- Член од
- 7 август 2010
- Мислења
- 3.518
- Поени од реакции
- 5.385
Помина и оваа сезона со многу различни емоции!
Пред сѐ ќе биде запаметена како последна на капитенот Франческо Тоти. Се знаеше дека ќе дојди овој ден. Навистина жално за секој навивач на Рома, а посебно за тие што поради него почнаа да навиваат за Рома. Ќе остане запаметен како човекот, кој во овој ненормален фудбалски свет успеа да му оддолее на парите и остана верен на својата прва и единствена љубов. Го победи модерниот фудбал во време кога е невозможно да се победи.
Кој сака што сака нека каже, ама беше почитуван од многу пријатели и противници. Денес милиони солзи се на негова сметка не само од навивачите, туку и од неговите соиграчи.
Се надевам ќе ја прифати директорската позиција, којашто му ја понудија од клубот, бидејќи знае како диши клубот, ги знае слабите точки и може мн. да придонесе во напредокот на клубот.
Втора работа сезонава ја обележа донесувањето на Мончи за спортски директор во клубот. Потег за поздравување, ако се има предвид неговиот успех со Севиља, но пред да го величиме мора да почекаме да видиме како ќе се снајде тука.
Трето е Џеко, кој е прв стрелец во Серија А и во ЛЕ. Човекот сезонава се препороди. Се разбира дека не реализира зицери, ама сѐ тоа не се забележува толку кога имаш 40 гола во сезона и над 10 асистенции. Спалети го врати од мртвите.
Инаку Спалети утре или задутре си дава оставка. Човекот освои 87 бода (рекорд), но ги изгуби најважните натпревари сезонава. Од една страна му даде стабилност на екипата, а од друга страна пораз од Порто за влез во ЛШ, пораз од Лацио во полуфинале од куп, пораз од Лион во ЛЕ и на крајот ја доведе екипата после поразите од Лацио и Наполи да решава директен пласман во ЛШ во 90 минута. Рече дека оваа екипа е најдобра екипа која некогаш ја тренирал. Рече дека ако не освои трофеј ќе си замини од Рома и очекувам да си го одржи ветувањето. Има некои свои фудбалски филозофии, но е тврдоглав и не дава шанса на повеќе фудбалери.
Од утре почнуваат шпекулациите за наредната сезона. Се надевам Мончи ќе си ја заврши добро работата летово. Пред сѐ мислам да ги задржи најдобрите.