Според мене ова ќе биде најинтересниот дуел во 1/8финалето во кое што ќе гледаме вистински фудбал.Двете репрезентации според квалитетот се изедначени и очекувам цели 90 минути да гледаме добар фудбал и се надевам дека на крајот Колумбија ќе биде репрезентацијата која што ќе слави пласман во 1/4финале.Штета е што еден ваков натпревар ќе биде осиромашен за две големи фудбалски имиња како Фалкао и Суарез кој сам си ја направи бељата,но има и други репрезентативци кои сигурно ќе дадат се од себе за да го надополнат отсуството на овие двајца фудбалери.Колумбија игра во подобра форма на првенствово,но тоа не мора ништо да значи затоа што ваквите натпревари во нок-аут фазата може да ги реши една грешка на некој од фудбалерите.
Најлесен кец е ова, Колумбија проаѓа милијарда посто. Уругвајците со Италија и самите испаднаа на некој начин со Суарез. Првата ја играа без него и се виде на што личат, сега уште ако се додаде дека се деморализирани јасно е што ги чека. Колумбија не ги ни коментирам/
Јас ќе навивам за Уругвај зошто секогаш знаат да одиграат трилер натпревар кој ќе се памети. Така беше со Сенегал, со Гана а се надевам дека и овој ќе биде дел од историските натпревари на мундијалите. Исто така минатото првенство уживавме во головите на Форлан, секогаш Уругвај беа во центарот на вниманието. Мислам дека Колумбија е фаворит и нема да ми биде криво ако помине, но сепак Уругвај.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.