Натпревар #11 - Тема: Макро [Пријавување]

  • Креатор на темата Креатор на темата BiG_kIsS
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Возраст
35
Темата, поточно техниката оваа недела е Макро. Можете да сликате што сакате. Доколку не знаете што е макро, има линк, пишува :D

Правилата, како и секогаш.

1. Кајгана-фото натпреварите пред се' претставуваат игра и занимација и се наменети за поттикнување на креативноста на членовите на форумов кои се љубители на фотографијата. Имајте на ум дека тука не се доделуваат никакви парични и материјални награди (освен ако не биде наведено поинаку), па затоа не ги сфаќајте премногу сериозно и при срце прогласувањата за „надобар фотограф“ :);

2. Фотографиите со кои членовите учествуваат во натпреварите мора да се лично дело и сопственост на членот кој ги објавува истите. Прикачување на туѓи фотографии се казнувава со трајна забрана за учество во натпреварите;

3. По првата зададена тема, секоја наредна тема (или тема и техника) ја задава победникот на претходниот фото-натпревар;

4. Натпреварите ќе траат една недела (7 дена). Темата се задава во недела и приемот на фотографии ќе трае се' до крајот на следната недела;

5. Секој учесник има право на учество со само една фотографија;

6. По затворањето на приемот на фотографии, се преминува на гласање за најдобрата темата фотографија (кое трае од понеделник до сабота) и прогласување на победникот на фото-натпреварот;

7. Право на гласање имаат сите членови на форумот. Стручни и нестручни.

8. Победникот на фото-натпреварот е должен од неговото прогласување (во сабота) до почетокот на следниот натпревар (недела) да смисли тема и да го постави следниот натпревар;

9. Доколку победникот на натпреварот не може да избере соодветна тема за следниот натпревар или му е потребна било каква помош околу поставувањето на натпреварот, може да ги исконтактира модераторите на подфорумот за да добие соодветни насоки;

10. Иако димензиите на фотографиите не се битни, сепак, обидете се да се придржувате до непишаните правила за естетика и прикачувајте фотографии со соодност кој е лесно виднив на форумов. На пример, ширина од најмногу од 1600px.

ПРИЈАВУВАЊЕ И ПРИКАЧУВАЊЕ - БИТНО:
- Пријавените фотографии мора да се прикачени во ГАЛЕРИЈАТА;
- Потоа, на темата се објавува BB кодот од сликата, кој може да го добиете со кликнување на опцијата „Сподели“, кој се пастира во темата:

(ќе добиете нешто вакво)
Код:
[URL=http://forum.kajgana.com/gallery/photos/ryan-giggs.3219/][IMG]http://forum.kajgana.com/data/photos/l/3/3226-1392885657-b5c996ace7d91cda75e5344ad08a10c0.jpg[/IMG]
Ryan Giggs[/URL] by [URL=http://forum.kajgana.com/gallery/authors/acid.1/]Acid[/URL] on Кајгана форум

Мислам дека нема потреба да го ставам ова како посебна точка од правилата, ама за сите што се во недоумица: Да, дозволени се било какви фотографии направени со било каква опрема. DSLR, компактен, идиотче, мобилен телефон, пазарски филм апарат, компир... Не е битно, фотоапарат си е фотоапарат. И да, дозволена е манипулација на фотографиите во пост-продукција, дозволено е користење на Photoshop, Lightroom или било која друга апликација за обработка на дигитална или аналогна фотографија.
 
Бакнеж
EUXS8hk.jpg
 
Не навлегувам во креативни и уметнички аспекти на фотографијата, но да ја запазиме техничката страна.
за да биде МАКРО, објектот на фотографијата МОРА да е поголем од колку во реалноста. Значи цвет, бубачка, лист, пајак... треба да е ПОГОЛЕМА на фотографијата од колку во стварноста.
Фотографии кои нема да го исполнат овој услов, нема да бидат ставени на гласање.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom