Скопско лето 2014

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Возраст
71
Еве и оваа година отварам тема за овогодишното Скопско лето
Цел на темава е меѓусебно да разменуваме информации околу културните настаните што не очекуваат.
Скопското лето започнува утре, на 21. 06. 2014 а ќе трае се до крајот на јули
И оваа година, како и порано, јас не можев на интернет да ја најдам програмата, па замолувам некој кој е повешт со интернетов да го постира овогодишиот каталог.
На Сител е објавена само штура вест:
http://www.sitel.com.mk/mk/skopsko-leto-2014-pochnuva-so-gala-operski-koncert-vo-mob
Како што разбрав, од непроверени извори, за утре се предвидени три настани. Во објектот на Малата станица во 11 часот., во Универзалната сала и главниот настан, оперскиот гала концерт на Македонската опера во 20 часот.
Овој концерт ќе се одржи, според едни во Салонот на МОБ, а според други на отворено на Плоштадот пред Црквата Свети Димитрија.
Се извинувам што ги немам сите информации и Ве замолувам да ми помогнете и ги дополните и корегирате овие информации
 
Еве ја програмата. Клик
Tи благодарам во името на сите....
Бидејќи „ ти си по музиката “ те се заблагодарам со песната:
Whit a little help from my friends - од Битлси
http://www.youtube.com/watch?v=EmOtWyjs8iU&feature=kp
Според каталогот што го постираше Hank Moody - свеченото отварање е во 20 часот во Салонот на МОБ, а концертот е во 20,30 на отворено на Плоштадот Филип Втори
Значи - ќе се видиме на концертот[DOUBLEPOST=1403336196][/DOUBLEPOST]Нека Ве загрижува дождот што утринава паѓа во Скопје
Метеоролошката прогноза е дека дождот попладнево ќе ослаби, а вечерта наполно ќе престане
http://www.ilmeteo.it/meteo-europa/Skopje
 
Последно уредено:
Како си поминавте вечерва на свечаното отварање и гала концертот?
Еве го Офенбах - Хофмановите приказни - Баркарол
http://www.youtube.com/watch?v=is0Lb4cj_3c
за 22 јуни има две вести за Вас
1. Kонцерот види музика, слушни книга ... е одложен за понеделник
http://www.vecer.mk/default.asp?ItemID=4B8FA2034B197949A268E40605D8665D
2. за 22 е највен концерт на Оријенталниот ансамбл на http://www.youtube.com/watch?v=2Cpbyt75pPA
Хусни е виртуоз на кларинет. Колку што разбрав свират џез и рок со ориентални звуци. Еве како звучи:
http://www.youtube.com/watch?v=2Cpbyt75pPA
Според програмата почеток е во 21 часот во Македонскиот народен театар
Вечер ги најавува како музички ѕвезди од Турција
http://www.vecer.mk/default.asp?ItemID=A00F1CE6E0EC044BB7E99400047B7D41
 
За 23. 07. , на Скопско лето се најавени, од 20 часот до 24 „ Метаморфоза “ на повеќе локации ќе ликови уметници ќе прикажуваа свои дела
во 21 часот, театарска представа „ Сомнително лице “ во продукција на Албанскиот театар од Скопје - Плоштад Сендер-бег
Да Ве подсетам, вечерва во 21 часот, во Градскиот парк ќе се одржи Види музика, слушни.....
vidiMuzika-550x320.jpg
 
За 25. 06 - предвидена е представата Сината Птица од Морис Метерлинк, во Македонскиот народен театар. Почеток во 20 часот
Морис Метерлинк е добитнк на Нобеловата награда во 1913
http://mk.wikipedia.org/wiki/Морис_Метерлинк
Премирата на оваа представа, во МНТ, е одржана на 18 мај 2014
http://www.telegraf.mk/kultura/scen...sinata-ptica-od-meterlink-premierno-na-18-maj
Драмата Сината птица е напишана 1908. По неа се снимени филмови, цртани филмови и компонирана е опера
http://en.wikipedia.org/wiki/The_Blue_Bird_(play)
 
За 26.06 на програмата е интересен настан. Во 20,30, во Даут пашин аман концерт на Гарф Пеин
Се работи за маестро и професор кој се занимава со дигитална музика и е светски познат
http://en.wikipedia.org/wiki/Garth_Paine
Еве како звучи:
http://www.youtube.com/watch?v=OLvBaPVoA58
 
За 27 јуни предвидено е отварање на изложба на слики и скулптури на тројца ликовни уметници од Босна и Херцеговина.
Отварањето ќе биде во 21 часот во Музејот на Град Скопје ( Стара железничка )
За утре 28 јуни е предвиден голем настан
Премиера на операта Боеми во 20 часот
Еве кој настапува:
Џакомо Пучини

,,Боеми,,

Премиера



Диригент: Џузепе Сабатини (Италија)

Режисер и Сценограф: Лев Пулиезе (Италија)

Асс.режисер: Трајко Јордановски, Љупка Јакимовска, Игор Пармаковски

Костимограф: Ајшеѓул Таниркан ( Италија)

Концерт-мајстор: Костадин Богданоски

Асс.Хор мајстор: Јасмина Ѓорѓеска, Ѓурѓица Дашиќ

Корепетитори: Елена Сиљаноска, Јанинка Невчева, Андреја Наунов



Настапуваат:

Родолфо: Салваторе Кордела (Италија)

Мими: Џесика Роуз Камбио(САД)

Марчело: Алесио Потестио (Италија)

Шонар: Итало Проферише (Италија)

Колин: Мауро Корна (Италија)

Мuзета: Анџела Низи (Италија)

Беноа: Пиетро Навиља (Италија)

Алчиндор: Пиетро Навиља (Италија)

Парпињол: Јане Дунимаглоски

Стражари: Јане Дунимаглоски и Димитар Кожухаров
http://mob.com.mk/boheme-link
..................................................
Ова настан на сезоната и сигурно ќе има многу заинтресирани да ја погледаат
Затоа побзајте да си обезбедите влезници
 
Наредните два настани се театарски представи
29. јуни, во 21 часот, во Куршумли ан - Чија си, продукција Драмски театар Скопје
30 јуни, во 20,30 во Драмскиот театар, Буре барут гостување на Театарот од Прилеп
 
Представата Буре барут е одложена за во среда 2 јули, почеток во 20,30 ќе се одржи, не во Драмски, туку во Центар
http://cooltura.mk/?p=50870&utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%d0%be%d0%b4%d0%bb%d0%be%d0%b6%d0%b5%d0%bd%d0%b0-%d0%b1%d1%83%d1%80%d0%b5-%d0%b1%d0%b0%d1%80%d1%83%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d0%ba%d0%be%d0%bf%d1%81%d0%ba%d0%be-%d0%bb%d0%b5
За 1 јули, балетска представа „14 часа “, во 21 часот МОБ
За 2 јули концерт на Биг бенд на МРТВ 21 часот во Сули ан
Ова ме интересира
Биг бенд оркестарот одамна не е тоа што беше, но таква музика ретко имаме можност да проследиме.
Еве една нивна нумера:
http://www.youtube.com/watch?v=6YdOoRdXNKU
Мислам дека ќе се сложите со мене, досегашната програма на Скопско лето беше под просек. Да се надеваме дека во наредните денови ќе видиме нешто по интересно
 
Како Ви се допадна вечерашниов концерт на Биг бендот на МРТ?
Мене ме одушевија....Мислам дека ова беше настан на ова Скопско лето Иако времето на свингот , одамна помина убаво е нешто вакво да се слушне, со модерни композиции.
Во денешно време насекаде повторно заживуваат биг бенд оркестрите и се пишуваат аранжмани за нив. Биг бендот на МРТ е составен од млади музичари , така да нивното време доаѓа.

За 3 јули во
20,30, под Камениот мост- фолколор - КУД Никола Карев од Австралија
21 часот отварање на изложба на слики на Адријана Радевска во галерискиот простор на НЛБ Тутунска банка

Од љубезните организатори на Скопско лето, добив билтен за програмата до 10. 07, во кој има повеќе информации, па повелете погледајте
 

Attachments

За 4 јули е најавено:
Во 11 часот во Сули ан, звучна инсталација на д-р Роберт Саздов
Во 20,30 Театарска представа „ Корекција ’ - гостување на Малиот Драмски театар од Битола

За 5 јули има интересна програма
Во 21, настап на Танец на полоштадот Филип втори
Во 20 часот во Мала станица изложба на фотографии -Денови на македонската фотографија
Јас ќе одам на оваа изложба
 
За 6 и 7 два интересни концерти
На 6- ти, во 21 часот во Сули ан, концерт на германската група Вронгконг

На 7 - ти во 20,30 во Даут пашин аман - Тио академико
а во 21 - Музејот на Кинотека, домашниот филм, Собата со пиано
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom