NBA Summer League

  • Креатор на темата Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
5 април 2013
Мислења
3.417
Поени од реакции
7.110
Паралелно со хаосот кој настанува околу слободните агенти во Јули, младите играчи и драфт пиковите се борат за место во тимовите и го покажуваат својот напредок во летните лиги. Секоја година има 2 летни лиги - Орландо и Лас Вегас.

Летната лига во Орландо ќе трае од 5-11 Јули
учесници: Орландо, Бостон, Бруклин, Детроит, Хјустон, Индијана, Мемфис, Мајами, ОКС и Филаделфија
линк

Летната лига во Лас Вегас ќе трае од 11-21 Јули
учесници: Хјустон, Голден Стејт, Атланта, Мајами, Шарлот, Филаделфија, Сан Антонио, Милвоки, Денвер, Феникс, Минесота, Портланд, Торонто, Далас, Сакраменто, Њу Јорк, Вашингтон, Чикаго, Кливленд, ЛА Лејкерс, ЛА Клиперс, Њу Орлеанс, Јута и NBA D-league Select (олстар тим од играчи во Д-лигата)
линк

Единствени тимови кои ќе играат во двете лиги се Филаделфија 76ерс, Мајами Хит и Хјустон Рокетс, нешто што е многу редок случај, вообичаено сите тимови се само во едната а некогаш и немаат сопствен тим туку делат тим со друга екипа. Овие три екипи кои играат и во двете е можно да имаат и во голема мера различни тимови во двете лиги.

Генерално летната лига во Лас Вегас е попрефесионална и многу посериозна. Од сите натпревари и во двете лиги вообичаено има преноси (некои од натпреварите се и во добро време за нашата временска зона) со оглед дека во иста сала (Лас Вегас во 2) секој ден играат многу тимови, па натпреварите почнуваат рано и има по неколку последователни натпревари секој ден.

Натпреварите се пријателски и целта е да се истестираат многу играчи кои сакаат да играат во НБА, многу од тие што ќе играат се недрафтувани играчи. Единствено Голден Стејт дури и премногу сериозно си ја имаат сфатено лигата во последните 2 години. Минатата сезона шампиони беа ОКС во Орландо и Голден Стејт во Лас Вегас.

Системот на бодување во Орландо е 3 поени за победа и по 1 поен за добиена четвртина, додека во Лас Вегас прво има по неколку натпревари со ждрпека одлучени, а потоа се продолжува во bracket формат и се стигнува до 1 тим кој ја освојува титулата. Исто така ми се чини дека натпреварите се играа 4 пати по 10 минути, ама за ова ќе видиме не сум сигурен.

Статистики од минатата сезона.

Тука може да дискутирате за натпреварите и за некои играчи кои ви оставиле впечаток.

Мал disclaimer: Не паничете ако новите драфт пикови не изгледаат којзнае колку добри. Секоја година се случува истото со некој од нив - катастрофа во летната лига, а добар играч или ѕвезда во НБА. Легендарна е доминацијата на Грег Остертаг над Тим Данкан од пред 15тина години, а и многу други ѕвезди имале проблеми во летната лига.
 
Убав вовед, браво за трудот.

Да не знае некој во кој летен ростер заврши Patric Young?
 
Убав вовед, браво за трудот.

Да не знае некој во кој летен ростер заврши Patric Young?
За Њу Орлеанс. Чудно што никој не го зема на драфтот. Страшна атлета е, чист мускул.
 
Њу Орлеанс?
Штета, се надевав да го видам во летниот камп на Лејкерси. Интересен проект би бил, со не баш висок плафон ама би можел да се развие во играч сличен на Хаслим од Мајами.

Од недрафтуваните играчи за Лејкеси во летната лига ќе играат LaQuinton Ross и DeAndre Kane.
Инаку многу ме интересира како ќе се покаже Jordan Clarkson (46ти пик), не сум го гледал во утакмици ама интересно изгледа на хајлајтиве.
 
Има негде линк кај што ги има ростерите на тимовите за летната лига?
 
Според првиот натпревар од летната лига, Нерленс Ноел ќе биде многу забавен за гледање во иднина. Можно е чекањето една сезона да се исплатеше...
 
Според првиот натпревар од летната лига, Нерленс Ноел ќе биде многу забавен за гледање во иднина. Можно е чекањето една сезона да се исплатеше...
Добро изигра , плус добро шутираше слободни .
 
Денес заврши првата летна лига во Орландо. Победник во летната лига од 10те тимови кои учествуваа е Филаделфија.

Денес почнува и летната лига во Лас Вегас.
 
Нема да игра Wiggins, исто како што и Randle не игра за Лејкерси... немаат потпишано сеуште (а не ги потпишуваат да не зимаат место во капот).

едит: изгледа ипак ќе игра Wiggins вечерва.
 
Последно уредено:
Салава во Кливленд е до последно место за пиковиве. Фали сеа уште Леброн да им се појави и ќе се нацртаат 30 илјади плус фанови пред сала.
 
Салава во Кливленд е до последно место за пиковиве. Фали сеа уште Леброн да им се појави и ќе се нацртаат 30 илјади плус фанови пред сала.

Не е во Кливленд тоа, во Лас Вегас се игра летната лига.
 
пуштајте чикаго денвер, врне тројки, ептен шутерски расположени.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom