Мобинг на Универзитетот Гоце Делчев

  • Креатор на темата Креатор на темата урваши
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
11 јули 2014
Мислења
5
Поени од реакции
1
Возраст
33
Еве ги најновите случувања на мобинг на Универзитетот Гоце Делчев во Штип, кои излегоа во јавноста:

Штрајк со глад на тројца професори од економскиот факултет во Штип
http://fokus.mk/trojtsa-doktori-na-...iverzitet-od-utre-pochnuvaat-shtrajk-so-glad/

Случајот на варварски мобинг врз еден од најдобрите млади правници во државата, Димитар Апасиев дипломиран правник на УКИМ со просек 10,00:

http://fokus.mk/fokus-express/k-e-t...mestat-dva-dhointa-i-dokazhi-deka-ne-se-tvoi/
 
Главен играч во случаите на мобинг на овој најмлад универзитет во државата е ректорот Саша Митрев.
Еве неколку детали во однос на штрајкот со глад на трите професори:
При првиот обид незаконски да се отстрани од работа доц. д-р Маргарита Матлиеска, доц. д-р Александар Костадинов реагираше на Сенатот, како претставник од Економскиот факултет. Но ректорот Саша Митрев вооошто не го сослуша со внимание, туку дури и го разреши од функцијата сенатор, давајќи со тоа целосна подршка на незаконските дејности на деканот на економскиот факултет Ристо Фотев. Не само што Фотев под итно треба да биде разрешен од функцијата декан, туку тоа треба да се случи и со ректорот Митрев. Митрев многу добро знае што се случува на економскиот факултет, но намерно ништо не презема, поради што овие професори се приморани да штрајкуваат со глад, бидејќи законите во рамките на УГД одамна веќе не се почитуваат. Ректорот намерно става декани кои може да ги контролира. Некои од нив се со купени украински докторати, како што е и генералниот секретар Ристо Костуранов со купена украинска магистратура. Самиот ректор Митрев без ниеден ден стаж во образование беше експерсно изгласан за редовен професор, за да може да биде ректор.[DOUBLEPOST=1405086176][/DOUBLEPOST]Ништо чудно да излезат и нови скандали со овој Универзитет, бидејќи незаконското работење на ректорот во договор со неговите декани повеќе не може да биде толерирано. Доведено е до точка на вриење.
 
Ја мислам дека Фотов може да се пензионира предвреме да му се мочам на тоа старото дртало. Уште па ко ќе ми текне дека треба да го гледам во 4-та година, ауууууу коса ми се крева!
 
Еве ја изјавата на Фотев:
http://libertas.mk/деканот-фотев-за-штрајкот-со-глад-факу/

Како тој да се наоѓа во детска градинка. Образложенијата кои ги дава во оваа изјава, како и во една претходна на интервју на Телма, само покажуваат колку не ги познава законите и колку е срамно што вакво лице е декан веќе втор мандат.

Ова секако досега е неговото најславно дело и негов најголем труд со импакт фактор со кој ќе остане запаметен во академските кругови. Ако прогуглате ќе видите дека со речиси ниеден друг труд неговото име не се појавува на гугл, додека со овој скандал има едно чудо информации на негово име. Браво Фотев, така се прави кариера!
 
Конечно се огласи ректорот Саша Митрев, упорно тврдејќи дека не може ништо да направи за професорите иако веќе со месеци го знае мобингот кој се врши врз нив и во кој тој е соучесник.
http://fokus.mk/sasha-mitrev-profes...nitsi-shto-ne-dolikuva-na-luge-od-univerzitet
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom