуација и ти би барал обајснувања пред да дадеш пари. Што треба да направиш е да посетиш адвокат, да си ја патентираш идеата ова може да биде и бааги тешко и споро а и скапо, плус се плаќа ПОСЕБНО за секоја држава во која сакаш да ти важи патентот. Треба да ти направат и confidentiality agreement кој ќе бараш да го потпише СЕКОЈ на кого ќе му ја презентираш идејата.

Се што е поврзано со поврзување на бизниси со бизниси или потрошувачи ме интересира така да ако може да се примени во Австралија или Азија би бил заинтересиран. Она што мене не ми се допаѓа во твојот случај е што ти немаш/неќеш ништо да вложиш а мое искуство со такви бизниси не е добро така да ако нема hurt capital од твоја страна тешко дека ќе заинтересираш некого бар во оваа фаза. Да беше веќе делумно разработено ќе беше друга приказна ама вака секој сериозен инвеститор ќе се сомнева дали ТИ можеш ова од идеа да го преточиш во бизнис. Да знам дека пола од парите ТИ ги даваш тогаш веќе јасно е дека ќе се бориш да успее.

Ако идеата ти е поврзана со интернет/компјутери/технологија тогаш би те посоветувал да размислиш и КАДЕ (во која држава) сакаш да го почнеш/регистрираш ова. На пример во Австралија/Германија/Швајцарија би имал многу подобри услови и пристап до капитал.
 
Значи за почеток проектиран месечен ќар ти е грубо околу 15 000 евра при што инвеститорот би добивал 1500 евра (10%)?

Инвестицијата од 13к евра ти е потребна за што? Материјали? Маркетинг? Вработени?
 
Инвестицијата е за канцеларија, канцелариски мебел, и главно на трошкови за вработените и плати најголем дел да не речам 50% се плати.
@Комита Ултрас освен FFF (family, friends, fools) НИКОЈ нема да ти даде пари без да знае што сакаш да правиш, мислам стави се ти во нивна ситуација и ти би барал обајснувања пред да дадеш пари. Што треба да направиш е да посетиш адвокат, да си ја патентираш идеата ова може да биде и бааги тешко и споро а и скапо, плус се плаќа ПОСЕБНО за секоја држава во која сакаш да ти важи патентот. Треба да ти направат и confidentiality agreement кој ќе бараш да го потпише СЕКОЈ на кого ќе му ја презентираш идејата.

Се што е поврзано со поврзување на бизниси со бизниси или потрошувачи ме интересира така да ако може да се примени во Австралија или Азија би бил заинтересиран. Она што мене не ми се допаѓа во твојот случај е што ти немаш/неќеш ништо да вложиш а мое искуство со такви бизниси не е добро така да ако нема hurt capital од твоја страна тешко дека ќе заинтересираш некого бар во оваа фаза. Да беше веќе делумно разработено ќе беше друга приказна ама вака секој сериозен инвеститор ќе се сомнева дали ТИ можеш ова од идеа да го преточиш во бизнис. Да знам дека пола од парите ТИ ги даваш тогаш веќе јасно е дека ќе се бориш да успее.

Ако идеата ти е поврзана со интернет/компјутери/технологија тогаш би те посоветувал да размислиш и КАДЕ (во која држава) сакаш да го почнеш/регистрираш ова. На пример во Австралија/Германија/Швајцарија би имал многу подобри услови и пристап до капитал.
Бизнисот користи и интернет и технологија но главното не е тоа т.е. ништо не е од програмирање и сл. Едино програмер да се најде за одредени апликации, али тоа не е бизнисот. Ќе се советувам и со адвокат и ќе видам како иде патентирањето. За инвестиција јас мислам дека напоменав, а и ако не сум напоменал мој пропуст како студент можам максимално 3000 евра да инвестирам. Бизнисот би цутал во Австралија, али тоа е веќе понатака. Ако завршам работа со инвеститор би те барал за проширувањето кое не ми претставува во моментов некој проблем, главниот проблем да го решам понатака е лесно(лесно во смисла се е до мене колку ќе успее).
 
Не можеш да ме обесхрабриш во ниеден случај затоа што знам што имам и што нудам и како ќе го терам односно како би успеал. Искрено преку глава ми се таквите муабети каде живееш т.е. неможеш да успееш. Кога се сака се се може. Grouper иновативна идеја во Македонија копирана од Америка се појавува во време на криза и успева да опстој веќе 5 година со 10 вработени. G6 Solutions 6 студенти од ФИНКИ развиваат апликација и освојуваат прво место на натпревар организиран од Самсунг и награда од 100.000 евра. Termin.mk за нецели 6 месеци успеа да опстој и да поврзе над 1000 локации со клиентите. Така да се што во Македонијава е иновативно со малку труд и пот се успева.
Над 200.000 евра годишен приход, инвеститорот си ја добива назад инвестицијата во рок од 4 месеци, грубо околу 10% од месечниот приход и услугите што се нудат доживотно бесплатно, кои неможам да ти ги кажам.[/quote]

Недоволно зрело ми делуваш искрено да дебатирам немам намера гледам дека твојата бизнис идеја е единствена и мислиш најдобра во последните 23 години независнот.Ама по се изгледа немаш идено на саеми и на бизнис натпреварување да видиш какви идеи се има и која на крај победува.Твое си е среќа па се надевам дека ако има некој вест од оваа идеја ке стои на крај потпис комита ултрас а за овие што ги наброја и ти самиот не знам што сакаш да ми кажеш еднаш компанија со приход на 200 000 евра еднаш компанија со приход од 5000 евра грубо кажано.
 
Според мене ако е сигурен, најпаметно му е да продаде дел од имот, и доколку неговите работат тоа што ќе остане ако не успее со продавањето на имтот да ги има тие 13 000 евра, да подигнат кредит потрошувачки и да си почне со остварување на бизнисот.
Јас со луѓе не би си има работа па макар и роднини ти се, најубвао со банка чиста работа, си знаеш дека секој месец приемр треба да упалтиш 100-150 евра и чао приајтно, нит ќе те замараат, еј ми требаат парите ако можеш побрзо да м иги вратиш, па после тоа ќе им бидеш и должен цел живот, и ќе ти викаат јас коа ти требаше ти помгоанв вака така. И затоа најубаво вака бар според мене, ак оможеш до неко јденар да се докопаш ти бар 5000 евра, останатите кредитче некое преку родителите.
 
Недоволно зрело ми делуваш искрено да дебатирам немам намера гледам дека твојата бизнис идеја е единствена и мислиш најдобра во последните 23 години независнот.Ама по се изгледа немаш идено на саеми и на бизнис натпреварување да видиш какви идеи се има и која на крај победува.Твое си е среќа па се надевам дека ако има некој вест од оваа идеја ке стои на крај потпис комита ултрас а за овие што ги наброја и ти самиот не знам што сакаш да ми кажеш еднаш компанија со приход на 200 000 евра еднаш компанија со приход од 5000 евра грубо кажано.
Прочитај ми ги уште еднаш мислењата пошто не си ме сфатил. Дали ти делувам зрело или не твое си е тоа, ако тебе те обесхрабрила една пречка што друг победил, а не ти тогаш не си бил доволно спремен или не знаеш како да го водиш т.е. извадиш на прав пат бизнисот. Сигурно нема да ми преставува пречка само затоа што сум во Македонија и други победувале на саеми. Башка јас воопшто не го фалам мојот бизнис дека е најдобар во последни 23 години независност, туку се изјаснувам дека е уникатно што го нема тука дури ни на балканот. Ако тргнам со песимистички размислувања секако дека нема да успеам, и затоа секоја негативна работа што ми излегувала барав начин да ја одстранам и фала богу ми успеа и останувам на најтешкиот проблем, да најдам инвеститор. Еден ден се надевам ќе го најдам па ќе дискутираме тогаш. У секој случај фала на одвоеното време.
 
Си се распрашал нешто за бизнис инкубаторите?

Ги има во неколку градови во Македонија, но не сум видел до кој степен функционираат. Можеби со добра бизнис идеја имаш шанси да бидеш потпомогнат од истите.
 
Тие не обезбедуваат пари него канцеларии и административни ствари. Така функцинираа на почетокот, административен дел поддржуваа. Може се изменило денес незнам, али мислам дека идејата е друга на инкубаторот.
 
О бе момак никако да ви дојде памет сите вие креативци заборавате каде живеете или мислите ова е Америка и живим Амерички сан далеко сме од тоа за.Како прво никој не ти дава пари поготово на тебе студент кој немам никаков капитал гарант за враќање на пари помножен си со нула во општеството можда да си пензионер ке ти дадат.Инвеститори и они не верувам некој и да има пари за фрлање дека ке ги фрли поготово на тебе како личност која има генијална идеја.Едино што можеш е да стапиш со некои странски компаниии и да презентираш ама како обичен смртник кој доаѓа од Македонија ке се чудат кој си и што за разговор со некој од одговорни година дена треба да се чека.Од нашивее буржуи(Алкалоид Факом Фени Фершпед) ке те направат луд и ке ти се смејат.
Сума сумару едино ако имаш толку пари да ризикуваш или некои кредити да покриваш со други давење во гомна друго чаре немаш
п.с на натпревар за бизнис имав и ја генијална идеја за производство на енергија од обновливи извори новитет ке бидеш во М.К ама арно победи идеја за уништување на медицински отпад со презентација и бизнис план никаков и поголем капитал за стартување од мојот па види сега.
Да не се разбереме не те обесхрабрувам само ти ја кажувам вистината
Додека луѓето како тебе, Лурц и Лет3 шират омраза против успешни луѓе, се повеќе успешни луѓе има, а они џаболебарат.

Извинете за офтопик.
 
Си се распрашал нешто за бизнис инкубаторите?

Ги има во неколку градови во Македонија, но не сум видел до кој степен функционираат. Можеби со добра бизнис идеја имаш шанси да бидеш потпомогнат од истите.
Гледам на ПСМ Фондација, ама тоа се канцелариски услуги ми нудат канцеларија што никако не се совпаѓа со тоа што ми треба, а и горе доле тоа можам од сопствени средства да го средам, главниот дел за плати и други опреми ми треба.
 
Инвестицијата е за канцеларија, канцелариски мебел, и главно на трошкови за вработените и плати најголем дел да не речам 50% се плати.

Бизнисот користи и интернет и технологија но главното не е тоа т.е. ништо не е од програмирање и сл. Едино програмер да се најде за одредени апликации, али тоа не е бизнисот. Ќе се советувам и со адвокат и ќе видам како иде патентирањето. За инвестиција јас мислам дека напоменав, а и ако не сум напоменал мој пропуст како студент можам максимално 3000 евра да инвестирам. Бизнисот би цутал во Австралија, али тоа е веќе понатака. Ако завршам работа со инвеститор би те барал за проширувањето кое не ми претставува во моментов некој проблем, главниот проблем да го решам понатака е лесно(лесно во смисла се е до мене колку ќе успее).

Значи 3Ке од тебе + 13Ке фалат? (20% од тебе) На што би се потрошиле тие 13Ке?

Дали би прифатил докаптализација + кредит? Тоа може ти е и најдобра опција ако имаш 20% тебе уствари ти треба некој да те копапитилизра, практично да те спреми за кредит/грант.
 
Тие не обезбедуваат пари него канцеларии и административни ствари. Така функцинираа на почетокот, административен дел поддржуваа. Може се изменило денес незнам, али мислам дека идејата е друга на инкубаторот.
Не би требало да е само тоа. Јас како што знам инкубаторот покрива % од вкупните трошоци во првите три години со што тој % се намалува од година во година за на крај бизнисот да биде препуштен сам на себе. Е, сега во пракса може да е различно, но инкубаторите се предвидени во првата година да покријат 60%, во втората 40% и третата 20% од вкупните трошоци. Сигурен сум дека може да те зафркаваат за класификацијата на некои трошоци дека не ги опфаќа инкубаторот, ама за тоа да се дознае треба да се праша.
 
Додека луѓето како тебе, Лурц и Лет3 шират омраза против успешни луѓе, се повеќе успешни луѓе има, а они џаболебарат.

Извинете за офтопик.
јас не ширам нит правам прашај кој прави и како ја прави и нормално што подразбираш под успешни пошто страшно се изначитав за успешни луѓе во РМ последните 10 години[DOUBLEPOST=1405190189][/DOUBLEPOST]
Прочитај ми ги уште еднаш мислењата пошто не си ме сфатил. Дали ти делувам зрело или не твое си е тоа, ако тебе те обесхрабрила една пречка што друг победил, а не ти тогаш не си бил доволно спремен или не знаеш како да го водиш т.е. извадиш на прав пат бизнисот. Сигурно нема да ми преставува пречка само затоа што сум во Македонија и други победувале на саеми. Башка јас воопшто не го фалам мојот бизнис дека е најдобар во последни 23 години независност, туку се изјаснувам дека е уникатно што го нема тука дури ни на балканот. Ако тргнам со песимистички размислувања секако дека нема да успеам, и затоа секоја негативна работа што ми излегувала барав начин да ја одстранам и фала богу ми успеа и останувам на најтешкиот проблем, да најдам инвеститор. Еден ден се надевам ќе го најдам па ќе дискутираме тогаш. У секој случај фала на одвоеното време.
моето беше предлог пред квази комисија што требаше само формално да се каже инаку драго ке ми биде ако успееш ја што ти напишав е сурова реалност во МК секојдневница тоа како некој успеал од нула нека продава муда за бубрези на некој друг само 1 посто успева чисто регулативно ама за тоа некој нареден пат комита ултрас чекам потпис на некоја интернет страна да прочитам за бизнис бум идеја во МК
 
Последно уредено:
....ако добро разбрав ти можеш да вложиш околу 3000....а потребни ти се уште 10000 за простор, плати, и опрема

во Македонија има многу невработени луѓе (вклучително и на Кајгана)
што би било кога би се регистрирал како акционерско друштво? ...односно секој што сака да ти помогне добива акции во твојот бизнис....доколку бизнисот успее секој што инвестирал во акции ќе добие дивиденда, а ако пропадне :(

има многу луѓе кои се без работа и можеби некои би се нафатиле да ризикуваат, односно наместо месечна плата да добијат акции, ако бизнисот тргне понатаму и тие ќе имаат добивка, а ако не успее исто ко да биле негде на пробна работа (неплатена) или волонтирале

исто така доколку некој вложи опрема или простор добива акции

и на крај од големиот број членови на кајгана доволно е 200 луѓе да вложат по 50 ЕУР и имаш 10000
50 евра не се голема инвестиција за акција и и лично јас побрзо би ги вложил во некој надежен старап отколку во некое сомнително приватизирано акционерско друштво

да недојде до забуни...од економија сум ТАПА...само се обидувам да размислувам надвор од колосек
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom