Од ова сигурно не е настаната поплавата. Оваа куќичка водата едноставно ќе ја однесе и нема да има пречка
Поплавата настанал од тоа што нема атмосферска канализација. Кога нема канализација, водата се движи по улиците, ако се големи дождови улуците стануваат речни корита низ кој тече огромна количина на вода.
Тоа го имаме и во Скопје. При големи, поројни дождови во Скопје од Водно се слеваат огромни количества. Затоа пред да надојде, таа вода во Градот, пред да влезат се градат канали кои водата ќе ја одведат до Вардар. Такви канали постојат и денес паралелно со улица Водњанска, во Козле, во Припор и во Тафталиџе
Каналите во Припор и Тафталиџе одамна не се во функција. Во Козле и паралелно со улицата Водњанска делумно постојат но и тие во долниот дел се затрупани.
Што значи, ако и во Скопје дојде до големи поројни дождови и Скопје ќе биде поплавено, бидејќи реки вода ќе се слеваат од Водно, право во Скопје.
Втора мерка е пошумување. Шумата ги задржува поројните води. Водно беше целосно пошумено но урбаната мафија исече огромна површина шума и таму направи згради.н А на видеото кое ти го постираше се гледа дека не е пошумено
Што значи одговорноста е на тамошните и овдешните општински лешинари, кои само гледаат како нешто да дрпнат и да стават во џеп.
Немој, те молам, да ги спомнуваш Ромите како виновници за се и сешто. Тоа е „навика“ од Хитлер и црева ми се првртуваат кога ќе слушнам нешто слично
За да се извиниме на нашите браќа и сестри Роми, еве за сите нас една ромска песна која ја пее Светлана Тома
http://www.youtube.com/watch?v=9bI8Sw0B4pM