Натпревар #8 - Тема: Храна [пријавување]

  • Креатор на темата Креатор на темата bebush
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Локација
Скопје
Илијадници теми ми прошетаа низ мисливе, но сепак ја одбрав храната. Поопшта тема, за да можат повеќе кајганџии, љубители на фотографијата, гурмани, инстаграмџии you name it, да учествуваат со нивните фотографии. Епа бујрум нова задача за нареднава недела! :)

Да се потсетиме:

1. Кајгана-фото натпреварите пред се' претставуваат игра и занимација и се наменети за поттикнување на креативноста на членовите на форумов кои се љубители на фотографијата. Имајте на ум дека тука не се доделуваат никакви парични и материјални награди (освен ако не биде наведено поинаку), па затоа не ги сфаќајте премногу сериозно и при срце прогласувањата за „надобар фотограф“ :);

2. Фотографиите со кои членовите учествуваат во натпреварите мора да се лично дело и сопственост на членот кој ги објавува истите. Прикачување на туѓи фотографии се казнувава со трајна забрана за учество во натпреварите;

3. По првата зададена тема, секоја наредна тема (или тема и техника) ја задава победникот на претходниот фото-натпревар;

4. Натпреварите ќе траат една недела (7 дена). Темата се задава во недела и приемот на фотографии ќе трае се' до крајот на следната недела;

5. Секој учесник има право на учество со само една фотографија;

6. По затворањето на приемот на фотографии, се преминува на гласање за најдобрата темата фотографија (кое трае од понеделник до сабота) и прогласување на победникот на фото-натпреварот;

7. Право на гласање имаат сите членови на форумот. Стручни и нестручни.

8. Победникот на фото-натпреварот е должен од неговото прогласување (во сабота) до почетокот на следниот натпревар (недела) да смисли тема и да го постави следниот натпревар;

9. Доколку победникот на натпреварот не може да избере соодветна тема за следниот натпревар или му е потребна било каква помош околу поставувањето на натпреварот, може да ги исконтактира модераторите на подфорумот за да добие соодветни насоки;

10. Иако димензиите на фотографиите не се битни, сепак, обидете се да се придржувате до непишаните правила за естетика и прикачувајте фотографии со соодност кој е лесно виднив на форумов. На пример, ширина од најмногу од 1600px.

ПРИЈАВУВАЊЕ И ПРИКАЧУВАЊЕ - БИТНО:
- Пријавените фотографии мора да се прикачени во ГАЛЕРИЈАТА;
- Потоа, на темата се објавува BB кодот од сликата, кој може да го добиете со кликнување на опцијата „Сподели“, кој се пастира во темата:

(ќе добиете нешто вакво)
Код:
[URL=http://forum.kajgana.com/gallery/photos/ryan-giggs.3219/][IMG]http://forum.kajgana.com/data/photos/l/3/3226-1392885657-b5c996ace7d91cda75e5344ad08a10c0.jpg[/IMG]
Ryan Giggs[/URL] by [URL=http://forum.kajgana.com/gallery/authors/acid.1/]Acid[/URL] on Кајгана форум

Мислам дека нема потреба да го ставам ова како посебна точка од правилата, ама за сите што се во недоумица: Да, дозволени се било какви фотографии направени со било каква опрема. DSLR, компактен, идиотче, мобилен телефон, пазарски филм апарат, компир... Не е битно, фотоапарат си е фотоапарат. И да, дозволена е манипулација на фотографиите во пост-продукција, дозволено е користење на Photoshop, Lightroom или било која друга апликација за обработка на дигитална или аналогна фотографија.
 
Последно уредено:
Не ти е правилно прикачена фотографијата (пробај со подолу кодот што е (подолг)
Со последниот код пробав најдолгиот, се е прикачено во галерија, незнам што е работава ама ?

абе се извинувам грешка сум копирал линкот :D:D
http://forum.kajgana.com/gallery/photos/М-1.6491
Фала за помошта. :)
и да знаеш дека е тешко. мене ми требаа 3-4 обиди да направам како треба, и пак тоа благодарение на ацид по ПП. но како и да е, ќе научиме, нели? :D
Исто со 3-4 обиди ево сега проработи, успеав некако да ја прикачам.

Фала за помошта колеги :)





М-1
by M-1 on Кајгана форум[DOUBLEPOST=1401025591][/DOUBLEPOST]
 
@Let 3 Дај префрли другиве мислења во темата за дискусија, вака не ништо не личи..
 
@kazioX , фотографијата МОРА да ти е прикачена во кајгана галерија и од таму споделена за да учествува во натпреврот.
Вака поставена нема да ја има на гласањето
 
@kazioX , фотографијата МОРА да ти е прикачена во кајгана галерија и од таму споделена за да учествува во натпреврот.
Вака поставена нема да ја има на гласањето
Во галеријата ми е, уште не научив како да ја споделам изгледа.

Едит: Средено е сега.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom