Натпревар #10 - Тема: Раце [ Пријавување ]

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.565
Темата ја препишав од предлозите на Мац.

Немам што да додадам, повелете правилата:

1. Кајгана-фото натпреварите пред се' претставуваат игра и занимација и се наменети за поттикнување на креативноста на членовите на форумов кои се љубители на фотографијата. Имајте на ум дека тука не се доделуваат никакви парични и материјални награди (освен ако не биде наведено поинаку), па затоа не ги сфаќајте премногу сериозно и при срце прогласувањата за „надобар фотограф“ :);

2. Фотографиите со кои членовите учествуваат во натпреварите мора да се лично дело и сопственост на членот кој ги објавува истите. Прикачување на туѓи фотографии се казнувава со трајна забрана за учество во натпреварите;

3. По првата зададена тема, секоја наредна тема (или тема и техника) ја задава победникот на претходниот фото-натпревар;

4. Натпреварите ќе траат една недела (7 дена). Темата се задава во недела и приемот на фотографии ќе трае се' до крајот на следната недела;

5. Секој учесник има право на учество со само една фотографија;

6. По затворањето на приемот на фотографии, се преминува на гласање за најдобрата темата фотографија (кое трае од понеделник до сабота) и прогласување на победникот на фото-натпреварот;

7. Право на гласање имаат сите членови на форумот. Стручни и нестручни.

8. Победникот на фото-натпреварот е должен од неговото прогласување (во сабота) до почетокот на следниот натпревар (недела) да смисли тема и да го постави следниот натпревар;

9. Доколку победникот на натпреварот не може да избере соодветна тема за следниот натпревар или му е потребна било каква помош околу поставувањето на натпреварот, може да ги исконтактира модераторите на подфорумот за да добие соодветни насоки;

10. Иако димензиите на фотографиите не се битни, сепак, обидете се да се придржувате до непишаните правила за естетика и прикачувајте фотографии со соодност кој е лесно виднив на форумов. На пример, ширина од најмногу од 1600px.

ПРИЈАВУВАЊЕ И ПРИКАЧУВАЊЕ - БИТНО:
- Пријавените фотографии мора да се прикачени во ГАЛЕРИЈАТА;
- Потоа, на темата се објавува BB кодот од сликата, кој може да го добиете со кликнување на опцијата „Сподели“, кој се пастира во темата:

(ќе добиете нешто вакво)
Код:
[URL=http://forum.kajgana.com/gallery/photos/ryan-giggs.3219/][IMG]http://forum.kajgana.com/data/photos/l/3/3226-1392885657-b5c996ace7d91cda75e5344ad08a10c0.jpg[/IMG]
Ryan Giggs[/URL] by [URL=http://forum.kajgana.com/gallery/authors/acid.1/]Acid[/URL] on Кајгана форум

Мислам дека нема потреба да го ставам ова како посебна точка од правилата, ама за сите што се во недоумица: Да, дозволени се било какви фотографии направени со било каква опрема. DSLR, компактен, идиотче, мобилен телефон, пазарски филм апарат, компир... Не е битно, фотоапарат си е фотоапарат. И да, дозволена е манипулација на фотографиите во пост-продукција, дозволено е користење на Photoshop, Lightroom или било која друга апликација за обработка на дигитална или аналогна фотографија.
 
Од ко стартуваше темата за натпревари, морав често да интервенирам ради офтопици, да префрлам мислења, да апелирам, од сега на таму на тема ПРИЈАВУВАЊЕ, секој пост кој не содржи во себе исправно прикачена фотографија од галерија на Кајгана, а која е во врска со темата - ќе го избришам.
Овде САМО и ЕДИНСТВЕНО се пријавуваат фотографии за натпреварот, без дискусии, без цитирања без одговори. За сите тие работи постои тема за ОПШТИ ДИСКУСИИ.
Фала на пажња.
 
7507-1403464045-a8033029115680253b3ba75a317e7ec2.jpg

Left Hand by Samurai Jack on Кајгана форум
 
Ајде деца, уште малце има време за пријавување, сите имаме раце, извајте ги од џепови, од гаќи, фотографирајте, ова тема барем не бара да се шета да се бара зададената тема, пред очи ви е...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom