Се пробуди вулканот во Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата Sungerot Bob
  • Време на започнување Време на започнување

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Возраст
34
Локација
Гостивар
Денес се пробудил вулканот во Охридско кој стотици години не бил активен.

Жителите во тој предел се исплашиле од чадот кој излегувал од вулканот и имал силен мирис на сулфур.

Еве и информации...:)

http://press24.mk/se-probudi-vulkan-vo-ohrid-izleguva-dim-pozharnikarite-na-teren
 
Првпат слушам дека вулкан таму има...
Има во близина на селото Косел,сигурно ништо страшно туку овие Канализација 5 и Шител намерно така известуваат само за да добијат на гледаност.
 
Озбилно не знам што со медиумите овие денови, бомбастични наслови, брејкинг њуз, тикерче оди цел време на екранот за вондредни вести и тоа за глупости. Сигурно ситуацијта со Косел не е ни приближно таква како шо вика насловот.

Или пак за утре, се највавува некое невреме, но така апокалиптично се сервира веста, мислиш којзнае каков дожд ќе падне, иако со оглед на канализациите бедни по државата нема да ме чуди пак ако за пола саат врнење гледаме исти слики како пред некој ден.
 
Има во близина на селото Косел,сигурно ништо страшно туку овие Канализација 5 и Шител намерно така известуваат само за да добијат на гледаност.
Абе... знам само кога минувам таму дека ужасно смрди... а дека има вулкан до сега врска немав.
 
Еве што за вулканот во Косел вели МК Википедија
Сулфатарата “Дувало” претставува активна поствулканска појава која се наоѓа во непосредна близина на селото Косел, недалеку од Охрид. Има изглед на минијатурен кратер со пречник од 0,5 м и длабочина од 30 см. Од отворот избиваат гасови на јаглен диоксид и сулфур водород заради што оваа појава во исто време е и мофета и сулфатара. Претставува последен знак на изумирање на некогашна вулканска активност.Сулфатарата Дувало во Косел е поствулканска појава една од ретките од ваков вид во овој дел на Европа. Со самиот ваков карактер сулфатарата преставува природен феномен, поради што во 70-тите од страна на Собранието на Општина Охрид добила статус на природна реткост. Упатените сметаат дека коселскиот “вулкан“ недоволно е искористен и наместо туристичка атракција, тој денес претствува депонија.

„Косел во поранешна Југославија се учеше во учебниците по географија за основно образование како ретка геолошка појава, опишувана како единствениот активен вулкан на Балканот. Всушност, станува збор за раседна пукнатина, или пукнатина во подлабоките слоеви на земјата од која на земјината површината избиваат гасови од подлабоките слоеви. Тоа е последица од вулканската активност што се случувала на територијата на денешна Република Македонија пред еден,два или пет милиони години, за која сведочат некои ридови во Кумановско-кратовскиот регион. Станува збор за уникатна појава, можеби единствена на Балканот од тој вид, иако такво нешто има и во Романија. Значи, од научен аспект, ова не е вулкан - туку пукнатина од која излегуваат гасови. Тука немало излевање на магма на површината“ - д-р Драган Калчаковски, професор на Институтот за географија на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Kosel_vulkan_2.JPG

Kosel_vulkan_1.JPG

kosel-vulkan.jpg

47489987.jpg


http://mk.wikipedia.org/wiki/Косел
 

Attachments

  • upload_2014-5-29_0-18-23.jpeg
    upload_2014-5-29_0-18-23.jpeg
    10 KB · Прегледи: 14
Кратеров застрашувачки изгледа...пола метро
 
ГоспоТ златен на помош, аххх леле тешко нас:vozbud:
 
Ајјјј
http://www.ohridnews.com/vesti/70668
Инаку, дел од медиумите информацијата за зголеменото испуштање чад од коселскиот вулкан ја пренесоа со сензационалистички наслови, што внесе вознемиреност кај граѓаните.
Шуќур нешо паметно да напишат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom