За серијалов (конкретно за 1-3) имам измешани чувства. Ми се допаѓаат старите филмови, кои не се (според мене) до толку комерцијално изнасилени и во кои го нема Х. Кристенсен. Лукас, секако не без причина, се прослави со оваа трилогија, која го исфрли и Форд на холивудската површина. Низ поновите интервјуа Лукас кука колку било тешко да се испорачаат сите специјални ефекти и сета таа костимографија во тој технолошки заостанат период, колку мал буџет имал и колку бил притискан од продуцентите. Според него, сегашниов технолошки развој му овозможил, во полн сјај, целосно да го прикаже замисленото.
Сепак, новата тројка, ми се чини,и покрај денешната технолошка револуција и речиси неограничениот буџет, ја нема онаа магична привлечност на првите три филма. Преамбициозна е, прешарена, неизбалансирана. Но од друга страна, сепак беше добро да се видат некакви продолженија, кои си имаа и некои добри моменти. Иако не премногу.
Некои филмски критичари, игнорирајќи ја основната цел на филмот да пружи забава, прилично неубедливо ги обвинуваат Спилберг и Лукас за масовно затупување на филмската публика, при што потенцираат дека некои нивни големи филмови (серијалов, Е.Т., „Блиски средби...“) доста придонеле за снижување на очекувањата на гладачите, посебно кога станува збор за СФ, за разлика од Ридли Скот (Блејд Ранер) или Џ. Камерон (Алиен, Терминатор 1,2) и др.
За мене 4-6 остануваат едни од оние убави филмови кои на некој начин го одбележаа и го разубавија моето детство, а новите претставуваат само едно прилично бледо потсетување на претходните.