СП 2014 (осминафинале) Коста Рика-Грција

  • Креатор на темата Креатор на темата aleksandar09
  • Време на започнување Време на започнување

Кој оди понатаму?


  • Вкупно гласачи
    102
  • Гласањето е завршено на .
Член од
14 август 2012
Мислења
1.709
Поени од реакции
738
29-06-2014
22:00
Arena Pernambuco, Recife
Коста Рика-Грција
Costa_Rica_football_association.png

Коста Рика е можеби најголемото изненадување на ова првенство бидејки заврши на првата позиција во групата Д.Во првото коло Коста Рика влезе како целосен аутсајдер против репрезентацијата на Уругвај, но со целосен пресврт тие победија со 3-1.Уругвај поведе со погодокот на Единсон Кавани од белата точка и така се замина на полувреме.Но во второто полувреме во само три минути, односно во 54' и 57' Коста Рика го сврте резултатот со погодоците на Кемпбел и Оскар Дуарте.Во 84' Маркос Урења ја потврди победата.Во второто коло Коста Рика ја победи репрезентацијата на Италија со минимален резултат од 1-0 со погодокот на Брајан Руиз во истекот на првото полувреме, поточно во 44'.Во третото коло Коста Рика откако веќе имаше обезбедено пласман во осмина-финалето, се сретна со репрезентацијата на Англија која во претходното коло го заврши своето учество на ова светско првенство.Резултатот од овој натпревар гласеше 0-0 со што Коста Рика заврши како прво пласирана во групата Д со 7 поени.
upload_2014-6-27_18-46-15-jpeg.96352

Грција успеа да се пласираше во осмина-финалето во последното коло откако ја победи репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска.Грција немаа добар старт на ова првенство откако во првото коло беа нокаутирани од Колумбија со 3-0.Најпрво Пабло Армеро во 5' ја донесе Колумбија во водство и со овој резултат се замина на полувреме.Во второто полувреме Колумбија постигна уште еден погодок, овојпат Теофило Гутиерез во 58'.Во третата минута од судиското надополнување Џејмс Родригез постигна уште еден погодок за Колумбија и со резултат 3-0 за Колумбија заврши обој натпревар.Во второто коло репрезентацијата на Грција се сретна со Јапонија.На овој натпревар тие ги освоија своите први поени на ова светско првенство откако резултатот по 90' игра гласеше 0-0.Третото коло за Грција беше најважниот натпревар.Во 42' Андреас Самариас ја доведе својата репрезентација во водство од 1-0 и со овој резултат се замина на полувреме.Во вториот дел во 74' Вилфред Бони постигна погодок и резултатот беше 1-1.На самиот крај на натпреварот, во третата минута од судиското продолжение беше досуден пренал за репрезентацијата на Грција кој беше успешно реалириран од страна на Георгиос Самарас.Со оваа победа и со вкупно 4 поени Грција заврши на втората позиција и во осмина-финалето ќе се сретне со Коста Рика.

Овој осмина-финален натпревар ке се одигра на стадионот Arena Pernambuco во градот Ресифе.Вкупниот капацитет е 46,154 гледачи.Отворен е на 22 Мај минатата година.
800px-Itaipava_Arena_Pernambuco_-_Recife%2C_Pernambuco%2C_Brasil.jpg
 
Хитот на првенството Диего Костарика. :icon_mrgr:
Нема што да бараат против една искусна екипа као Грција.
Јужните ќе им ја умртват таа брза игра со нивната дефанзивна тактика. :icon_mrgr:

1-0 за Грција конечен резултат, стрелец ќе биде еден од Гекас или Салпингидис.(y)
 
Коста рика мора да победи јужниов сосед нема што да бара на светско!
 
Сакам Коста Рика, али грците пак далеку ќе стигнат нема да пропуштат ваква шанса.
 
Иначе за информација на македонски се пишува Костарика (слеано а не одвоено).
Ќе им го исцепат гзот на циганското племе. Кејлор Навас после првенствово оди во голем клуб.
 
Иначе за информација на македонски се пишува Костарика (слеано а не одвоено).
Ќе им го исцепат гзот на циганското племе. Кејлор Навас после првенствово оди во голем клуб.
Кејлор Навас е прогласен за најдобар голман за сезона 2013-14.

Sent from my ST21i using Tapatalk
 
@blanco KAK SI MOZEL DA GO PRDADES NASIOT LAF MAKEDONSKI I DA GLASAS ZA JUZNITE SOSEDI?!?!ZAMISLI SEGA KAKO MU E NA FERNANDO MAKEDONSKI LLORENTE KOGA GLEDA KAK NEGOVTE SINOVI MAKEDONCKI GLASAT ZA KRVNNIOT NEPRIJATEL NA NASATA MILA MAJCICKA MACEDONIA.MIE MAKEDONSCKITE OD PERT,KANADA I USA SME ZGRZENI OD OVOJ CIN, I BRAME NAJOSTRO DA SE OSSUDI OD VMRO, NIKOLA GRRUEVSI I IDNIOT NAS FILIP VTORI, GJORGJE IVANOV.... OD VAKVI SI PTIME!!!

BLANCO E BITANGA!!!!
 
Последно уредено:
Ќе си навивам за Костарика, ме освоија со фудбалот што го прикажаа во групата. :love:
 
Последно уредено од модератор:
Ептен би сакал Костарика да помине али мислам дека грчиштава ќе поминат сепак. Знаат како треба со вакви тимови и ќе ги средат.

И ве молам корегирајте се Костарика се пишува споено. Ваљда не мислите на некој човек по име Коста што рика :D
 
Иначе за информација на македонски се пишува Костарика (слеано а не одвоено).
Ќе им го исцепат гзот на циганското племе. Кејлор Навас после првенствово оди во голем клуб.
Најверојатно во Атлетико, како замена за Куртоа.
 

Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...
Back
На врв Bottom