Натпревар #9 - Тема: Архитектура [ГЛАСАЊЕ]

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Фото натпревар #9 - гласање


  • Вкупно гласачи
    107
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Замокот Бран (Дракула) - Романија :)
67621_1542350450607_5429687_n.jpg


пази муабетов xD со романскиве замоци :D
 
+1 за langelina сите останатикомпозиции се веќе видени ... во потесен избор влегоа и kocka (премногу мала фотографија одличен концепт) и leandra (премногу деформирана слика од noise и знаме во преден план кое доаѓа до израз премногу) :)
 
Ја гласав за Лангелина. Се двоумев помеѓу нејзе и коцка оти сакам блек анд вајт фото, али се одлучив за Лан, оти не е стандард(иако повеќе е модерн арт скулптура) ко целина ми се допаѓа...Едино нешто што не ми се свиѓа на мојата слика a и на сликата на бебуш е глупата сенка пола слика темна пола светла, мојава шарена. Али то е...

ПС. И уште никој не гласал за мене :confused:!?
 
Мое мислење за фотографиите, прво да кажам за мојата, таа е меѓу првите мои фотографии кои ги направив на почетокот на мојата посериозна кариера. Памтам и како и кога и каде е сликана, спуштен апарат на земја без да гледам во сцената, направив 3-4 фотки и ова ме бендиса. Ме бендисува необичноста на фотографиите, неочекуваност... повеќето од поставените на тема, ги има доста во многу слични облици, голем дел се фотки од претежно познати градби и од претежно познати агли се сликани. Убави се но ... некако вепчаток на дежаву ми се повеќето, така да барав мојот глас да го дам за нешто што прв пат го гледам, неколку пати поминав угоре удолу... и се решив за @коцка (башка чупе е и сакам да оставам дојам на господин со сериозни намери).
И таа градба ја имав видено по разноразни фотографии, али мислам дека од овој агол не, така да малце ме освежи, имаше и неколку други 9да не споменувам имиња) кои беа пооригинални али некако .. слабо фатени дали сценски дали технички.... и не ми оставија толку силен впечаток.
 
За коцка! (y)
Ми се допаднаа многу и на Лет3 и на Ивањушка, ама на коцка ми е прфект! Плус и у сепија е :)
Мојата е внатрешнста на една универзитетска библиотека. Повеќе ги сакам сецесиските градби, ама бев на еден настан таму, и кога се свртев, останав зашеметена . Штета што не можев да фатам од подолу, ќе беше поубава, ама ми влегуваа луѓе во кадарот...
 
Јас гласав за @bebush. Ми се допадна аголот и деталите на архитектурата. Мој совет, со малку фотошоп небото мжело да изгледа подраматично и сликата да биде уште подобра :)
 
:)

ПС: Бебушов пак ќе не исплеска сите, a? :)))
Зависи колку фотки има испратено во пп, иначе да си има талент за сликање ( посебно селфи )

Иначе си гласав за Љондрата не му се разбирам многу многу од слики али ме радуе ко мало дете :D
 
Последно уредено од модератор:
Ко шо гледам, на оваа тема најмогу гласови освои @leandra и аутоматски таа стана и победник !
Така да од неа очекуваме следна задача


ПС
Ко ти велев да се спанџаме сега ќе си имавме една мала интимна прослава ...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom