Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
25 години го пратам клубот, не се сеќавам дали некогаш е била вака жална ситуацијацијата како што е сега. Прво беше тензична, премина во хаотична, ама сега е ЖАЛНА, ова мислам дека е врвот.
Можеби сезоната 2004/05 беше нешто слично кога на две кола до крај Рома и Лацио во римското дерби одиграа "пријателска" нерешено за да спасат гз од испаѓање, на крај Лацио заврши два бода над зоната за испаѓање, а Рома 3 бода над зоната, навивачите си ги бараа парите од картите...

Кој сака тренер нека дојде нема да го оправи овој тотално неизбалансиран тим, само нека гледат да не заглават(договор на 3-4 години) со некој што ќе зима огромна плата а ништо да не смени
Автоматски споено мислење:

Пред недела дена ангажираа специјален психолог да го дигне моралот на играчите.
Денес испадна фотографија од новиот психолог, по фацата изгледа на него ќе му треба психолог после една недела во клубот

IMG_1700.jpeg
 
Последно уредено:
25 години го пратам клубот, не се сеќавам дали некогаш е била вака жална ситуацијацијата како што е сега. Прво беше тензична, премина во хаотична, ама сега е ЖАЛНА, ова мислам дека е врвот.
Можеби сезоната 2004/05 беше нешто слично кога на две кола до крај Рома и Лацио во римското дерби одиграа "пријателска" нерешено за да спасат гз од испаѓање, на крај Лацио заврши два бода над зоната за испаѓање, а Рома 3 бода над зоната, навивачите си ги бараа парите од картите...

Кој сака тренер нека дојде нема да го оправи овој тотално неизбалансиран тим, само нека гледат да не заглават(договор на 3-4 години) со некој што ќе зима огромна плата а ништо да не смени
Автоматски споено мислење:

Пред недела дена ангажираа специјален психолог да го дигне моралот на играчите.
Денес испадна фотографија од новиот психолог, по фацата изгледа на него ќе му треба психолог после една недела во клубот

Прегледај го приврзокот 434892
Братов во фацава е како да е вратен од фронт во Газа или во Украина и ко да изгледал којзнае какви грозотии и масакри.
 
Клаудио Раниери Ранко нов тренер на Рома до мај..
Го сакам човеков се гледам себе си во него..прав навивач (y)
 
Нов пораз овој пат од Наполи 1-0 ..
Следи Тотенхем па Аталанта..
Резултатите ќе дојдат нема уште да тонеме но нема ништо спектакуларно нешто да направиме во серија А..Нема ни ЛК да фатиме озбилно побегнаја сите конкуренти..Евро куп може да заработиме единствено преку купот ако го освоиме,АКО ГО :(
ЛЕ може би биле таму негде во завршница ама смешно е сега да кажеме дека ќе идеме атак на тој куп..секој веќе не гледа со потсмев а ривалите ни одат без респект во двобој..
Годинава ќе оди жртва што ќе оди барем да расчистат со некои играчи и ако може да се извади некој нов Писили од школата..Од сега мора да знаат што на лето..Луѓе ајде Аталанта знаеме во каква шема се гледајте една Виола каде е..Лацио ? Па поскап играч од 10/15 мил незнам дали купиле летово..Севкупно ако потрошиле колку ние Довбик што го плативме а каде се они ? Буквално со анонимуси од Данска,Белгиска лига си газат поштено..Нити стратегија имаме нити ништо..Одговорност мора да сноси некој од челните луѓе а со нив и сенаторите Брајан,Лоренцо,Џанлука кој се рак рана на оваја Рома..
 
Buona giornata Romanisti !!!!

Одамна не нема на темава што поради лошите резултати на почетокот на сезоната,што поради хаосот до отказот на Јурич..
Ајде вака откако дојде Ранко во Рома имаме само 3 порази во калчото на 14 натпревари..Првите натпревари со Аталанта и Наполи за нешто подоцна и пораз од Комо каде што и не бевме толку лоши за пораз..
Екипата се крена после новата година каде се бележат одлични резултати..
Во Европа лигата поминавме преку потешкиот пат во разигрување и тоа противник кој мноогу ни должеше ,Порто..
Порто беше надигран во секоја смисла..Мала надеж имаја со црвениот картон на Драгао кој го заработи Кристанте но и таму остана тимот непоразен и ако имаше апла домаќинско судење..
Следен противник во Европа ни е Атлетик Билбао,незгоден противник кој и тие кренаа форма..Повторно домаќини после септемвриските 1:1 на олимпико..

Во купот сме елиминирани од Милан на Сан Сиро после храбрата борба..Горк пораз,надежите ни беа преку купот да фатиме Европа следната година..

Како надежите згаснаа преку купот за излез во евро куповите така Рома се крена на едно шампионско ниво во серија А..
Screenshot_20250225_124858_Flashscore.jpg

Некоја нова Рома под водство на Ранко..
Ама некој ќе рече лесен распоред и незнам што..Па Рома беше на 2 бода во ноември месец од 18то место кое води во серија Б а сега сме на -2 бода од 6-тата Фиорентина, место кое води во Европа..
Пишувавме ние тука на форумот и новините како еден Хумелс седи на клупа ,Коне кој играше повремено ,блед Паредес, Анхелињо што изгледаше како некој бек од Зрињски и итн..
Сега сите овие играчи се главни адути на Рома и носители на играта предводени од Дибала..
Сите играчи живнаа еден Челик што есеноска не би фатил место во Умраниеспор ене го сосема солидни натпревари игра на позиција стопер во 3ка..
Суле почнува да се наметнува што може многу да значи за овој тим во иднина и да се надоградува овој тим околу него..
Балданзи како и Суле крева форма , влага во дуел игра ,проигрува,опасен во 16тник..
Има надеж дека може да се извлече нешто од оваа сезона но мора како до сега секој натпревар да се игра како финале..
Прво незгодниот Комо во недела а потоа Билбао во четврток..

Негде налетав на вест се спомнува Гасперини за можен тренер на Рома од летово..Не го сакам како личност ( има јадено трици против Рома) ,за резултати има човекот..
Ја би Ранко да остане уште 1 сезона па да се иде на посигурна варијанта од тренер и исклучиво да биде Италијанец а не некој си Французи..
Секако може Клоп зошто да не :icon_lol:
 
Рома - А.Билбао 2 : 1

Магична ноќ во Рим.. Каква магија беше она синоќа на Олимпико ???
62.540 навивачи а би било и 70+ да не е онаа тампон зона кај гостинските навивачи.. 62 илјади навивачи нешто повеќе од 35 илјади црвено-жолти знамиња..Олимпико грмеше !!!!
Доволен показател беше и видеото од гостинскиот сектор каде еден навивач ја пееше химната на Рома..
img_1_1741371688952.jpg

Малку околу играта..
Првото полувреме заслуживме минимално водство преку Довбик кој се лизна во 16терец а имаше отворен шут..Другата шанса преку Дибала пречка..Имаше и Билбао некоја шанса за гол, но не толку како овие на Рома..
Второ полувреме 0-1 студен туш на Олимпико..Но Рома брзо реагираше и за 6 мин. Анхелињо на асистенција на Челик погаѓа за 1-1 ..
Кога сите помисливме толку одиме од 0-0 на Сан Мамеш ,Сале го проигрува Шомуродов и ете 2-1 во 94' мин.

Кого да издвојим од овие 15 момци ? Па незнам..Сите ама баш сите се за висока оценка..Ако морам еве Челик од мене..Човекот асистираше ,имаше спринт во 85 мин каде од гол до гол трчаше мислиш Кафу влегол во него..Друго веќе подолго Челик пружа одлични партии назад во 3ка..
Кристанте изигра исто така за пофалба.Рат водеше на средината..
Дибала е магија..
Балданзи и Соуле допрва ќе се брусат..
Писили се наметнува се понаша како долго време да игра во А тимот..
Ренш гризе,овој ама баш ни се погоди..
Анхелињо кој не можевме да го смислиме со Челик есеноска сега веќе ни е главен шеф на левата страна..

Но ако некој е најзаслужен за оваа хемија за оваа страст за конекцијата меѓу навивачите и играчите тоа е големиот Ранко..Направи од едни очајни фудбалери вистински волци и фајтери..Да вртат натпревари да не паѓаат психички и кога губат..
Како со Комо така и вчера ,Ранко ги погоди измените и истите тие донесоја гол и победа..Кој мадиња ги има човеков да го остави на клупа Коне кој е моторот на екипава и Салемакерс ? Браво маестро немам што друго да кажам..
Кога сме кај Сале ,Милан се попедерчи па од усмено договорените 10 сега бараат 20 на лето за истиот играч ! Дајте им ги 20 и нека се гонат тие пари ќе се извадат со Абрахам кој ќе фати патот за Англија..

Следи Емполи во недела од 18ч а в четврток второто полувреме на Сан Мамеш..Мора да ги распореди силите Ранко а во Баскија фајтерска борба и напнатост..Нема да биде лесно улогата на фаворит нека биде на нивна страна ,притисокот на нивна страна а и самите навивачи таму ќе грмат знаејќи дека финалето би се играло токму во Баскија..

Форца Рома !!!
 
нека трепка ова тука за најјаките фанови у свет и за најдобрата атмосфера на стадион :cool:

IMG_3311.jpeg

тука после првата минута слушајте, незнам како би звучело ова на стадион без атлетски патеки:vozbud:
 
Братов во фацава е како да е вратен од фронт во Газа или во Украина и ко да изгледал којзнае какви грозотии и масакри.
Комотно можеш кафе да му свариш на фаца од што е зажарен.
 
Кој сака тренер нека дојде нема да го оправи овој тотално неизбалансиран тим, само нека гледат да не заглават(договор на 3-4 години) со некој што ќе зима огромна плата а ништо да не смени
Автоматски споено мислење:

Како бе кој сака, како така сум зборел :D

IMG_3370.jpeg
 
Ne iskreno I jas pisav deka sme umrena ekipa
Ne vervav ich vo Ranieri ama me razubedi..deka imame igraci imame ..deka da ne bese glupio eksperiment so juric ke bevme 3-4 mesta pogore ke bevme..da fatime evropa nov trener so 1/3 zasiluvanja ke bidime top drugata godina
 
Комотно можеш кафе да му свариш на фаца од што е зажарен.
Колку и да е смешно тажно е. Неговава фаца кажува како изгледа мобинг и стрес на работно место со полуписмени колеги и пациенти.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom